vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (Блок 8 од УЕ 2 )

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 20.09.2023 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1 .За Планска програма за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  1. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), се определуваат следните субјекти:
    Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3. За изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга, за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028), за чија изработка е одговорен ,, ТАЈФА АРХИТЕКТИ ДООЕЛ,, КУМАНОВО а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Струга за Блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план (ДУП) во УЕ 2, дел од Блок 8.1, Општина Струга (Плански период 2023-2028),ќе има влијание врз животната средина.

  1. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

  1. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 28 (дваесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 28 (дваесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 28 (дваесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 19.10.2023 година (четврток) со почеток во 10:30 часот, во салата на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дваесет и шестта седница на Советот на општина Струга.

  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за трет квартал 2023 година.
  2. Финансиски извештај за работа на трет квартал на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  3. Исправка на техничка грешка на Одлука.
  4. План на програми за развој – изградба на улици во Струга.
  5. Одлука за превземање на водоводна мрежа и отстапување на водоводна мрежа.
  6. Предлог – Одлука за давање позитивно мислење на Сатутот на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица.
  7. Годишен извештај за работа во учебната 2022/2023 година во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  8. Годишна програма за работа во учебната 2023/2024 година во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  9. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар.
  10. Одлука за субвенционирање на превоз на ученици.
  11. Одлука за субвенционирање на превоз на ученици.
  12. Измена и дополнување на ГУП на град Струга, УЕ 6 и дел од УЕ 6 и дел од УЕ 8, блоик 18, 19 и 23, со деталена разработка на дел од Блок 23, КО Струга, Општина Струга.
  13. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП бр.578/2, КО Лабуништa.
  14. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.506/1 и 1393, КО Долно Татеши.
  15. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.3195/2, КО Струга.
  16. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.917/4 и 1058/2, КО Заграчани Шум.
  17. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.408/3, 408/4 и 1552, КО Враништа-вон гр.р.
  18. Барање за донесување Одлука за давање на согласност за утврдување на правен статус на бесправено изграден објект на КП бр.576/1 КО Ново Село.
  19. Барање за донесување Одлука за давање на согласност за утврдување на правен статус на бесправено изграден објект на КП бр.524 КО Долно Татеши.
  20. Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.32/10, КО Струга.
  21. Предлог – Програма за пречек на Нова 2024 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори во општините Струга и Поградец

Почитувани,

Во рамките на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛТУР“, финансиран од ЕУ – IPA/2021/429-005, во врска со имплементација на предвиденaта активност Зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори во општините Струга и Поградец ќе се одржат низа на работилници за одржливиот туризам со следниве теми:

РАБОТИЛНИЦА 4: ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ИМА ТУРИСТИЧКИ БИЗНИС ВО УНЕСКО РЕГИОН- 25.09.2023г. Понеделник

РАБОТИЛНИЦА 5: ШТО Е ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ И КАКО ДА СОЗДАДЕТЕ ТУРИСТИЧКО ИСКУСТВО ВО УНЕСКО РЕГИОН- 26.09.2023г.-Вторник

Работилниците ќе се одржуваат во Сала на Совет на Општина Струга со почеток 10:00 часот.

Во прилог на овој меил, ви доставуваме покана и агенди за претстојните работилници.

За сите дополнителни прашања слободно контактираjте не.

Со почит,

ПОКАНА

АГЕНДА 25.09.2023

АГЕНДА 26.09.2023

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 27 (дваесет и седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 27 (дваесет и седма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 27 (дваесет и седмата) седница на Советот на Општина Струга, за 21.09.2023 година (четврток) со почеток во 10:30 часот, во салата на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дваесет и петта седница на Советот на општина Струга.

