vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (КП бр. 193, КО Франгово,вон град , Општина Струга)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 05.07.2023 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

  1. За Проектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 193, КО Франгово,вон град , Општина Струга, кој го донесува Градоначалник на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како органи засегнати од имплементација за Проектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 193, КО франгово,вон град , Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
    Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
  3. За Проектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 193, КО Франгово,вон град , Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ,,ИН-ПУМА ,, ДООЕЛ Скопје, а го донесува Градоначалник на Општина Струга, донесувањето на урбанистички проект вон опфат урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 193, КО Франгово,вон град, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

  1. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

    Формулар

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 26 (дваесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 26 (дваесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 26 (дваесет и шестата) седница на Советот на Општина Струга, за 22.08.2023 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за втор квартал од 2023 година.
  2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2023 година.
  3. Годишен план за вработување во ЈП „Комунално“ – Струга за 2024 година.
  4. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“-Струга, за период од 01.04 до 30.06.2023 година.
  5. Финансиски извештај за работа на втор квартал 01.04-30.06.2023 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  6. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ с.Лабуништа за период од 01.04.2023 до 30.06.2023 година.
  7. Годишен извештај за работата на Основно Општинско Музичко Училиште – Струга за учебната 2022/2023 година.
  8. Годишна програма за работа на Основно Општинско Музичко Училиште – Струга за учебната 2023/2024 година.
  9. Годишен извештај за работата на ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2022/2023 година.
  10. Годишна програма за работа на ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2023/2024 година.
  11. Годишна програма за работа на ООУ „Единство“ – с.Октиси за учебната 2023/2024 година.
  12. Годишна програма за работа на ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2023/2024 година.
  13. Годишна програма за работа на ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за учебната 2023/2024 година.
  14. Годишна програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2023/2024 година.
  15. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2023/2024 година.
  16. Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2022/2023 година.
  17. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2023/2024 година.
  18. Барање за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2023/2024 година.
  19. Барање за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Единство“ – с.Октиси за учебната 2023/2024 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материjaли од 26-та седница

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (УЕ 11 блок 2 дел 1)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 13.07.2023 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

  1. За Планска програма за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план во УЕ 11 блок 2 дел 1, Општина Струга, (плански период 2022-2027), и Планска прорграма за изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Струга (2007-2017) за блок 2 од УЕ 11, Општина Струга (плански период од 2022-2032), кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  1. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Планска програма за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план во УЕ 11 блок 2 дел 1, Општина Струга, (плански период 2022-2027), и Планска прорграма за изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Струга (2007-2017) за блок 2 од УЕ 11, Општина Струга (плански период од 2022-2032), се определуваат следните субјекти:
    Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3. За изработка на Планска програма за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план во УЕ 11 блок 2 дел 1, Општина Струга, (плански период 2022-2027), и Планска прорграма за изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Струга (2007-2017) за блок 2 од УЕ 11, Општина Струга (плански период од 2022-2032)., за чија изработка е одговорен ЧИП ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план во УЕ 11 блок 2 дел 1, Општина Струга, (плански период 2022-2027), и Планска прорграма за изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Струга (2007-2017) за блок 2 од УЕ 11, Општина Струга (плански период од 2022-2032) ќе има влијание врз животната средина.

  1. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

  1. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Формулар

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известувам дека 25-та седница на Советот на Општина Струга се презакажува за 22.08.2023 година (вторник), со почеток во 09:00 часот во Салата на Советот на општина Струга.

За седницата е предложен следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од дваесет и трета седница на Советот на општина Струга.
  • Записник од дваесет и четврта седница на Советот на општина Струга.
  • Записник од втора вонредна седница на Советот на општина Струга.
  1. Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за 2024 година.
  2. Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за 2024 година.
  3. Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2024 година.
  4. Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2024 година
  5. Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
  6. Барање од Голден Фист.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  8. Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши, с.р.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известувам дека 25-та седница на Советот на Општина Струга, закажана за 28.07.2023 година, во 10:00 часот, СЕ ОДЛОЖУВА.  За новиот термин на одржување на седницата ќе бидете известени дополнително. 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 25 (дваесет и петтата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

за свикување на 25 (дваесет и петтата) седница на

Советот на општина Струга

Ја свикувам 25 (дваесет и петтата) седница на Советот на Општина Струга, за 28.07.2023 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од дваесет и трета седница на Советот на општина Струга.

– Записник од дваесет и четврта седница на Советот на општина Струга.

– Записник од втора вонредна седница на Советот на општина Струга.

  1. Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за 2024 година.
  2. Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за 2024 година.
  3. Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2024 година.
  4. Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2024 година
  5. Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
  6. Барање од Голден Фист.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  8. Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материjaли од 25-та седница

Одобрен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – лесна фармацевтска индустрија и производство на храна, кондиторски производи,безалкохни пијалоци,вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и др.на дел од КП 2829/3, 2829/25, 2829/26, 2829/27,2829/28 и на дел од 2830/1 КО Струга м.в. Попово Блато, Општина Струга, со тех. Бр. 06-03/21 од Aприл 2023 изработен од ЧИПГРОУП – Скопје

Решение

Урбанистички проект

Обуки за зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори


Во рамките на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛТУР“, финансиран од ЕУ – IPA/2021/429-005, во врска со имплементација на предвиденaта активност Зајакнување на капацитетите на туристичките провајдери и оператори во општините Струга и Поградец ќе се одржат низа на работилници за одржливиот туризам со следниве теми:

РАБОТИЛНИЦА 1: ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО УНЕСКО РЕГИОН И ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ТУРИЗМОТ – 04.07.2023г.

РАБОТИЛНИЦА 2: УЛОГАТА НА ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ И БИЗНИСИТЕ ВО РАЗВОЈ НА ОДРЖЛИВИОТ ТУРИЗАМ – 05.07.2023г.

РАБОТИЛНИЦА 3: КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР – 06.07.2023г.

РАБОТИЛНИЦА 4: КАКО СЕ КРЕИРА ТУРИСТИЧКО ИСКУСТВО? – 10.07.2023г.

РАБОТИЛНИЦА 5: РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ – 11.07.2023г.

Работилниците ќе се одржуваат во Сала на Совет на Општина Струга со почеток 10:00 часот.

Вашето учество за работилниците може да го пријавите тука.

Во прилог на овој меил, ви доставуваме покана и агенди за претстојните работилници.

За работилниците кои ќе се одржат на 10 и 11 Јули, агендите ќе ги добиете во текот на работната недела.

За сите дополнителни прашања слободно контактираjте не.

Агенда

Заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежни парцели намена А4.3- викенд куќи и други објекти за времено сместување на К.П.1787/1 К.О.Мислешево .општина Струга со тех.број 63/2023 од јуни 2023 год изработен од “Институт за урбанизам,сообраќај и екологија ” Скопје

Потврда за заверка
Урбанистички проект