vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Jавен надзор

               Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга.

 

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга.

 

  1. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 08.01.2019  до 07.02.2019 година. 
  2. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 01.02.2019 (Петок), во општина Струга, со почеток во 14.30 часот.
  3. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  4. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Со почит,

Општина Струга

преземете го документот

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa (УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 20.12.2018 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

1. Зa Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

 

О Б Ј А В А

Почитувани,

 

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

О Б Ј А В А

 на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

 

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 03-3796 од 22.09.2015 година.

 

Подносител на барањето:

ДООЕЛ  ,, БАУ БЕТОН

Локација „ БРАНЕНИЦА“

 

Адреса:

с.Октиси

Струга

КП бр.1668, КП бр.1669 и КП.бр.1670

 

 -Површина          P=0.2193 хектари

 

Контакт лице:

Енис Мевмедоски

Тел: 078/377903

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, Точка 3.3  Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3;

 

 

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито б.б 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335

 

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

 

www.struga.gov.mk

Со почит,

Општина Струга

Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

 

Рамис Мерко е одликуван од европскиот Комесар Д. Аврамопулос

Рамис Мерко е одликуван од европскиот Комесар Д. Аврамопулос

Денеска во просториите на Општина Струга, Градоначалникот Мерко придружен од страна на неговите соработници ги пречека и имаше состанок со поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило.

Целта на состанокот беше доделување на орденот на Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко од страна на Европскиот Комесар Д. Аврамопулос за неговиот придонес во консолидација на мирот, стабилноста и борбата против тероризмот во Балканскиот регион.

Поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило како овластено лице од Европската Унија во тек на разговорот ја изјази идејата на организирање на самитот ,, Еуро Балкански Регион,, составен од градовите Струга, Охрид, Битола, Корча и Поградец, со финасирање од ЕУ, каде овие пет градови ќе се развиваат и ќе се движат без бариери исто како во зоната на ЕУ, која ќе се иницира од страна на Градоначалникот на Општина Струга.

Градоначалникот Мерко истакна дека ова ценење ни дава мотивација за работиме уште повеќе во иднината на граѓаните на ова зона. Со работа не се губи, со работа само се победува.

Присутните ги поздрави и Преседателот на Советот г. Ресул Каба кој изрази дека треба многу труд за реализација на овој самит, но каде што има волја од сите страни, тоа ќе биде полесно и изводлива.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Објава на Б-интегрирана еколошка Дозвола (10-4031/7 )

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 и 39/16), ја издава следната

О Б Ј А В А
на Б-интегрирана еколошка Дозвола

            Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03567 од 13.02.2014 година.

 

Подносител на барањето:
ДООЕЛ  ,, ТРАНС АГ”, с.Франгово
Локација „КРАСТА“
Адреса:с.Калишта,Струга

 КП бр.706, дел од КП бр.704, дел од КП.бр.705 и дел од КП.бр.699
Координати на локацијата концесиско поле
Точка       Кордината X    Кордината Y
T -1           4.555.826         7.470.624;
T-2            4.555.803         7.470.772;
T-3            4.555.640         7.470.710;
T-4            4.555.641         7.470.682;
T-5            4.555.677         7.470.636;
T-6            4.555.728         7.470.601        

    -Површина          P=0.020849 км2

Контакт лице:
Неат Мусаи
Тел: 070/212294

 Категорија на инсталацијата:

 Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

 Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335

ПРИЛОГ

Бр. 10-4031/7
23.11.2018
СТРУГА

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Извештај за стратегиска оцена на КП 1820, КО Корошишта-Џепин

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за локална урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија (фарма за кокошки) на КП 1820, КО Корошишта-Џепин, Општина Струга

ПРИЛОГ

Јавен увид за КО Враништа и дел од КП 2828 КО Струга.

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16, 42/16/, 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка  индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 26.11.2018 до 25.12.2018 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 21.12.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 12.30 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

Бр. 10-3256
23.11.2018
СТРУГА

 

Со почит,
Општина Струга

 

Јавен увид за КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16, 42/16, 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за   Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1  КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 26.11.2018 до 25.12.2018 година. 
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 21.12.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 13.00 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Бр. 10-3871
23.11.2018
СТРУГА 

Со почит,
Општина Струга

Извештај за стратегиска оцена – КО Мислешево

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за  Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1  КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга

 

ИЗВЕШТАЈ

Извештај за стратегиска оцена-Враништа

Извештај за стратегиска  оцена на животната средина за урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка  индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга

ИЗВЕШТАЈ