– Записник од дваесет и шестта седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  2. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2023/2024 година.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2023/2024 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2023/2024 година.
  6. Предлог – Заклучок за усвојување Годишнa програмa за работа на СОУ “Д-р Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  7. Предлог – Заклучок за усвојување Годишнa програмa за работа на СОУ “Нико Нестор“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  8. Предлог – Заклучок за усвојување Годишнa програмa за работа на ООУ “Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  9. Предлог – Заклучок за усвојување Годишнa програмa за работа на ООУ “Зини Хани“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  10. Предлог – Одлука за упис на постојни подрачни училишта во состав на основно училиште.
  11. Предлог – Одлука за превземање на долг за нафтени деривати за ООУ „Св. Климент Охриски“ и ООУ „Ашим Агуши“.
  12. Предлог – Одлука за превземање на долг за превоз за ООУ „Св. Климент Охриски“ и ООУ „Ашим Агуши“.
  13. Предлог – Одлука за превземање на долг за водовод и канализација за ООУ „Ашим Агуши“, ООУ „Јосип Броз Тито“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
  14. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2024 година.
  15. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за 2024 година.
  16. Предлог – Решение за разрешување член на Управен одбор во ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
  17. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.
  18. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Дебрца и Општина Струга.
  19. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Дебрца и Општина Струга.
  20. Предлог – Одлука за определување на име на улица во општина Струга.
  21. Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Струга 2023-2027.
  22. Иницијатива за изработка и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Г2.1 Индустриски згради од лесна преработувачка индустрија-Згради од лесна градежна индустрија-фабрички комплекси индустриски работилници хали за монтажа, складови, топлани, генератосрки станици и слично, погони и бази за производство на афалт и бетон на КП бр.1111/1, КП бр.1111/3, КП бр.1077/5 и дел од КП бр.1077/1 КО Мороишта, Општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на комплекс од градби со намена Г2.1-Згради од лесна гредежна индустрија на дел од К.П.960/1 К.О.Мороишта општина Струга , со тех.бр 04-49/2022 од јули 2023 изработен од “ПРО-ИНЖИНЕРИНГ” доо експорт – импорт Тетово.

Потврда за заверка

Проектна програма

Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.3-викенд куќи и други објекти за времено сместување на к.п.193 К.О.Франговo вон град општина Струга –Нацрт Извештај.

Нацрт Извештај.

Мислење

Соопштение

Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежни парцели со намена А4.3-викенд куќи и други објекти за времено сместување на К.П.1787/1 К.О.Мислешево општина Струга –Нацрт Извештај.

Нацрт Извештај

Мислење

Соопштение

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на К.П.723 во К.О. Калишта Општина Струга за иградба на Туристички комплекс од семејни куќи за времен престој –викенд куќи (намена А4.3), со тех.бр 09/2023 од јули.2023 изработен од “”ТД НЈУ ВИЖЕН” доо Охрид

Потврда за заверка

Проектна програма

Нацрт – Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животна средина за Измена и дополнување на дел од Генерален урбанистички план за град Струга,УЕ 6 и дел од УЕ 8 блок 18,блок 19 и блок 23,со детална разработка на дел од блок 18 и дел од блок 23 (обединета постапка на ГУП и ДУП) К.О.Струга, општина Струга,

Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животна средина за Измена и дополнување на дел од Генерален урбанистички план за град Струга,УЕ 6 и дел од УЕ 8 блок 18,блок 19 и блок 23,со детална разработка на дел од блок 18 и дел од блок 23 (обединета постапка на ГУП и ДУП) К.О.Струга, општина Струга,

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (УЕ4 ДЕЛ ОД БЛЛОК 15 ОПФАТ 3 Општина Струга )

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 11.07.2023година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. ЗаПланска програма Планска програма Измена и дополна на детален урбанистички план   За УЕ4 ДЕЛ ОД БЛЛОК 15 ОПФАТ 3 Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга  потребно  е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.

2. Како органи засегнати од имплементација Планска програма ЗА Измена и дополна на детален урбанистички план   За УЕ4 ДЕЛ ОД БЛЛОК 15 ОПФАТ 3 Општина Струга,  се определуваат следните субјекти:

Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3. За Планска програма Измена и дополна на детален урбанистички план   За УЕ4 ДЕЛ ОД БЛЛОК 15 ОПФАТ 3 Општина Струга,  Општина Струга, за чија изработка е одговорен    ИН – ПУМА ДОО Скопје, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма Измена и дополна на детален урбанистички план   За УЕ4 ДЕЛ ОД БЛЛОК 15 ОПФАТ 3 Општина Струга,   Општина Струга,  ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на  Одлуката на веб страна.

Формулар

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко