Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 20 (дваесетта) седница на
Советот на општина Струга
Ја свикувам 20 (дваесетта) седница на Советот на Општина Струга, за 24.02.2023 година (петок) со почеток во 13:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Записник од осумнаесеттата седница на Советот на општина Струга.
- Програма за Сектор за јавни дејности во Општина Струга за 2023 година .
- Извештај за извршениот попис на основни средства, инвентар, недвижен и подвижен имот и побарувања и обврски на Општина Струга за 2022 година.
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Струга за 2022 година.
- Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – Лабуништа за период од 01.10.2022 до 31.12.2022.
- Предлог – Одлука за утврдување на пречистен текст на Статутот на Општина Струга.
- Иницијатива за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план на град Струга за блок 7 од УЕ 1 и Измена и дополна на Детален урбанистички план во УЕ 1, дел од блок 7, Општина Струга во обединета постапка.
- Иницијатива за изработка и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.3-Семејни куќи за времен престој-викенд куќи на дел од КП бр.991/5 КО Радолишта, Општина Струга.
- Иницијатива за изработка на Урбанистички план вон населено место (УПВНМ) со намена Г2-Преработувачка и помалку загадувачка индустрија, за стопански комплекс во КО Враништа, КО Враништа-вонгр, КО Мороишта, КО Струга, Општина Струга.
- Иницијатива за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.3-Семејни куќи за времен престој на КП бр.1672/3 КО Мислешево-вонград, Општина Струга.
- Барање за финансиска помош од Елзана Бајрамоска.
- Барање за финансиска помош од Илмије Муртезаи.
- Барање за финансиска помош од Минка Ејупоска.
- Барање за финансиска помош од Агим Дика
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши