vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

О Б Ј А В А на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Доставено до: ДНЕВЕН ПЕЧАТ ВЕЧЕР Одделение за информатичка технологија  

ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ  

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,  

О Б Ј А В А  на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола  

До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр.12-3192/1 од 02.06.2026 година   
Подносител   на   Барањето:   ТДПТ ИНГ ЛУЛИ ДОО, с. Ливада, Струга. Приоритетна дејност: 23.640-Производство на малтер 
Локација   на   инсталацијата : с. Делогожда, Струга, опишана со следните координатни точки: Т-1 Y7472449 X4568897, T-2 Y7478001 X4568889, T-3 Y7478000 X4568589 и T-4 Y7478439 x4568593, со површина од 0.133904 км² 
Контакт Лице: Гајур Лога  
Категорија на инсталацијата: Согласно Уредбата, Прилог 2. Точка 3.2 Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата  Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на Општина Струга,  плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА . 

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот. 
Контакт телефон:  046 781 335
Целокупната содржина во НАЦТР Б -Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде  достапна за заинтересираната јавност во рок од 14 дена и тоа од 24.07.2026 година до 06.08.2026 година на www.struga.gov.mk.  Со почит, Општина Струга 

Б- Интегрирана еколошка дозвола
Објава

ОБЈАВУВА нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Доставено до: ДНЕВЕН ПЕЧАТ ВЕЧЕР Одделение за информатичка технологија  
ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ  Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,  

ОБЈАВУВА нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола  

До Градоначалнкот на Општина Струга доставено е комплетно барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр. 12-2372/1 од 05.05.2026 година   
Подносител  на  Барањето:  ТДПТУ НОМАС 79 ДООЕЛ увоз-извоз, подружница Каменолом НИЧЕ ТРАНС, Бороец – Струга. 
Приоритетна дејност: 08.12 –Вадење на чакал, песок, глина и каолин. Локација  на  инсталацијата  :  Бороец на дел од КП. Бр. 224/1 КО Бороец вонград, Општина Струга, со површина од 0.214532 км² 
Контакт Лице: Дијана Толеска  
Категорија на инсталацијата:            Согласно Уредбата Прилог 2. Активности на инсталации за кои е потребна Б интегрирана еколошка дозвола.  Прилог  2 точка: 3.2 -Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата 

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на Општина Струга,  плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА .  Секој работен ден од 08 – 15:00 часот. Контакт телефон:  046 781-335                                                  Целокупната содржина во НАЦТР Б – Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде  достапна за заинтересираната јавност во рок од 14 дена и тоа од 24.07.2026 година до 06.08.2026 година на www.struga.gov.mk. 

Б- Интегрирана еколошка дозвола
Објава

Известување

Општина Струга ја известува јавноста дека од
Комисијата за евалуација и бодирање на
апликации по јавен повик за доделување
финансиски средства од Програмата за култура на
Општина Струга за 2026 година се донсени две
Решенија под архивки број 22-3611/5 од
дт.17.07.2026 преку кои се поништуваат двете
претходните објавени јавни повици за
доделување на финансиски средства во областа
на културата и тоа:

Известување

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 7 (седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 7 (седма)

седница на Советот на општина Струга

            Ја свикувам 7 (седма) седница на Советот на Општина Струга, за 16.06.2026 год. (вторник) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Записник од 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга

  1. Годишен план за вработување за 2027 година во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ Струга.
  2. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Ашим Агуши“ с.Радолишта.
  3. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
  4. Предлог – Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на Општинско основно училиште „Јосип Броз Тито“ – Струга.
  5. Предлог – Одлука за разрешување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  6. Предлог – Решение за именување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  7. Предлог – Решение за именувањето на член на училишен одбор на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
  8. Предлог – Одлука за усвојување на годишен Општински Енергетски План на Општина Струга за 2027 година.
  9. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Славка Голабоска.
  10. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Сaшо Мечкароски.
  11. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Бујар Османоски.
  12. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мирослав Спироски.
  13. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Весна Јовческа.
  14. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
  15. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП.бр.2857 КО Лабуништа – вонград по барање на лицето Кујтим Ќазими од с.Лабуништа – Струга.
  17. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
Материали од 7-та седница
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Решение за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  47 став 5 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам втората седница на Советот на Општина Струга, за 10.12.2025 год. (Среда) во 12.00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
 Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог-Решение за формирање на Комисија за урбанизам,
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за општествени дејности,
  3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за јавни и комунални дејности и заштита на животната средина,
  4. Предлог-Решение за формирање на Комисија за туризам,
  5. Предлог-Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа,
  6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за соработка со НВО,
  7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за унапредување на рамноправноста помеѓу половите,
  8. Предлог-Решение за формирање на Статутарно – правна комисија,
  9. Предлог-Решение за формирање на Комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија,
  10. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за II квартал 2025 година.
  11. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за III квартал 2025 година.
  12. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за укинување на Реверс за персоналните компјутери.

материали од втора седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член
Нафи Јонузи

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известувам дека 52-та седница на Советот на Општина Струга се презакажува за 18.08.2025 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот во Салата на Советот на општина Струга.

За седницата е предложен следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од педесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран локален развоен план на Општина Струга за период 2025-2028.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за реализирање на службени патувања во Република Северна Македонија и трошоци кои се признаваат како службени.
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност за потпишување на Колективен договор.
  5. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на општина Струга за 2025/2026 година.
  6. Предлог – Програма за пречек на Новата 2026 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог Годишен план за вработување во Општина Струга за 2026 година.
  8. Предлог– Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за 2026 година.
  9. Барање од ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од 20 ученици и комбинирани паралелки за учебната 2025/2026 година.
  10. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
  11. Предлог – Одлука за обезбедување и доделување на донација на МВР, ОВР Струга.
  12. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект за вон опфат на урбанистички план со намена А4.3-Викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП бр.964/1, КП бр.964/2 КО Подгорци, општина Струга.
  13. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат за урбанистички план за изградба на објекти со намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (градба за производство на сончева електрична енергија) со капацитет до 1 MW (0,98 MW) на КП бр.1087/1 КП бр.1084/1 КП бр.1083/1 КО Долна Белица, Општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши