vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Cross Border Cooperation (Прекугранична соработка)

Во рамките на проектот “Cooltour“ од програмата за Прекугранична соработка на ЕУ, финансиран од општиот буџет на Европската Унија, потпишан е работен договор помеѓу Општина Струга, претставувана од градоначалникот Рамис Мерко, и БВ Инѓињеринг-Битола, претставувана од Крсте Неделковски.

Станува збор за реконструкција на инфраструктурата на делот кај езерото, наречен Езерски Лозја. Овој проект има за цел модернизирање на коловозот, пешачкото шеталиште, велосипедската патека и секако вклучување на атмосферската канализација и уличното осветлување.
Проектот е еден од сегментите на општиот проект, кој со својата реализација ќе понуди многу придобивки за промоција на градот.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 за унапредување на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20) и член 11-к од Законот за пожарникарството (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 за унапредување на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста

Општината Струга има потреба од унапредување на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста за следното работно место:

1.а)-реден број 182, шифра-ПОЖ0210Б04000,назив на работно место Командир на одделение на ТПП единица, број на извршители -1 (еден);

б)-општи услови:

-кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и

– активно да го користи македонскиот јазик;

-општи работни компетенции на основно ниво:

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,

– учење и развој,

– комуникација,

– остварување резултати,

– работење со други/тимска работа,

– стратешка свест,

– ориентираност кон засегнати страни- (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју),

– раководење.

в)посебни услови:

– стручни квалификации: ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,

– работно искуство: најмалку 3 (три) години во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;.

– други посебни услови:

– сертификат за стекната квалификација пожарникар;

– сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од 3 месеци од распоредувањето на работното место, да се стекне со сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот).

г) распоред на работно време: дневно работно време- работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, 40 часовно -неделно работно време;

д) паричен нето износ на плата: 18.000,00, денари;

Кандидатот за унапредување треба да ги исполнува општите услови и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и:

  • бил оценет со оцена “А“ или “Б“ на оценувањето во годината пред унапредувањето,
  • ги исполнува работните компетенции предвидени за работното место на кое се унапредува,
  • е распореден на ниво непосредно пониско од нивото на кое се унапредува,
  • поминале најмалку две години од неговото последно унапредување, и
  • во последната година не бил казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон.

2.а)- Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на веб страната на Општина Струга, нерачунајќи го денот на објавувањето.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга, Плоштад “Мајка Тереза“ б.б. Струга.

Пријавата за вработување треба да содржи:

-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница)

– кратко мотивациско писмо;

-кратка биографија;

-изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на други посебните услови за работното место со наведување за секој услов одделно.

Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:

– Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).

– Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар ).

– Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар ).

-Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),

– Уверение за со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност,

– сертификат за стекната квалификација пожарникар,

– сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од 3 месеци од распоредувањето на работното место, да се стекне со сертификат за положен стручен испит за раководител на акција за гасење пожар и спасување на луѓе и имот, издаден од овластена институција, во спротивно му престанува вработувањето).

б)- постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите и интервју.

Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка на селекција, се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.

Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

3. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

https://www.struga.gov.mk/wp-content/uploads/2022/08/Pozharna-Scan.pdf

Р Е Ш Е Н И Е за свикување 13 (тринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување 13 (тринаесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 13 (тринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 04.08.2022 год. (четврток) со почеток во 10:30 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од единаесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга II/2022 година.
  2. Ребаланс на Буџет на општина Струга за 2022 година.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Струга за 2022 година.
  4. Предлог – Одлука задавање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорциза учебната 2022/2023година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2022/2023 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Нури  Мазари“ – с.Делогождаза учебната 2022/2023 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ „Единство“ – с.Октисиза учебната 2022/2023 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Стругаза учебната 2022/2023 година.
  9. Годишен извештај на ООУ „Нури Мазари“ с.Делогожда за учебната 2021/2022 година.
  10. Извештај за работата на ООУ„Св. Климент Охридски“ с.Драслајца на крајот од учебната 2021/2022 година.
  11. Годишен извештај за работата на ООУ „Мурат Лабуништи“ с.Лабуништа за учебната 2021/2022 година.
  12. Извештај за работата на ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга за учебната 2021/2022година.
  13. Финансиски извештај за работа за втор квартал 01.04-30.06.2022 година на ЈП „Еко Струга“ Струга.
  14. Предлог – Одлука за донесувањеДУП за УЕ 9, Блок 25,Општина Струга.
  15. Предлог – Одлука за овластување на Градоначалникот на општина Струга.

