vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Список на економските оператори кои ќе работат за време на полицискиот час

Список на економските оператори кои ќе работат и ќе вршат достава на прехранбени производи, храна, лекови и други производи за време на полицискиот час овој викенд и во понеделник.

Кликнете за да ја преземете листата

Средба меѓу шефот на кабинетот г-дин Дашмир Насуфи и началникот на ОВР Струга г. Дритан Ајро

Денес во просториите на Општина Струга се одржа средба меѓу шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Дашмир Насуфи и началникот на ОВР Струга г. Дритан Ајро, каде се дискутираше за досегашните мерки во врска со посебниот режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно забраната за движење во текот на полицискиот час. Началникот на ОВР, г-дин Ајро најави дека досега мерките се почитуваа, граѓаните се покажаа дека се совесни граѓани и дека мора да продолжат да ги почитуваат мерките како досега за да може оваа состојба да заврши што е можно поскоро.

На средбата беа донесени следниве заклучоци:

1. Сите економски оператори (маркети, ресторани или други) кои ќе вршат достава на храна и имаат потреба од дозвола за движење за време на забраната за движење, од петок до вторник (17-21 април), да достават барање до Општината најкасно до 16.04.2020, 10:00 часот.

2. Сите земјоделци, фармери и градежни работници кои имаат потреба да ги извршат своите земјоделски актвиности за време на забраната за движење треба да се пријават во Општина Струга, или во ОВР, со цел да бидат евидентирани.

3. Лицата со попреченост можат да излезат надвор и да се движат од 11:00 до 13:00 часот во сабота и недела, со придружник, а во работните денови од 19:00 до 20:00 часот. Овие лица нема потреба да вадат дозвола за движење, туку со себе треба да имаат наод или решение кое ја докажува попреченоста.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Известување

Во денешниот состанок на Општинскиот кризен штаб во врска со досегашната состојба предизвикана од КОВИД-19, со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните се донесоа следните :

З А К Л У Ч О Ц И

1. Да се известат сите маркети и ресторани на територијата на Општина Струга, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на забраната за движење во текот на викендот (Великденските празници).Истите задолжително мора да испратат барање до Оперативното тело на Општина Струга, на шалтер во просториите на општина Струга најдоцна до 15.04.2020 (Среда) до 09 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 (пет) вработени лица (доставувачи) од маркет, ресторан, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема. Маркетите и рестораните кои ќе можат да работат, ќе бидат објавени на web страната на општина струга.

2. Да се продолжи со дезинфекција на јавните површини (улици, тротоари, кејови и др.јавни површини каде има движење на граѓани)како во градот така и во населените места на територијата на општина Струга.

3. Да продолжат да се почитуваат мерките и препораките на Владата и Министерството за здраство, како што беа почитувани до денес.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Известување

На 36-та седница на Владата на Република Македонија, која што се одржа на 07.04.2020 (вторник), се донесоа неколку одлуки во врска со полицискиот час за време на викендот.

• Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Северна Македонија.

• Согласно оваа одлука, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператори/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела.

• Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

За оваа цел, Кризниот штаб на Општина Струга во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Сите економски оператори / маркети/ мораат да достават барање до Општината за да добијат дозвола за движење во текот на полицискиот час за време на викендот.
Формуларот за барање ќе го најдете на шалтер, утре од 8:30 до 13:00 часот.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Бујар Османи во посета на Струга и сeло Лабуништа

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денес во улога на главен координатор на штабовите на единиците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) заедно со заменик. министерот за здравство г-дин Арменд Арслани, Претседателот на Комисијата за заразни болести ја посетија Општата болница во Струга каде одржија средба со дел од претставниците на Координативниот совет на Општина Струга, односно со директорот на Струшката општа болница г. Мухамед Асани и шефот на кабинетот на Општина Струга, г. Дашмир Насуфи.

На средбата се дискутираше за моменталната состојба предизвикана од СОВИД 19, новите случаи, зголемувањето на бројот на случаи, преземените мерки и новите мерки кои би можеле да се преземат во наредните денови.

Вицепремиерот Османи пред медиумите изјави дека Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки во врска со движењето на граѓаните на Република Северна Македонија, кои го ограничуваат движењето на граѓаните во текот на неделата и за време на викендите и порача дека иако ситуацијата е под контрола, сега е време да бидеме уште повнимателни и да ги почитуваме препораките за социјална дистанца и лична хигиена.

Претседателот на Комисијата за заразни болести др. Жарко Караџоски рече дека мерката за полицискиот час се однесува на целата територија на Република Северна Македонија и дека засега нема посебна рестриктивна мерка за селото Лабуништа.

Заменик министерот за здравство г.Арменд Арслани изјави дека мерките се преземаат врз основа на истражувањата на епидемиолозите кои постојано се на терен, потенцираше дека мора да се внимава затоа што се бориме со непознат непријател и за да се избегне зголемување на бројот на случаи, треба да се освестиме и дека препораките морат да се сфатат сериозно.

После средбата во ОБ Струга, вицепремиерот Османи заедно со претставниците на Координативниот совет на Општина Струга продолжија во Лабуништа каде одржија средба со месната заедница на Лабуништа со цел да се дискутира за досегашната состојбата и за да ги информираат за новите мерки кои беа преземени врз основа на мислењата на епидемиолозите. Вицепремиерот Османи апелираше на комуникација помеѓу локалниот штаб и населението, за да нема простор за паника туку да се почитуваат препораките.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Известување

Почитувани граѓани на Општина Струга,

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со Координативниот совет на денешната средба разговараа за економските потешкотии предизвикани од КОВИД 19. Cо оглед на тоа што многу семејства се во изолација и не се во можност да заработат или немаат никакви приход, се одлучи да им се помогне на семејствата кои имаат потреба од социјална помош, доделувајќи им пакети со храна. На иницијативата на градоначалникот се приклучија и неколку локални бизниси кои изразија подготвеност да помогнат.

Сите граѓани кои имаат потреба од ваквата помош, јавете се на директорот на ЈП Водовод и Канализација Струга Јетон Шаќири, на бројот 078 500 151.

Заедно ќе успееме.
#седидома #спасиживот

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Долгоочекуваниот вест за почеток на преговорите со Европската унија

Почитувани граѓани,

Во овие тешки денови, би сакал да ја споделам со вас радоста за долгоочекуваната вест за почеток на преговорите со Европската унија. Денес сме поблиску од кога било досега до долгоочекуваната иднина, до остварување на целите и соништата за кои работевме толку многу години.

Се надевам дека наскоро ќе добиеме уште подобри вести.

Бог да ве заштити вас и вашите семејства.

Со почит,
Градоначалник на Општина Струга
Д-р Рамис Мерко

A K T V E N D I M Për konvokimin e mbledhjes së 39 (tridhjetë e nëntë ) të Këshillit të Komunës së Strugës

      Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување  39 (триесет и девета) седница на Советот на општина Струга

 

 

Ја свикувам 39 (триесет и деветата) седница на Советот на Општина Струга, за

13.03.2020 год. (петок) со почеток во 13:оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

 

Седницата ќе работи, по следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Годишна Сметка на Буџетот на општина Струга за 2019 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА

Претседател,

Ресул Каба

 

Материали од 39-ма седница

 

Општина Струга потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски

Вчера градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски г.Горан Сугарески, со цел да се обезбедат средства за изградба и поправка на локални патишта, како и на друга патна инфраструктура.

Проектот ќе се финансира со средства од Светска Банка, каде што 70 илјади евра ќе им се доделат на околу 80 општини, врз основа на проектите и потребите на општините.

Општина Струга успеа да обезбеди околу 1.1 милиони евра за финансирање на општинсиките проекти, односно за реконструкција и изградба на локалната патна инфраструктура за периодот 2020-2024 година.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга