vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Објавување барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на општина Струга,

ОБЈАВУВА

Барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола

            До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со Уп.бр.12-6006/1 од 06.10.2026 година.

Подносител на Барањето: ТДГИУ КОНДРИ ИНЖИЊЕРИНГ ДООЕЛ, с. Велешта, Струга.

Приоритетна дејност: 41.20 – Изградба на стамбени и нестамбени згради

Локација на инсталацијата : Бетонска база во с. Долна Белица КП. бр.1/2 КО Долна Белица и Сепарација надел од КП. бр. 1826 КО Велешта – Вон град

Контакт Лице: Урим Кондри

Категорија на инсталацијата:

Согласно Уредбата, Прилог 2. Точка

3.2 – Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини,

3.3 – Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата.

Целокупната документација, содржината во Барањето, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 13.11.2026 година до 27.11.2026 година на www.struga.gov.mk.

ОПШТИНА СТРУГА  
Градоначалник, 
Менди Ќура

Решение за свикување 7 (седма) вонредна седница на Советот на Општина Струга

         Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19,  11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.4/18), Претседателот на Советот на Општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 7 (седма) вонредна седница на Советот на Општина Струга

            Ја свикувам 7 (седмата) вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 13.11.2026 год. (петок) со почеток во 14:00 часот, во големата сала на Советот на Општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог-Измена и дополнување на Буџетот на Општина Струга за 2026 година.

Материали од 7(седма) вонредна седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Oдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план(К.П. 584/3 и дел од К.П.578/3 К.О.Радожда)

Oдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на К.П. 584/3 и дел од К.П.578/3 К.О.Радожда со намена А4-времен престој, А4.7- традиционални куќи за потребите на туризмот (селски,планински,езерски) Општина Струга, со тех бр 28/20П од  септември 2026 изработен од ПРО-ИНГ 2026 ДООЕЛ. Гостивар.

Решение

Урбанистички проект

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година

Врз основа на Мерка 2, точка 2.5. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/40 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирањето опфаќа поддршка на културни, едукативни и промотивни активности кои придонесуваат за создавање услови за основање, развој и афирмација на приватни музеи и уметнички галерии.

Таквите активности можат да вклучуваат организирање изложби, културни настани, едукативни програми, промотивни кампањи и иницијативи за афирмација на културното наследство и современата уметничка продукција.

На тој начин субвенционирањето би помогнало во поттикнување на нови иницијативи, создавање инфраструктура и интегрирање на приватните музеи и галерии во културниот и туристичкиот живот на општината.

Целта е да се обезбеди промоција на туризмот, афирмација на културното наследство, поттикнување на креативноста и збогатување на целокупната културна понуда на Струга како туристичка дестинација.

2. Право на учество:

Право на учество имаат сите музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, доколку ги исполнуваат условите од Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост за 2026 година.

3. Намена на средствата:

Средствата се наменети за поддршка на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост кои преку својата дејност придонесуваат за зачувување, презентација и афирмација на културното наследство и современото уметничко творештво во Струга, а воедно претставуваат значаен сегмент од туристичката понуда и фактор за развој на културниот туризам.

За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на субјектите од точка 2 изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

За остварување на правото за добивање субвенција согласно Правилникот, музеите и уметничките галерии во приватна сопственост кои ја вршат дејноста на територијата на Општина Струга  барањето заедно со потребната документација го доставуваат на шалтерот на општинската администрација на Општина Струга, секој работен ден од 08.00 часот до 16.00 часот.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар,
  • Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
  • Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со музеологија, ликовна уметност или културна промоција,
  • Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на културата (изложби, поставки, програми),
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 27 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА Бр.01/2026 -За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга

И С П Р А В К А НА О Б Ј А В А  Бр.01/2026

За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга

О Б Ј А В А Бр.01/2026 – За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга

О Б Ј А В А Бр.01/2026
За отуѓување на градежно земијште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во КО Струга
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 год.

Врз основа на Мерка 2, точка 2.4. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/39 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 год.

1. Предмет на поддршка:

Заради промоција на Општина Струга како туристичка дестинација, со посебен акцент на развој на туристичките услуги и професионализација на дејноста туристички водичи, придружници и туристички водичи на планина, се предвидува доделување субвенции согласно Правилник, за 2026 година.

2. Право на учество:

Право на учество имаат сите физички лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, доколку ги исполнуваат услови од Правилникот за субвенционирање на физички лица за добивање лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за давање туристички услуги на територијата на Општина Струга за 2026 година.

3. Намена на средствата:

Субвенциите имаат за цел да обезбедат финансиска поддршка на физички лица кои се стремат кон стекнување лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, со што се поттикнува зголемување на квалитетот на туристичките услуги, унапредување на безбедноста на туристите и промоција на културното и природното наследство на Општина Струга.

Преку оваа мерка се создава основа за развој на професионален кадар во областа на туризмот, кој ќе придонесе за подобрување на имиџот и одржлив развој на туристичката понуда на Струга.