Предлог – Одлука за определување членови на Советот за склучување бракови.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 13-та седница

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОТЦЕНА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НА К.П. 584/3 И ДЕЛ ОД К.П.578/3 К.О.РАДОЖДА СО НАМЕНА А4-ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ /А4.7- ТРАДИЦИОНАЛНИ КУЌИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ТУРИЗМОТ (СЕЛСКИ,ПЛАНИНСКИ,ЕЗЕРСКИ)РАДОЖДА ОПШТИНА СТРУГА

НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ

We are Hiring! Extended Deadline 23 of May

We are hiring a team of experts based on the needs of the project “Struga & Pogradec for promoting tourism and cultural heritage – COOLTOUR”. This is a 3-year cross-border project funded by the Cross-border Programme the Republic of North Macedonia – Republic of Albania under the Instrument of Pre-accession Assistance (IPA II) allocations for 2018 – 2020 (Reference: EuropeAid/170339/DD/ACT/MK). Project Partners, besides the leader,
Municipality of Struga (North Macedonia) are Municipality of Pogradec (Albania) and the CSOs, Green Institute (Skopje, North Macedonia) and IRD&ET (Pogradec, Albania).

Act of engagement Experts COOLTOUR final

Experts ToR_Lots final

ToR Cultural Tourism Experts final

ToR Promotion_Marketing Experts final

ToR Sustainable Tourism Experts final

Terms of Reference Experts

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање градежна парцела на КП 584/3 и дел од КП 578/3, КО Радожда, со намена А4 -времен престој (А4.3-викенд куќи и други објекти за времено сместување), општина Струга

потврда за заверка

Проектна програма

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА

               Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за зголемување на капацитетот на веќе постојната градба со намена Г2.6 Други објекти од лесна и незагадувачка индустрија заведено на имотен лист бр.3550, со градби за магацински простор со намена Г4 – Стоваришта, Складови и отпади на КП 2356/1, КП 2353, КП 2350/1 и КП 2349/1 КО Мислешево вон град., Општина Струга изработен   од “ПРО-ИНЖИНЕРИНГ”– Тетово .со Тех.бр 04-04/2020-2 од јаноари  2022  година   

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за зголемување на капацитетот на веќе постојната градба со намена Г2.6 Други објекти од лесна и незагадувачка индустрија заведено на имотен лист бр.3550, со градби за магацински простор со намена Г4 – Стоваришта, Складови и отпади на КП 2356/1, КП 2353, КП 2350/1 и КП 2349/1 КО Мислешево вон град., Општина Струга., е доставено преку е-урбанизам како  број на постапка 34059 и архивски број 10-2230  од 08.06.2021.

потврда за заверка

Проектна програма

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка урбанистички проект вон граници на урбанистички план за изградба на градба  со намена А1-5 –Семејни куќи во состав на селски стопански двор на К.П. 715 КО Калишта м.в. Бузелица Општина Струга со тех број 04-15/2021 јаноари 2022 изработена од ПРО-ИНЖЕНЕРИНГ доо –Тетово   

Проектна програма за изработка урбанистички проект вон граници на урбанистички план за изградба на градба  со намена А1-5 –Семејни куќи во состав на селски стопански двор на К.П. 715 КО Калишта м.в. Бузелица Општина Струга со тех број 04-15/2021 јаноари 2022 изработена од ПРО-ИНЖЕНЕРИНГ доо –Тетово., е доставено преку е-урбанизам како  број на постапка 36352 и архивски број 10-3314  од 23.06.2021.

потврда за заверка

Проектна програма

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 43( четириесет и трета) седница на Советот на општина Струга-

Врз основа на член  2-б од Уредбата   со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба  („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 43( четириесет и трета) седница на Советот на општина Струга–

      Ја свикувам 43 (четириесет и третата) седница на Советот на Општина Струга, за  29.07.2020 год.              ( среда ) со почеток во 10,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства ( телефон  со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )  

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог- Одлука за осовање на Општинско основно Музичко училиште,

2. Решение за формирање комисија  за  подготовка за почеток со работа на  општинско основно музичко училиште,.
3. Предлог-  Одлука за  утврдување на реоните  од кои се запишуваат ученици  во основните училишта во општина Струга,

4. Предлог Одлука за определување на приоритет на проектот -Изработка на техничка документација  за замена на азбест-цементна водоводна мрежа за град Струга,
5.Барање за осовање на времена депонија за комунален отпад на ЈП „Октиси„-Октиси,

6. Извештај за работата на Одделението за соработка со  Месни заедници и заштита и  спасаување, на  општина Струга, за 2019 година,

7. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга II/2020 година.

8. Квартален извештај за работата на ЈП„Хигиена„-Лабуништра I/2020 година.

9. Одлука за измена на Одлуката за вршење општински лински превоз на патници на подрачјето на општина Струга.

10. Одлука за измена на Одлуката за вршење на авто – такси превоз на патници на подрачјето на општина Струга.

11. Извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина за 2019 година.

12. Извештај за реализација на Програмата за општа туристичка пропаганда во 2019 година.

13. Извештај за реализација на Програмата за локален економски развој за 2019 година.

14. Извештајза реализација на Програмата за еднакви можности за 2019 година.

15.Извештајза реализација на Програмата

за  одбележување значајни настани и личности однашето  културно минато за 2019 година,

16. Извештај за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација на Општина Струга за 2019 година.

17. Програма за измена на Програмата за одржување на јавната чистота на  подрачјето на  општина Струга  за 2020 година,

18. Програма за дополнување на Програмата за располагање со градежно земјиште на општина Струга за 2020 година,

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател, Ресул Каба


Материали од 43-ма седница