vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

ТППЕ (територијална противпожарна едница) Струга доби донација

Денес  ТППЕ (територијална противпожарна едница) Струга доби донација во која со средства партиципираше и општина Струга.
Камионот за противпожарната едница е финансиран од средства на општината,  додека комплетната опрема е донација од невладината организација „Скарфур“ од Швајцарија, со која општина има потпишано меморандум за соработка.
Оваа опрема ќе придонесе кон поголема ефективност на работењето на противпожарната единица и подобрување на нејзината ефикасност на терен. Општина Струга ги јакне капацитетите на  противпожарната едница се со цел поголема безбедност на граѓаните и подобра служба кон истите.
Општина Струга секогаш се грижи за своите граѓани и е постојано во нивна служба.

 

Решение за свикување осмата седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување осмата седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 8 (осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 16.04.2018 год. (Понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот (more…)

Известување

Согласно дописот добиен од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачно одделение за заштита и спасување-Струга, и метеоролошките прогнози, со кои не известуваат дека се предвидува нагло зголемување на дотокот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, и зголемување на нивото во акумулационото езеро Глобочица.
Поради тоа, се очекува  преливање на водата низ преливната шахта на браната и испуштање на водата во старото корито на реката Црн Дрим, низводно од браната,. при што се очекува поплавување на Регионалниот пат Струга-Дебар, низводно од браната каде на најнискиот дел од патот (пред с.Луково) се очекува висината  на нивото на водата да достигне околу 1 метар.
Најголемите протоци на вода се очекуваат да бидат ноќта на 31.03.2018 година, и да траат се до попладневните часови на 01.04.2018 година кога се очекува одредено стабилизарaње на истеците на вода.
Поради тоа се препорачува на граѓаните, во погоре наведениот термин,  да не патуваат по регионалниот пат Струга – Дебар, низводно од браната Глобочица.
Поради очекуваните врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч се препорачува на сопствениците на објекти во приобалниот дел од Охридското езеро да преземат мерки и активности за заштита на истите, од поплавување.

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП ИПА инвестициски грантови MSIP-IPA-NCB-078-18

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
  2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на канализациона мрежа во општина Струга
  3. Општина Струга ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на канализациона мрежа за село Франгово во општина Струга.
  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00;

Адреса: плоштад Мајка Тереза б.б.  Струга Поштенски број: 6330 Р. Македонија

Телефон: +389 (046 781 335; 781 223 Факс: +389 46 781 434

Електронска адреса: v.zupan@struga.gov.mk; info@struga.gov.mk

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Струга.

  1. 6. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 18.04.2018 година. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 18.04.2018 година.
  2. 7. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 450,000.00 МКД.
  3. 8. Адреса: плоштад Мајка Тереза б.б. Струга 6330  Архива  Р. Македонија

Со почит,

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

СОУ „Др. Ибрахим Темо„ славеше  12 години од своето постоење.

Денес СОУ „Др. Ибрахим Темо„ славеше  12 години од своето постоење. За таа цел училиштето организираше прослава за одбележување на годишнината.

На настанот свое обраќање имаше  директорот на СОУ „Др. Ибрахим Темо„, г. Шабан Хусеини кој им се заблагодари на присутните и им го честита патронатот. Градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко ги поздрави присутните и им го честита патронатот на три јазици, албански, македонски и турски.

„Младите се нашата иднина, а образованието е еден од најважните фактори во нивниот развој. Тие се иднината и за нив треба да вложиме напори да имаат што е можно подобро и побезбедно образование“ –  посочи градоначалникот

Програмата продолжи со активности кои беа подготвени од страна на учениците и професорите.

Решение за свикувањешестата седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

