Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 50 (педесетта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 50 (педесетта) седница на Советот на Општина Струга, за 20.06.2025 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од четириесет и осма седница на Советот на општина Струга.
Предлог – Заклучок за исправка на грешка на Записник од 47 седница на Советот на Општина Струга.
Предлог – Одлука за измена на Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2025 година.
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.лабуништа за 2026 година.
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за 2026 година.
Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Струга за 2024 година.
Предлог – Одлука за доделување на финансиски средства на Здружение за грижи и воспитување на децата.
Предлог – Одлука за превземање на долг од ЈП „Водовод Делогожда“-с.Делогожда.
Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16,99/18, 89/22, 171/22 и 3/25), ја издава следната
О Б Ј А В А на Б-интегрирана еколошка Дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015, 39/16 99/18, 89/22 и 3/25), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола со бр. 12-1946 од 07.04.2025 година.
Подносител на барањето:
Дооел Илинден Градба, с.Белица, СТРУГА. Локација: Концесија во с.Долна Белица КП.бр. 1060/1, КП 1060/2, КП 1644 , и дел од 937 Адреса: Ул.Моша Пијаде бр.9 Површина P=8,207 ха
Контакт лице:
Душко Трајкоски Тел: 070/394 881 Ристе
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини. Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б. 6330 СТРУГА . Секој работен ден од 08 – 15:00 часот. Контакт телефон: 046 781-335
Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22), Гадоначалникот на општина Струга, на 15.04.2025 година, донесе:
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1. Изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2 – Трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47, КП 2832/68, КП 2832/67, КП 2832/52 и дел од КП 2832/2 КО Струга, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2 – Трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47, КП 2832/68, КП 2832/67, КП 2832/52 и дел од КП 2832/2 КО Струга, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2 – Трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47, КП 2832/68, КП 2832/67, КП 2832/52 и дел од КП 2832/2 КО Струга, Општина Струга, за чија изработка е одговорен е,,ИН-ПУМА ,, ДООЕЛ Скопје,а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2 – Трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47, КП 2832/68, КП 2832/67, КП 2832/52 и дел од КП 2832/2 КО Струга, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.
Стратегиска оцена на животна средина за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2-трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47,КП 2832/68, КП2832/67,КП 2832/52 и дел од КП 2832/2, КО Струга, Општина Струга
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 49 (четириесет и деветта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 49 (четириесет и деветта) седница на Советот на Општина Струга, за 03.06.2025 година (вторник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2025 година.
Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на финансискиот извештај во ЈП „Комунално“ Струга за период од 01.01 до 31.03.2025 година-прв квартал.
Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на финансискиот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за период 01.01.2025-31.03.2025 година.
Одлука за давање согласност на одлука за утврдување на плата и надоместоци од плата.
Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на новата методологија за пресметување на плата на вработените во ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
Годишна сметка за работењето на Центарот за развој на Југозападен плански регион во 2024 година.
Годишна сметка на Центарот за развој на Југозападен плански регион за проект „Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурнио проекти“ во 2024 година.
Годишна сметка на Центарот за развој на Југозападен плански регион за проект „Одлржлив и инклузивен рамномерен регинален развој-фаза II“ во 2024 година.
Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2024 година.
Извештај за активностите во областа на образованието на општина Струга за 2024 година.
Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2024 година.
Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга во 2024 година.
Барање за донесување на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр.1722/1, КО Струга.
Одлука за продолжување на работното време за угостителските објекти.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Науме Колоски.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Арди Рамани.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Јасмина Котевска.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Зулфије Едхеми.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Минир Јусуфи.
Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Албулена Ала.
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА Претседател, Арбереша Влаши
Јавен увид и консултација за Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за Струга за Блок 4 во УЕ 11 и Детален урбанистички план за Блок 4 во УЕ 11, КО Струга и КО Мислешево вон град, општина Струга
Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16,99/18, 89/22 и 171/22), ја издава следната
ОБЈАВА на Нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 99/18,89/22 и 171/22 ), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола со бр. 12- 1946 од 07.04.2025 година.
Подносител на барањето: Дооел: “Илинден Градба”, СТРУГА Локација: с.Белица,Струга КП.бр.1060/1, КП 1060/2, КП 1644 и дел од 937.
Координати на локацијата концесиско поле Точка Кордината X Кордината Y T -1 4.555.826 7.470.624; T-2 4.555.803 7.470.772; T-3 4.555.640 7.470.710; T-4 4.555.641 7.470.682; T-5 4.555.677 7.470.636; T-6 4.555.728 7.470.601
Категорија на инсталацијата: Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на: Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА . Секој работен ден од 08 – 16:00 часот. Контакт телефон: 046 781-335
НАЦРТ – ИЗВЕШТАЈ за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план вон опфат со намена А4.3- семејни куќи за времен престој – викенд куќи, на КП 2001/1 и КП 2000/1, КО Мислешево вон град општина Струга.
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа „Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и согласно Правилникот за систематизација на работните места на општинската админитрација на општина Струга, бр.09-3840/1 од 05.10.2016 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2025
за вработување на помошно-техничко лице на неопределено и со полно работно време
УПР0405А03004 Хигиеничар/ка, Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи- 1(еден) извршител.
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Основно образование,
со или без работно искуство.
Распоред на работно време:
Работни денови Понеделник-Петок,
Работни часови неделно 40,
Работното време на вработените се одвива во смени.
Прва смена започнува во 7,00 часот и завршува во 15,00 часот
Втора смена започнува во 13,00 и завршува во 21,00 часот.
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари.
2.УПР0402А01001Главен чувар-портир- Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (eден) извршител.
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Стручни квалификации средно образованиесо стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
Средно образование-гимазиска или економска или техничка струка
работно искуство од 3 година во јавен сектор или 3 година во приватен сектор
Распоред на работно време:
Работни денови Понеделник-Петок,
Работни часови неделно 40,
Работно време – 07:30 – 15:30
Паричен нето износ на плата: 32.565,00 денари.
УПР0403А03001 Возач III – Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 2 (два) извршители.
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
Средно образование – гимазиска или економска или техничка струка
со или без работно искуство.
Возачка дозвола од Б категорија
Распоред на работно време:
Работни денови Понеделник-Петок,
Работни часови неделно 40,
Работно време 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари.
УПР0402А02001 Чувар-портир II- Одделение за општи работи, Сектор за правни прашања и општи работи – 1 (eден) извршител.
Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Стручни квалификации средно образование со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/М КСОО;
Средно образование – гимазиска или економска или техничка струка
работно искуство од 1 година во јавен сектор или 1 година во приватен сектор
Распоред на работно време:
Работни денови Понеделник-Петок,
Работни часови неделно 40,
Работно време 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 31.014,00 денари
– Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат рачунајќи го денот на објавувањето.
Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас 02/2025 како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk Некомплетните документи и доставени после рокот нема да бидат предмет на разгледување