vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 50 став 1 точка 13 и 16 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ“) бр.5/02), а во врска со член 10 од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ.„бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18, како и  “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19 и бр.14/2020 и бр.151/2021),  како и член 88 став 3 од Статутот ( Службен гласник на Општина Струга бр.2/18 и 10/19), Градоначалникот на Општина Струга го донесе следното:

УПАТСТВО

За работното време на вработените во општинската администрација на Општина Струга

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

    Со ова упатство се утврдува распоредот на работното време и начинот на евидентирање на полното работно време, како и начинот на евидентирање на полното работно време, работата преку полното работно време, користењето на паузи и одмори и отсуство на вработените во општинската администрација на Општина Струга ( во натамошниот текст: администрација).

Член 2

 Одредбите и правилата од ова упатство се однесуваат на вработените на неопределено време, работниците со статус на привремено вработување и работници ангажирани по основ на договор за дело.

Член 3

  Распоредот на работното време и начинот на евидентирање на полното работно време и отсуството од работа се утврдува во согласност со Законот за административни службеници и Законот за работни односи.

II. Распоред на полното работно време

Член 4

 Работното време во траење од 40 часа неделно, распоредено е во пет работни дена од седмицата, односно од понеделник до петок во траење од 8 часа дневно, како полно работно време.

Работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.

Градоначалникот на општината може со посебна одлука да воведе летно работно време и зимско работно време.

За поголема ефикасност при електронската евиденција за доаѓање и одење од работа, за започнување на работното време се смета периодот на регистрирање на вработените од 08:00 до 08:15 часот, а за завршување на работното време се смета периодот на регистрирање на вработените од 16:00 до 16:15 часот.

Вработените во администрацијата се должни работните обврски да ги вршат ефикасно и навремено во текот на полното работно време.

Член 5

 Работното време на главен чувар-портир ( одговорно лице) започнува во 07:30 часот, а завршува во 15:30 часот.

Работното време на работниците-хигиеничари е во две смени.

Првата смена започнува во 07:00 часот, а завршува во 15:00 часот.

Втората смена се остварува во работно време од 13:00 до 21:00 часот.

Член 6

 За време на дневното работно време вработените паузата по правило ја користат во периодот од 11:30 до 12:00 часот.

Вработените од членот 5 став 2 на ова упатство во првата смена  паузата ја користат во периодот од 10:30 до 11:00 часот, а во втората смена од 17:00 до 17:30 часот.

Член 7

 За користење на пауза надвор од зградата на општината, вработените се должни при излегувањето и влегувањето во зградата да извршат електронско евидентирање.

Користење на паузата во периодот надвор од утврдениот термин одобрува непосредно претпоставен државен службеник.

Паузата може да се користи надвор од утврдениот термин поради извршување на неодложни работни задачи во периодот на траење на паузата.

III. Вршење работа преку полното работно време

Член 8

  Работа преку полното работно време ( во натамошниот текст: прекувремена работа), се извршува во случаи на исклучително зголемување на обемот на работа, траењето на седниците на Советот и работните тела, како и потребата од итно изготвување на акти и други материјали.

За вршење на прекувремена работа одлучува раководителот на секторот, односно раководителот на одделението.

Вработениот е должен да врши прекувремена работа врз основа на писмен налог од раководителот на секторот, односно на одделението, одобрен од секретарот на општината ( во натамошниот текст: секретарот).

За потребата од прекувремена работа на раководителите на сектори одлучува секретарот.

За извршената прекувремена работа вработените од ставовите 3 и 4 на овој член се должни да водат евиденција врз основа на писмениот налог и да ја чуваат истата три месеци по остварувањето на правата утврдени во член 92 од Законот за административни службеници, како и членовите 9 и 10 од ова упатство.

Член 9

 Вработениот кој бил ангажиран да работи прекувремено ( за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон и работа подолго од полното работно време) има право на онолку слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран за работата надвор од редовното работно време.

Слободните часови, односно денови од тековниот месец вработениот ги користи до крајот на наредниот месец, по месецот во кој бил ангажиран.

Слободните часови, односно денови вработениот од членот 8 став 3 на ова упатство ги користи по дадено одобрување на раководителот на секторот, односно на одделението и согласност на секретарот, а вработениот од членот 8 став 4 на ова упатство ги користи по одобрување/согласност на секретарот.

За користење на слободните часови, односно денови вработениот поднесува барање и во прилог кон барањето го доставува работниот налог.

Член 10

 Доколку на вработениот не му се обезбеди користење на слободни часови, односно денови во согласност со членот 9 на ова упатство му се исплатува додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.

За вработениот од членот 8 став 3 на ова упатство додатокот на плата се исплатува по одобрување на раководителот на секторот, односно на одделението и по дадена согласност од секретарот на општината.

За вработениот од членот 8 став 4 на ова упатство додатокот на плата се исплатува по одобрување/согласност на секретар.

IV. Начин на евидентирање на работното време

Член 11

 За евидентирање на полното работно време, дневната пауза и прекувремена работа се води електронска евиденција.

Електронската евиденција се врши лично и е задолжителна за сите вработени по кој било основ согласно со закон.

Електронската евиденција која се врши за друго вработено лице, односно еден административен службеник за друг е забранета.

Постапувањето на забранетиот начин опишан во ставот 3 подлежи на дисциплинска одговорност и изрекување дисциплински мерки согласно закон.

Раководителите на секторите вршат континуиран увид во електронската евиденција во текот на целиот работен ден.

Одделението за информатичка технологија им овозможува на раководителите на секторите, односно на раководителите на одделенијата континуиран увид во електронската евиденција за вработените во нивните сектори, односно одделенија.

Вработениот кој во одреден ден не поседува картичка за електронско евидентирање е должен своето доаѓање или одење од работа писмено да го евидентира кај раководителот на секторот.

Електронската евиденција за користење на дневната пауза ќе се врши согласно со дадените насоки, исто како за доаѓање и одење од работа.

Член 12

 Евидентирањето на отсуствата ( боледување, користење на годишен одмор, службено патување, стручно усовршување, платено и неплатено отсуство), раководителот на секторот, односно на одделението или лице овластено од раководителот на секторот се должни да ги ажурираат секој ден, преку софтверот за евиденција на работното време согласно со дадените насоки.

Член 13

 Раководителот на секторот, односно на одделението врз основа на листингот од електронската евиденција, изготвуваат месечни прегледи за отсуство на вработените во секторот.

Во прегледите се евидентираат отсуствата од работа во тековниот месец поради неспособност за работа поради заболување или повреда ( во натамошниот текст:боледување), користење на годишен одмор, службени патувања, стручно усовршување, платени и неплатени отсуства.

Ставовите 1 и 2 на овој член  се однесуваат и на раководителот на одделение кој раководи со одделение што важи како посебна организациона единица во администрацијата.

Член 14

 Прегледите за отсуства потпишани од страна на раководителот на секторот, односно на одделението преку архивата се доставуваат до секретарот на општината и до Одделението за управување со човечки ресурси најдоцна до 25 ( дваесет и петтиот ден) во тековниот месец.

Раководителот на секторот/ одделението одговара за веродостојноста на прегледот за отсуство.

Член 15

 Раководителот на секторот е должен за вработените во секторот покрај електронското евидентирање на прекувремена работа да води и писмена евиденција за прекувремената работа.

Раководителите на сектори, односно одделенија, покрај електронското евидентирање на прекувремената работа,  водат и писмена евиденција за прекувремената работа. Прекувремената работа од ставовите 1 и 2 на овој член се евидентира во Прегледот за користење слободни часови, односно денови на вработените кои се ангажирани после работното време и во Прегледот за исплата на прекувремена работа на вработените кои се ангажирани после работното време.

Член 16

 Раководителот на секторот, односно одделението врз основа на листингот од електронското евидентирање, изготвува преглед за ненавремено доаѓање и одење од работа, како и за користење на дневната пазуа подолго од утврденото време во тековниот месец за вработените.

Прегледот од ставот 1 на овој член кон кој се приложува листингот од електронското евидентирање, раководителот на секторот, односно одделението го потпишува и одобрено од секретарот на општината се доставува до Секторот за финансиски прашања, најдоцна до 10 (десеттиот ден) во тековниот месец за претходниот месец.

Член 17

  Ненавремено доаѓање на работа во определеното време или одење од работа пред истекот на работното време, како и користење на дневната пауза подолго од утврденото време преставува дисциплинска неуредност.

За истото непосредно претпоставениот државен службеник го известува раководителот на секторот, односно секретарот на општината.

Член 18

 Поведението од членот 17 на ова упатство што претставува дисциплинска неуредност подлежи на дисциплинска одговорнот согласно закон врз основа на чие докажување во дисциплинска постапка на вработениот, сторител на дисциплинската неуредност му се одбива соодветен износ од платата во согласност со закон.

Член 19

 Заради службени потреби, непосредно претпоставениот државен службеник на вработениот му издава писмено одобрение за излегување од зградата на општината.