За свикувањешестата седница на Советот на општина Струга

а свикувам 6 (шестата) седница на Советот на Општина Струга, за 27.02.2018 год. (Вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 Записник од 5 – тата седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог –Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на буџетот на општина Струга за 2018 година,
  2. Предлог – Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар сопственост на општина Струга (задружен дом – Мислешево),
  3. Предлог – Одлука за продажба на недвижни ствари (ПМВ) сопственост на општина Струга,
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот на пописна комисија на општина Струга за 2017 година,
  5. Предлог – Одлука за барање за категоризација на регионален пат,
  6. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  7. Предлог – Одлука за поставување урбана опрема на општина Струга за 2018 година,
  8. Предлог – Правилник за определување локации за поставување на урбана опрема на општина Струга за 2018 година,
  9. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2018 година,
  10. Предлог – Одлука за ставање во мирување на Одлука за У.П. на дел од блок 1 – 2010-2015,
  11. Предлог – Програма за активности од областа на културата на општина Струга за 2018 година,
  12. Предлог – Програма за активности од областа на спортот и млади на општина Струга за 2018 година,
  13. Предлог – Програма за работа на ЈП „Комунално“ – Струга за 2018 година,
  14. Годишен извештај за работата на Секторот за инспекциски надзор – инспекторат за 2017 година
  15. Предлог – Годишна Програма за работа на Секторот за инспекциски надзор – инспекторат за 2018 година,
  16. Извештај за работата на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за периодот од 01.10.2017 – 31.12.2017 година,
  17. Предлог – Решение за формирање комисија за утврдување на штети на движни и недвижни ствари предизвикано од елементарни и природни непогоди,
  18. Предлог – Иницијатива поднесена од лицето Рамо Феим од нас. Теферич – Струга, за изработка на ЛУПД за К.П. 3454/4 К.О. Мислешово со намена А4 времено сместување.
  19. Предлог – Инициjатива поднесена од лицето Арѓент Дика до с. Ливада – Струга, за изработка ДУПза УЕ 2 дел од блок 8 – Општина Струга.
  20. Предлог – Инициjатива поднесена од лицето Сабар Оџа с. Делогожда – Струга, за изработка на ДУП дел од блок 30 – Моришта – Општина Струга.
  21. Предлог – Инициjатива поднесена од “Иванов Инжинеринг„ ДООЕЛ Битола за изработка на измена и дополнувања на ДУП за блок 23, Општина Струга.
  22. Предлог – Одлука за измена и дополнување на ДУП – урбани блокови на градот Струга од Б1 до Б30 и делови од блокови од Б1 до Б30 и крајбрежниот појас – зона Мороишта,
  23. Барање финансиски средства за надомест на штета за опожарените куќи поднесено од лицето Стефаноски Никола.
  24. Барање финансиски средства за надомест на штета за опожарените куќи поднесено од лицето Јускоски Ганија.
  25. Предлог – Статут на општина Струга,
  26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 2703 и кп.бр. 2808/1 КО Струга,поднесено од лицето Никола Гоџоски.
  27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 2491 КО Јабланица,поднесено од лицето Милутин Менкиноски.
  28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 1518/3 КО Мислешово,поднесено од лицето Зеќироски Ќанија.
  29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 2728/3 и кп.бр. 2728/4 КО Мислешово вон град. р. поднесено од лицава, Нихат Салкоски, Ѓунер Салкоски и Мирфет Салкоска.
  30. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од кп.бр. 2415/1 КО Струга, поднесено од лицето Сакип Назифи.
  31. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од кп.бр. 1093/2 КО Мислешово вон град. р., поднесено од лицето Науме Гагалески.
  32. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 1802 за КО Лабуништа,поднесено од лицето Едип Фејзулоски.
  33. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 2769/8 за КО Мислешово, поднесено од лицето Цветанка Апостолоска.
  34. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 632 и КП бр. 619/1 КО Подгорци,   поднесено од лицето Бегоска Наџија.
  35. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 1201 КО Лабуништа, поднесено од лицето Мевмед Халили.
  36. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за кп.бр. 1584/1 и кп.бр. 1584/2, КО Велешта, поднесено од лицето Атми Скендери.
  37. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од кп.бр. 552/1 и дел од КП. 553 КО Струга, поднесено од лицето Пуроски Нове.
  38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичка планска документација за усогласување на намената за дел од кп.бр. 2649/1 КО Радолишта, поднесеноод лицето Фарук Муртиши.
  39. Предлог – Одлука за поднесување апликација и финансирање учество за проектот за „Изработка на техничка документација за реконстуркција на резервар за водаво с. Шум, до Биро за Регионален развој на повикот за 2018 – развој на села.
  40. Предлог – Одлука за поднесување апликација и финансиско учество за проектот за Изградба на водоводена мрежа за долна зона с. Радолишта до Биро за Регионален развој на повикот за 2018 – Програма за развој на специфични подрачја.
  41. Предлог – Одлука за поднесување апликација и финансиско учество за проектот за Изградба на потпорен зид за изградба на спортска сала во село Лабуништа до Биро за Регионален развој на повикот за 2018 година.
  42. Одлука за пренамена на финансиски средства.
  43. Квартален извештај за работа на Општина Струга – IV квартал 2017година,
  44. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Струга за 2018 година.

 

Продолжение на расправата од 5 – тата седница, по:

  • Програма за работа на МЈП „Проаква„ – Струга за 2018 година,
  • Програма за работа на ЈПК „Хигиена – Лабуништа, за 2018 година,
  • Програма за работа на ЈП „Водовод„ – Делогожда, за 2018 година,

 

МАТЕРИАЛИ ОД 6-та СЕДНИЦА

Бр. 08-753/1

12.02.2018 год.

СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА

Претседател,

Ресул Каба

 

Петтата седница на Советот на Општина Струга,

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување петтата седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 5 (петтата) седница на Советот на Општина Струга, за 29.01.2018 год. (понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

– Записник од 4 – тата седница на Советот на општина Струга.

1. Предлог – Програма за уредување на градежно неуредено земјиште за 2018 година,
2. Предлог – Програма за локални патишта за 2018 година,
3. Предлог – Програма за урбанистички планови за 2018 година,
4. Предлог – Програма за заштита на животната средина за 2018 година,
5. Предлог – Програма за активностите во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите на општина Струга за 2018 година,
6. Предлог – Одлука за започнување постапка за изработка на стратегија за развој за 2018 – 2023 – Општина Струга,
7. Развојни програми за 2018 година на општина Струга,
8. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој за 2018 година,
9. Предлог – Решение за именување преставник во Управен одбор во Центарот за социјални работи ПЕ Струга,
10. Предлог – Решение за именување преставници во Управен одбор на Здравствен дом Струга,

11. Предлог – Решение за именување преставници во Управен одбор на Здравствен дом Вевчани,

12. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник во Училиштен одбор на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга,
13. Предлог – Програма за работа на ЈП „Октиси“- с.Октиси за 2018 година,
14. Предлог – Програма за работа на МЈП „Проаква“ –Струга за 2018 година,
15. Предлог – Програма за работа на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
16. Предлог – Програма за работа на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда,
17. Легализаци ….

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации за 2018 -та година

Football refers to a number of sports that involve, to varying degrees, kicking a ball with the foot to score a goal. Unqualified, the word football is understood to refer to whichever form of football is the most popular in the regional context in which the word appears.