За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на субјектите изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, придружник и/или туристички водич на планина, за 2026 година,  барањето заедно со потребната документација го доставуваат на шалтерот на општинската администрација на Општина Струга, секој работен ден од 08.00 часот до 16.00 часот.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање (пополнет образец) за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија,
  • Доказ за завршено образование (диплома или свидетелство),
  • Доказ за запишување во високообразовни институции за туризам и угостителство, заради полагање испит за добивање лиценца за туристички водич/придружник/водич на планина (доколку се запишале)
  • Потврда за познавање на странски јазик,
  • Потврда од Основен суд Струга дека лицето не е осудувано за кривични дела кои би влијаеле на вршењето на дејноста,
  • Друга документација (потврда или референции за претходни активности во делот на водење туристички групи).

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 27 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга

Врз основа на Мерка 2, точка 2.3. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се  интересни заради промоција на туризмот на Струга за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/38 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, а се интересни за промоција на туризмот.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица – занаетчии, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, кои се занимаваат со  одредени занаети (рачна изработка на производи или услуги што бараат специфични работни вештини), се дел од еснафи (здруженија на занаетчии), а нивната работа е поврзана со туризмот и збогатувањето на туристичката понуда на Струга како туристичка дестинација.

3. Намена на средствата:

Средствата се наменети за поддршка на занаетчиите кои, преку своите традиционални ракотворби, ја отсликуваат културната историја и идентитетот на заедниците во Струга, претставуваат значајни носители на културното наследството, а нивните уникатни производи истовремено придонесуваат како атрактивна туристичка понуда и како важен фактор за развој на локалната економија. За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Средствата за субвенционирање на физичките лица-занаетчии се обезбедни во буџетот на Општина Струга за 2026 година, во Програмата Г2-Општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите.

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица – занаетчии изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање, за 2026 година.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица – занаетчии, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар (дејност: занаетчии),
  • Копија од потврда од упис во Занаетчиска комора,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 25 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година

Врз основа на Мерка 2, точка 2.2. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/37 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот за 2026 година

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот, за 2026 година.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).

Правото на субвенција може да го остварат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други лица наведени во член 3 од Правилник, доколку ги исполнуваат условите по тој правилник.

3. Намена на средствата:

Субвенциите се наменети за поддршка на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои активно се ангажираат во организирање и водење туристички групи на планина, преку спроведување на програми, активности и проекти што придонесуваат за:

  • зголемување на туристичката понуда во областа на планинскиот туризам и авантуризмот,
  • промоција на безбедни и одржливи практики при водење групи,
  • едукација и обука на туристички водичи и учесници,
  • развој на инфраструктура и логистика потребна за планински активности,
  • поттикнување на соработка меѓу локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и приватните иницијативи.

На овој начин, Општина Струга обезбедува системска поддршка за сите субјекти кои со својата работа директно придонесуваат за афирмација на планинскиот туризам и за позиционирање на Струга како современа авантуристичка дестинација.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 200.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање за субвенционирање,
  • Копија од лична карта на барателот,
  • Копија од трансакциска сметка на барателот на субвенција,
  • Копија од тековна состојба од Централниот регистар,
  • Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
  • Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
  • Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
  • Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
  • Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 20 ноември 2026 година, од 08:00 до 16:00 часот.

НАПОМЕНА:

Доколку субјектите кои се наведени во точка 2 од овој јавен оглас, како баратели на субвенција, во текот на 2026 година користеле средства по основ на други огласи или постапки, нема да им се одобри барањето за субвенционирање, односно ќе се одбијат.

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.

Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи

Врз основа на Мерка 2, точка 2.1. од Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, донесена во Советот на Општина Струга  бр.08-1410/9 од 13.03.2026 година и Правилникот за субвенционирање на таксата за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територија на Општина Струга за 2025 година, донесен од Советот на Општина Струга, под бр.08-6288/36 од 28.10.2026 година, Одделението за туризам на Општина Струга објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи

1. Предмет на поддршка:

Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2025 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи, а кои се категоризирани со решение на Општина Струга.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи кои се категоризирани на територијата на Општина Струга кои уплатиле такса за привремен престој од 01.01.2025 заклучно со 31.12.2025 година.

Правото на учество на овој јавен повик се докажува со уплатница/извод од банка за извршената уплата на средства на сметка на Општина Струга.

3. Намена на средствата:

Со цел поддршка на угостителските капацитети за сместување туристи на територијата на Општина Струга, особено на физичките лица кои даваат услуги за сместување туристи, Одделението за туризам предвидува враќање на таксата за привремен престој (туристичка такса) директно на овие субјекти кои во 2025 година ја имаат уплатено горенаведената такса.

4. Износ на средства за враќање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи е 60% од вкупниот износ на уплатените средства на сметка на Општина Струга (на име: комуналната такса за привремен престој, уплатна сметка 840-165-03205, приходна шифра и програма 717111-00)

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи кои уплатиле такса за привремен престој (туристичка такса) во 2025 година на сметка на Општина Струга, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен на шалтерот на општинската администрација.

6. Потребни документи за аплицирање:

  • Барање
  • Доказ  за платена такса (уплатница/извод од соодветна банка на уплата)
  • Трансакциска сметка за физичките лица

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 18 ноември 2026 година.

НАПОМЕНА:

Барањата за враќање на износот на уплатената такса за привремен престој (туристичка такса) од сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи ќе се разгледуваат поединечно, а ќе се одбијат оние кои нема да ги исполнуваат условите по овој јавен повик.

За потврда на веродостојноста на податоците за физичките лица (за уплатената такса) ќе се изврши проверка во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Јавен Повик