Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 35 (триесет и петта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 35 (триесет и петта) седница на Советот на Општина Струга, за 23.05.2024 година (четврток) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од триесет и трета седница на Советот на општина Струга.
– Записник од триесет и четврта седница на Советот на општина Струга.
- Годишна сметка за 2023 година на СОУ „Нико Нестор“ – Струга.
- Годишна сметка за 2023 година на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
- Квартален извештај за прв квартал од 2024 година на Општина Струга.
- Финансиски извештај за работа на прв квартал 01.01-31.03.2024 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
- Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за 2023 година.
- Годишна сметка на Центар за развој на југозападен плански регион за Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-фаза II“ во 2023 година.
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2023 година.
- Квартален извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ -Струга за прв квартал 01.01.2024-31.03.2024.
- Извештај за работењето на ЈП „Комунално“-Струга, за период од 01.01. до 31.03.2024 година.
- Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа, за период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година.
- Решение за разрешување на член на училишен одбор на СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши
