vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на општина Струга,

ОБЈАВУВА
Барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола


До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со Уп.бр.12-4587/1 од 11.08.2026 година

Подносител на Барањето: Друштво за превоз, трговијс и услуги „МИ ТРАНС“ увоз-извоз Велешта ДООЕЛ – Струга
Приоритетна дејност: 23.610 – Производство на производи од бетон за градежни цели
Локација на инсталацијата : с. Велешта, Струга. Локација на сепарација во с. Долна Белица КП.бр.161/2 и локација на бетонска база во с. Враништа на КП.бр.346, 347, 350, 356, 357, 358 КО Враништа вон град, Струга

Контакт Лице: МИСЕР ХАНИ
Категорија на инсталацијата:
Согласно Уредбата, Прилог 2. Точка
3.2 – Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини,
3.3 – Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата.

Целокупната документација, содржината во Барањето, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 24.08.2026 година до 07.09.2026 година на www.struga.gov.mk.

Барањето

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник
Mенди Ќура

ЈАВЕН ПОВИК-ЈП „ОКТИСИ“ -Октиси

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и „Службен весник на РСМ” бр.202/24), член 17-а став 2, член 26 и члеч 26~a од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македоиија” бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06,22/07, 8 3/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/1.4, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22 и 208/24), член 2 од Правилникот за формата и содржината најавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавуваве и начинот на бодување и селекција ва кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024) и член 88 став 2 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22),, a пo предлог на Градоначалникот, Советот на Општина Струга објавува:


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА
ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВЕН ОДБОР И НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА
МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ЈП „ОКТИСИ“ -Октиси
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК


Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на седум члена во управен и три члена во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, co седиште во с.Октиси, Струга.
Постапката ќе ce спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024).
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес за пријавување и кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик co сите услови ce објавува на веб страната на Општина Струга https://www.struga.gov.mk/ .

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА CE ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Северна Македонија;
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и во доментот на именувањето co правосилна судска пресуда не му е изречена. казна или прекршочна санкција забрана за вршење на. професија, дејност или должност.
    Членовите на управниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси треба да имаат најмалку пет- години работно искуство од кои:
    Најмалку еден член на управниот одбор co работно искуство од областа на финансиското работење и
    Најмалку еден член на управниот одбор co работно искуство од областа на правните работи.
    Членовите на надзорниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
    еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
    еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
    еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
    Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор и на надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси изнесува четири години, co право на уште еден последователен мандат.
    РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ ВО УПРАВЕН ОДБОР И НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ
    Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот одбор ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
    Управниот одбор на јавното претпријатие го донесува статутот на јавното претпријатие, ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие, ја утврдува деловната политика, ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие, одлучува за употребата на средства остварени co работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите, ги донесува одлуките за инвестиции, ги утврдува цените на производите и услугите, одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие, го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие и друго.
    Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот одбор ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
    Заради вршење на работите на контрола, надзорниот одбор за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на јавното претпријатие. Надзорниот одбор за контрола може заради испитување на документите и списите на јавното претпријатие да повика стручни лица кои ќе му помагаат во решавањето на надзорот.
    Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на управниот одбор и им ce доставува покана co сите материјали што им ce доставуваат на членовите на управниот одбор.
    Надзорниот одбор за контрола задолжително ги препкдува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење. годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и ио прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечниле извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки PI извештајот за работењето на јавното претпријатие. ако претходно не добие позитивио мислење од надзорниот одбор за контрола.
    Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е утврдено co статутот на јавното претпријатие.
    Извештајот за прегледот на годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие co свое мислење, надзорниот одбор за контрола му го доставува на министерот за финансии. Во извештајот до министерот за финансии, надзорниот одбор за контрола го известува за состојбата на јавното претпријатие врз чие работење врши контрола. Надзорниот одбор за контрола копие од извештајот му доставува и на министерот надлежен за работите на соодветната дејност.
    Претседателот на надзорниот одбор на јавното претпријатие или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува членот на надзорниот одбор овластен од претседателот, е должен да присуствува на седницата на Советот на општината, кога ce дискутира и ce одлучува за работи и документи од надлежност на надзорниот одбор на јавното претпријатие.
    Надзорниот одбор задолжително ce состанува најмалку четири пати годишно.
    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
    Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на управниот одбор и надзорниот одбор на ЈП „Oктиси,, -Октиси ce:
    Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    Потврда дека co правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија;
    Историјат на работните односи од Агенцијата за вработување на РСМ;
  • Кратка биографија;
    Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи од областа за која треба да бидат членовите на управниот, односно надзорниот одбор издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон. 
    ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
    Постапката за селекција на кандидатите за членови во Управен одбор и Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси ce состои од две фази и тоа:
    Фаза 1 – административна селекција (фаза во која ce врши проверка на внесените податоци во пријавата co условите од јавниот повик кои треба да ce идентични co условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и ce врши нивно бодување) и
    Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи ce проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и ce врши нивно бодување, a ce поставуваат и општи прашања co кои ce проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
    Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Струга.
    РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
    Јавниот повик ce објавува на ден 13.08.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 19.08.2026 година.
    Пријавените кандидати, соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно co пополнета Пријава на образец за пријавување (Прилог бр. 1) да ја достават до:
    Архивата на Општина Струга, Ул.,,Маршал Тито” бб, Струга (co назнака: За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидат за избор на член во Управен одбор/Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Oктиси,, -Октиси.

