vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 35 (триесет и петта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 35 (триесет и петта) седница на Советот на Општина Струга, за 23.05.2024 година (четврток) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од триесет и трета седница на Советот на општина Струга.

– Записник од триесет и четврта седница на Советот на општина Струга.

  1. Годишна сметка за 2023 година на СОУ „Нико Нестор“ – Струга.
  2. Годишна сметка за 2023 година на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  3. Квартален извештај за прв квартал од 2024 година на Општина Струга.
  4. Финансиски извештај за работа на прв квартал 01.01-31.03.2024 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  5. Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за 2023 година.
  6. Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-фаза II“ во 2023 година.
  7. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2023 година.
  8. Квартален извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ -Струга за прв квартал 01.01.2024-31.03.2024.
  9. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“-Струга, за период од 01.01. до 31.03.2024 година.
  10. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа, за период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година.
  11. Решение за разрешување на член на училишен одбор на СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга.

Материјали од седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).