vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Решение за свикување 4-та вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на општина Струга („Службен гласник на општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19,  11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на општина Струга“ бр.4/18), на барање на најмалку 1/3 од членовите на советот, Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 4-та вонредна седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам четврта вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 19.02.2026 год.  (четврток) во 11.00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Расправа по oднос на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Општина Струга во поглед на проблемите со нормалното снабдување со исправна вода за пиење.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Решение за свикување 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), по сопствена иницијатива на Претседателот на Советот, Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам третата вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 31.12.2025 год.  (Среда) во 14.05 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог – Буџет на општина Струга за 2026 година.
  2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2026 година.
  3. Предлог – Одлука за висината на благајничкиот максимум за 2026 година на сметката на општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Решение за свикување 2-ра вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  47 став 5 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), член 26 став 2 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на општина Струга„ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22), на предлог на градоначалникот, донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 2-ра вонредна седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам втората вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 22.12.2025 год.  (Понеделник) во 10.00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор на Претседател на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за урбанизам,
  3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за општествени дејности,
  4. Предлог-Решение за формирање  на  Комисија за јавни и комунални дејности и   заштита на животната средина,
  5. Предлог-Решение за формирање на Комисија за туризам,
  6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа,
  7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за соработка со НВО,
  8. Предлог-Решение за формирање на Комисија за унапредување на рамноправноста помеѓу половите, 
  9. Предлог-Решение за формирање на Статутарно – правна комисија,
  10. Предлог-Решение за формирање на Комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, 
  11. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Програма за работата на Советот на Општина Струга за 2026 година.
  12. Елаборат за проценка на штети.
  13. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за II квартал 2025 година.
  14. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за III квартал 2025 година.
  15. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за укинување на Реверс за персоналните компјутери.
  16. Заклучок за исправка на грешка.
  17. Предлог – Одлука за продажба на движен ствар – патничко моторно возило, сопственост на Општина Струга

За точките од 1 до 11 од дневниот ред, поради сеуште недонесување на акти, нема материјал.

Материали од втора седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член,
Нафи Јонузи

Решение за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  47 став 5 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам втората седница на Советот на Општина Струга, за 10.12.2025 год. (Среда) во 12.00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
 Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог-Решение за формирање на Комисија за урбанизам,
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за општествени дејности,
  3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за јавни и комунални дејности и заштита на животната средина,
  4. Предлог-Решение за формирање на Комисија за туризам,
  5. Предлог-Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа,
  6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за соработка со НВО,
  7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за унапредување на рамноправноста помеѓу половите,
  8. Предлог-Решение за формирање на Статутарно – правна комисија,
  9. Предлог-Решение за формирање на Комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија,
  10. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за II квартал 2025 година.
  11. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за III квартал 2025 година.
  12. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за укинување на Реверс за персоналните компјутери.

материали од втора седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член
Нафи Јонузи

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).

3. Намена на средствата:

Со цел промоција на Општина Струга како туристичка дестинација, со посебен акцент на развој и промоција на планинскиот и руралниот туризам во сите негови форми, а особено заради поддршка на сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои како дејност организираат и водат туристички групи на планина, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 300.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

– Барање,
– Копија од лична карта за физички лица,
– Трансакциска сметка за физичките лица,
– Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
– Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
– Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
– Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
– Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 10 декември 2025 година, од 08:00 до 16:00 часот.

НАПОМЕНА:

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.

Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Решение за свикување на прва вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на прва вонредна седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам вонреднатаседница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2025 година (Петок) со почеток во 15:15 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга.

Седницата ќе работи по следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Измена и дополнување на буџет на Општина Струга за 2025 година.
  2. Измена и дополнување на Развојни програми на Општина   Струга   за период од 2025-2027.

Развојни програми на Општина Струга за 2026-2028.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член на Совет,
Нафи Јонузи

Р ешение за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), донесувам:


Р Е Ш Е Н И Е
за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга

Ја свикувам Првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2025 год. (Петок) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Избор на Комисија за верификација.
  2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Струга
  3. Избор на Кандидациона комисија
  4. Избор на Претседател на Советот на Општина Струга.
  5. Избор на Комисија за мандатни прашања избори и именувања.
  6. Предлог – Решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

НАПОМЕНА: Избраните членови за Советот на општина Струга од локалните избори 2025 година за конститутивната седница со себе да поднесат:

  • Уверение за избран член на советот од општинската изборна комисија:
  • Лична карта или патна исправа, заради утврдување на идентитетот.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседавач,
Арбереша Влаши

Р ешение за свикување на 54 (педесетт и четврта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 54 (педесетт и четврта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 54 (педесет и четврта) седница на Советот на Општина Струга, за 10.10.2025 година (петок) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од 53-та седница на Советот на Општина Струга.
  1. Годишна програма за работа на ООУ “Ашим Агуши“ с.Радолишта за учебната 2025/2026 година.
  2. Годишна програма за работа на СОУ Гимназија “Др-Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2025/2026 година.
  3. Извештај за работа на СОУ Гимназија “Др-Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2024/2025 година.
  4. Годишна програма за работа на СОУ “Нико Нестор“ – Струга за учебната 2025/2026 година.
  5. Одлука за давање согласност за паралелки со памалку од 20 ученици комбинирани паралелки за ООУ “Гоце Делчев“ с.Јабланица за учебната 2025/2026 година.
  6. Одлука за давање согласност за паралелки со памалку од 25 ученици за СОУ “Нико Нестор“ – Струга за учебната 2025/2026 година.
  7. Одлука за давање согласност за паралелки со памалку од 25 ученици за СОУ “Др.Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2025/2026 година.
  8. Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од законскиот минимум за учебната 2025/2026 година на ООУ “Браќа Миладиновци“ – Струга.
  9. Одлука за давање согласност за за отворање на нова паралелка за ученици во второ одделение во Албанска настава поради зголемен број на ученици на ООУ “Браќа Миладиновци“ – Струга.
  10. Извештај за работа на ООУ “Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2024/2025 година.
  11. Годишна програма за работа на ООУ “Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2025/2026 година
  12. Годишна програма за работа на “Основно Општинсо Музичко Училиште – ООМУ – Струга“ за учебна 2025/2026 година.
  13. Годишен извештај за постигнати резултати во текот на учебната 2024/2025 година на “Основно Општинсо Музичко Училиште – ООМУ – Струга“.
  14. Годишен извештај за работа на ООУ “Гоце Делчев“ – Подгорци за учебната 2024/2025 година.
  15. Годишна програма за работа на ООУ “Гоце Делчев“ – Подгорци за учебната 2025/2026 година.
  16. Одлука за давање мислење на Статутот на ООУ “Свети Климент Охридски“ – с.Драслајца.
  17. Годишна програма за работа на учебната 2025/2026 година во ЈОУДГ “8-ми Март“ – Струга.
  18. Годишна извештај за работа на учебната 2024/2025 година во ЈОУДГ “8-ми Март“ – Струга.
  19. Годишна програма за работа на ООУ “Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши – Струга за учебната 2025/2026 година.
  20. Усвојување на Записник од 54-та седница на Советот на Општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши