vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е
за свикување 16 (шеснаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 16 (шеснаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 10.11.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Ребаланс на Буџетот на општина Струга за 2022 година.
  2. Финансиски извештај за работа на трет квартал 01.07-30.09.2022 година, за ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  3. Иницијатива за изработка на УПВНМ со намена поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија на КП бр.207/5, КП бр.270/2, КП бр.271/1, КП бр.270/1 и КП бр.207/12 во КО Ложани, Општина Струга.
  4. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на ДУП во УЕ 1, дел од Блок 7, Општина Струга .
  5. Предлог – Одлука за престанок на користење и пренесување на право на сопственост на движна ствар.
  6. Предлог – Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на Општина Струга за 2023 година.
  7. Предлог – Програма за поддршка на локалниот економски развој 2023 година.
  8. Предлог – Програма за активностите на Општина Струга во областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи за 2023 година.
  9. Предлог – Програма за работа на Одделението за соработка со месните заедници за 2023 година.
  10. Предлог Статутарна Одлука за измена на Статутот на општина Струга.
  11. Предлог – Одлука за определување на „Еден ден без возила“ во Општина Струга за 2022 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материjaли од 16-та седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).