Вработениот во одредено време во текот на работниот ден, заради итни и неодложни потреби надвор од работните обврски може да отсуствува од работа со писмено одобрение од раководителот на секторот, односно одделението кое го потпишува и вработениот кој ќе отсуствува од работа.

За раководителите на сектори важи пропусницата потпишана од секретарот.

За отсуство од работа од ставот 2 на овој член на вработениот му се одбива соодветен износ од платата согласно со евиденцијата од прегледот.

Прегледот за отсустност заради итни и неодложни потреби надвор од работните обврски, заедно со пропусниците за излегување од зградата на општината во текот на работното време се доставува до Секторот за финансиски прашања од раководителот на секторот, одобрен од секретарот, најдоцна до 10 ( десетти)  во тековниот месец за претходниот месец.

V. Годишен одмор

Член 20

 Годишниот одмор вработените го користат во согласност со планот за користење на годишен одмор.

Годишниот одмор вработените можат да го користат и во друг период согласно со Законот за работни односи, а во согласност со потребите на општината.

Годишниот одмор може да се користи во два дела и повеќе делови во договор со секретарот и раководителот на секторот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели, односно десет работни дена.

На вработениот да му се обезбедува искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Вработениот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови кои што самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести секретарот на општината и раководителот на секторот, односно одделението најдоцна три работни дена пред користењето.

Повозрасен работник има право на уште три работни дена годишен одмор.

Член 21

 Барање за користење на годишен одмор во случаите од членот 21 на ова упатство се поднесува во два примерока до секретарот преку архивата, пет дена пред денот кога почнува користењето на годишниот одмор.

Барањето се поднесува по претходно добиено одобрение од непосредно претпоставениот административен службеник.

Барањето за користење на денови од прекинат годишен одмор се поднесува во два примерока до секретарот, преку архивата, пет дена пред денот кога почнува користењето на деновите од прекинатиот годишен одмор. Барањето се поднесува по претходно добиено одобрение од непосредно претпоставениот административен службеник.

VI. Платен одмор

Член 22

 Вработениот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:

1.За склучување на брак 3 дена;

2.За склучување брак на дете 2 дена;

3.За раѓање или посвојување на дете 2 дена;

4.За смрт на сопсружник или дете 5 дена;

5.За смрт на родител, брат, сестра 2 дена;

6.За смрт на родители од сопружник 2 дена;

7.За смрт на дедо или баба 1 ден;

8.За селидба на семејство од едно во друго место 2 дена;

9.За селидба на семејство во исто место 1 ден;

10.За прв училишен ден на прваче 1 ден;

11. За полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот или за сопствени потреби 3 дена;

12. За елементарни непогоди 3 дена

Деновите на платениот одмор од ставот 1 на овој член по сите наведени основи во овој член не може да изнесуваат повеќе од седум работни дена.

Барање за користење на деновите од ставот 1 на овој член се поднесува во два примерока до секретарот, преку архивата. За случаите од точките 1,2,3,8,9,10 и 11 на овој член барањето се поднесува три дена пред денот кога почнува користењето на деновите.

Вработениот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа два последователни работни дена за секое давање крв.

Барањето за користење на денови по основ на крводарителство се доставува преку архивата до секретарот на општината во два примерока.

Член 23

 Вработениот кој отсуствува од работа поради боледување и во други случаи во согласност со прописите од здравственото осигурување го известува непосредно претпоставениот административен службеник за отсуството во рок од 24 часа од моментот на спреченоста.

Доколку од објективни причини вработениот не може да ги извести непосредно претпоставениот државен службеник е должен тоа да го стори по престанувањето на причината.

Член 24

 Вработениот е должен извештајот за боледување да го достави на увид до раководителот на секторот, односно на одделението, а во рок од три дена од денот на продолжување со работа да го предаде во Одделението за управување со човечки ресурси.

Одделението за човечки ресурси прегледот на извештаи за времена неспособност за работа го доставува до Секторот за финансиски прашања, најдоцна до 25 ( дваесет и петтиот датум) во тековниот месец.

VII. Неплатено отсуство

Член 25

 Вработениот може да отсуствува од работа без надоместок на плата согласно со закон.

Барањето се поднесува во два примерока до секретарот на општината преку архивата, а по претходно одобрување на непосредно претпоставениот административен службеник.

Член 26

 Ова упатство влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 15 февруари 2022 година.

Упатството ќе биде објавено на огласната табла, како и на веб страната на Општина Струга.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).