Незадоволните кандидати од изборот за членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно co Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои ce доставени по истекот на предвидениот рок нема да ce разгледуваат.


ФОРМУЛАР


ПРЕТСЕДАТЕЛ на Советот на Општина Струга
Мите Стефоски

Објава Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,

ОБЈАВУВА
Б-интегрирана еколошка Дозвола

              До Градоначалнкот на Општина Струга доставено е комплетно барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр. 12-2372/1 од 05.05.2026 година

Подносител на Барањето: ТДПТУ НОМАС 79 ДООЕЛ увоз-извоз, подружница Каменолом НИЧЕ ТРАНС, Бороец – Струга.

Приоритетна дејност: 08.12 – Вадење на чакал, песок, глина и каолин.

Локација на инсталацијата : Бороец на дел од КП. Бр. 224/1 КО Бороец вонград, Општина Струга, со површина од 0.214532 км²

Контакт Лице: Дијана Толеска

Категорија на инсталацијата:

           Согласно Уредбата Прилог 2. Активности на инсталации за кои е потребна Б интегрирана еколошка дозвола.

Прилог  2 точка:

3.2 – Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата

Б – Интегрираната дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печат, во просториите на Општина Струга,  плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335 Целокупната содржина во НАЦТР Б – Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде  достапна за заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 10.08.2026 година до 24.08.2026 година на www.struga.gov.mk.

Б-интегрирана еколошка Дозвола

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

Објава на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,

О Б Ј А В А
На Б-интегрирана еколошка Дозвола


До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр.12-3192/1 од 02.06.2026 година

Подносител на Барањето: ТДПТ ИНГ ЛУЛИ ДОО, с. Ливада, Струга.
Приоритетна дејност: 23.640-Производство на малтер
Локација на инсталацијата : с. Делогожда, Струга, опишана со следните координатни точки: Т-1 Y7472449 X4568897, T-2 Y7478001 X4568889, T-3 Y7478000 X4568589 и T-4 Y7478439 x4568593, со површина од 0.133904 км²
Контакт Лице: Гајур Лога

Категорија на инсталацијата:
Согласно Уредбата, Прилог 2. Точка 3.2 – Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата

Б – Интегрираната дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печат, во просториите на Општина Струга, плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335

Целокупната содржина во НАЦТР Б – Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде достапна за заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 10.08.2026 година до 24.08.2026 година на www.struga.gov.mk

Формулар

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

О Б Ј А В А на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Доставено до: ДНЕВЕН ПЕЧАТ ВЕЧЕР Одделение за информатичка технологија  

ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ  

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,  

О Б Ј А В А  на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола  

До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за обновување на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр.12-3192/1 од 02.06.2026 година   
Подносител   на   Барањето:   ТДПТ ИНГ ЛУЛИ ДОО, с. Ливада, Струга. Приоритетна дејност: 23.640-Производство на малтер 
Локација   на   инсталацијата : с. Делогожда, Струга, опишана со следните координатни точки: Т-1 Y7472449 X4568897, T-2 Y7478001 X4568889, T-3 Y7478000 X4568589 и T-4 Y7478439 x4568593, со површина од 0.133904 км² 
Контакт Лице: Гајур Лога  
Категорија на инсталацијата: Согласно Уредбата, Прилог 2. Точка 3.2 Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата  Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на Општина Струга,  плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА . 

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот. 
Контакт телефон:  046 781 335
Целокупната содржина во НАЦТР Б -Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде  достапна за заинтересираната јавност во рок од 14 дена и тоа од 24.07.2026 година до 06.08.2026 година на www.struga.gov.mk.  Со почит, Општина Струга 

Б- Интегрирана еколошка дозвола
Објава

ОБЈАВУВА нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Доставено до: ДНЕВЕН ПЕЧАТ ВЕЧЕР Одделение за информатичка технологија  
ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ  Согласно член 99 став 1 и став 3 како и  член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Градоначалникот на Општина Струга,  

ОБЈАВУВА нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола  

До Градоначалнкот на Општина Струга доставено е комплетно барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола со бр. 12-2372/1 од 05.05.2026 година   
Подносител  на  Барањето:  ТДПТУ НОМАС 79 ДООЕЛ увоз-извоз, подружница Каменолом НИЧЕ ТРАНС, Бороец – Струга. 
Приоритетна дејност: 08.12 –Вадење на чакал, песок, глина и каолин. Локација  на  инсталацијата  :  Бороец на дел од КП. Бр. 224/1 КО Бороец вонград, Општина Струга, со површина од 0.214532 км² 
Контакт Лице: Дијана Толеска  
Категорија на инсталацијата:            Согласно Уредбата Прилог 2. Активности на инсталации за кои е потребна Б интегрирана еколошка дозвола.  Прилог  2 точка: 3.2 -Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од уредбата 

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на Општина Струга,  плоштад Мајка Тереза б.б, 6330 СТРУГА .  Секој работен ден од 08 – 15:00 часот. Контакт телефон:  046 781-335                                                  Целокупната содржина во НАЦТР Б – Дозволата, потребна за оформување и доставување на мислења и ставови, ќе биде  достапна за заинтересираната јавност во рок од 14 дена и тоа од 24.07.2026 година до 06.08.2026 година на www.struga.gov.mk. 

Б- Интегрирана еколошка дозвола
Објава

Известување

Општина Струга ја известува јавноста дека од
Комисијата за евалуација и бодирање на
апликации по јавен повик за доделување
финансиски средства од Програмата за култура на
Општина Струга за 2026 година се донсени две
Решенија под архивки број 22-3611/5 од
дт.17.07.2026 преку кои се поништуваат двете
претходните објавени јавни повици за
доделување на финансиски средства во областа
на културата и тоа:

Известување

Решение за свикување 8 (осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 8 (осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 8 (осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 20.07.2026 год. (понеделник) со почеток во 15:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Информација за проблемот со лицата питачи на подрачјето на Општина Струга.
  2. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
  3. Предлог – Квартален извештај за реализација на буџетот на Општина Струга за период 01.01- 30.06.2026.
  4. Извештај за работењето на ЈП „Комунално„-Струга, за период од 01.01 до 31.03.2026 г. како и споредување со постигнатите финансиски резултати за период од 01.01.-31.03.25
  5. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена„-Лабуништа за период од 01.01.2026 до 31.03.2026 како и споредување со постигнатите финансиски резултати за период од 01.01.2025 до 31.03.2025
  6. Квартален извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за прв квартал (01.01.2026-31.03.2026 год.)
  7. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за период 01.01.2025-31.12.2025 год.
  8. Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи –Водоснабдување за периодот 01-2025-12.2025 и Годишен извештај за спроведување на утврдените тарифи Отведување на одпадни води за периодот од 01.01.2025-31.12.2025 на ЈП „Водовод и канализација“ Струга
  9. Предлог за член на управен одбор ЈОУДГ „8-ми март“ Струга
  10. Барање на согласност за работа на групи со помал број на деца и согласност за поголем број на деца од законски дозволениот број на деца во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга
  11. Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга
  12. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Oпштина Струга
  13. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица
  14. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Гоце Делчев“ с.Подгорци
  15. Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ с.Јабланица за учебната 2025/2026 година
  16. Годишен извештај за учебната 2025/2026 година на ООУ „Единство-Башкими“ с.Октиси.
  17. Годишен извештај за работата на ООУ„Јосип Броз Тито“-Струга за учебната 2025/2026 година
  18. Годишна Програма за работа на воспитно-образовната дејност на Домот во учебната 2026/27 год
  19. Четврт квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ с.Октиси за 2025 година
  20. Годишна сметка на ЈП „Октиси“ с.Октиси за 2025 година.
  21. Програма за работа и развој за 2026 година на ЈП „Октиси“ с.Октиси за 2025 година.
  22. Годишен извештај од ООУ „Свети Климент Охридски“ с.Драслајца за 2025 година.
  23. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мите Мижимакоски
  24. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Валентина Спасеска Переска.
  25. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мереме Елези.
  26. Годишна Програма за работа на воспитно – образовната дејност на Домот во учебната 2026/2027 година.

    Материали од седницата

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски