vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01 /2025

Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24),  а во врска со член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија бр. 27/14,199/14 и 27/16,198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19,14/20, и 208/24),член 11 од Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19) и член 22 од Закон за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01 /2025 за вработување на неопределено работно време на 3 (три ) овластени службеници во областа на безбедноста

Пожарникар-спасител во Териториална противпожарна единица на Општина Струга, со звање Пожарникар-спасител со шифра на работно место ПОЖ 02 10 В04 000 во – 3 (три) изаршител.

Кандидатите потребно е да ги исполнуват следните услови:

Општи услови

  • кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
    -да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способност за работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и
  • активно да го користи македонскиот јазик;

-Општи работни компетенции на основно ниво:

  • учење и развој,
  • комуникација,
  • остварување резултати,
  • работење со други/тимска работа и
  • ориентираност кон засегнати страни
    (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);

Посебни услови:

  • стручни квалификации : ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ,
  • работно искуство: за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработувањена Република Македонија како работен стаж. Распоред на работно време :
    Работното време на работникот се утврдува на 40 часа во работната недела.
    (полно работно време) и трае пет работни дена.
    Работното време на вработените се одвива во смени.
    Сменсокото работење трае 12 часа и тоа:
    Прва смена (дневна смена) започнува во 7,00 часот и завршува во 19,00 часот
    Втора смена(ноќна смена) започнува во 19,00 и завршува во 7,00 часот наредниот ден
    Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) според условите определени со ЗРО и колективниот договор . ; Паричен нето износ на плата : 31.014, oo, денари;
  • Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат рачунајќи го денот на објавувањето.
    Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација
  • Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).
  • Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар ).
  • Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување , како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар ).
    -Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува
    – уверение за со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
    Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот. Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите , комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите. По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите. По проверката на веродостојност на доказите , се закажува и врши интервју. Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа. По спроведената постапка на селекција, за секое различно работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
    Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена. Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

-Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

HAПOMEHA: Кандидатот кој приложил лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка

Јавен оглас
Пријава

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Решение за свикување на 48 (четириесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 48 (четириесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 48 (четириесет и осма) седница на Советот на Општина Струга, за 12.05.2025 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од четириесет и петта седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четириесет и шеста седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четврта вонредна седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од четириесет и седма седница на Советот на Општина Струга.
  • Записник од петта вонредна седница на Советот на Општина Струга.
  1. Советнички прашања.
  2. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на Општина Струга.
  3. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за прв квартал од 2025 година на Општина Струга.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за усвојување на Финансиски извештај (прв квартал) на ЈП Еко Струга-Струга за 2025 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на измена и дополнување на годишниот план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2025 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за донесување на Одлука за измена и дополнување на статут на ЈП Еко Струга-Струга.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Единство“ – с.Октиси за 2026 година.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2026 година.
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – Јабланица за 2026 година.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за 2026 година.
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2026 година.
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Горно Татеши за 2026 година.
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Ашим Агуши“ – Радолишта за 2026 година.
  14. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – Велешта за 2026 година.
  15. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци за 2025 година.
  16. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ – Струга за 2026 година.
  17. Предлог – Решение за именување на членови на училишен одбор на СОУ „Нико Нестор“-Струга.
  18. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за cпроведени активности на Општина Струга во 2024 година од областa на млади.
  19. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Програма за еднакви можности за 2024 година.
  20. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за туризам 2024 година.
  21. Предлог – Правилник за субвенционирање на такса за привремен престој (туристичка такса) на физички лица даватели на услуги за сместување туристи на територијата на Општина Струга за 2024 година.
  22. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за работата на одделението за локален економски развој на Општина Струга за 2024 година.
  23. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи за 2024 година.
  24. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за реализација на Програмата на Оделението за месни заедници за 2024 година.
  25. Предлог – Програма за работа на Одделението за соработка со месни заедници и заштита и спасување за 2025 година.
  26. Програма за работата на територијалната противпожарна единица при општината во Струга за 2025 година.
  27. Предлог – Одлука за донесување на Предлог за техничка исправка за градежна парцела ГП 19 формирана во ДУП за УЕ 3, блок 8 во К.О.Струга општина Струга (одлука бр 07-804/9 од 29.12.1999) изработен од ТД НЈУ ВИЖЕН ДОО Охрид со технички број 09/2025 од Март 2025.
  28. Предлог – Решение за измена и дополнување на Решението за именување на членови на Просторниот Штаб за заштита и спасување на Општина Струга и извршители за административно-технички и оперативни работи бр.08-641/15 од 24.02.2022 година.
  29. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на Културно уметничко здружение ВАЛЦ – Струга.
  30. Одлука за доделување на финансиска помош за Трговски центар Безистен.
  31. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Менсур Асани.
  32. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Крсте Спироски.
  33. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Лулзиме Тела Емрула.
  34. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Незир Незири.
  35. Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Ндериме Дани.

Материали од 48 седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола(бр, 12-1946)

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 89/22 и 171/22), Градоначалникот на општина Струга,

ОБЈАВУВА
Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола


До Градоначалнкот на општина Струга доставено е комплетно барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола со Уп.бр, 12-1946 од 07.04.2025 година.
Подносител на Барањето:
Дооел: “Илинден Градба, с.Белица, СТРУГА.
Приоритетна дејност:.
Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење,загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од Уредбата
Локација на инсталацијата:
Концесија во с.Долна Белица
КП.бр. 1060/1, КП 1060/2, КП 1644 , и дел од 937
Контакт Лице: Душко Трајковски
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ,дробење,мелење,сеење,загревање на минерални суровини,доколку не се опфатени со Прилог 1 од Уредбата. 120.000 тони годишно

Целокупната документација содржината во Барaњето, потребна за оформување и доставување на мислење и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена, на www.struga.gov.mk.

ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА


ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 143 и член 145 од и чле Законот за заштита и спасување (,,Сл.весник на РCМ,, бр. 36/04…..215/21), член 50 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РCМ,, бр. 05/2020) и член 34 од Статутот на Општина Струга (,,Сл.гласник на Општина Струга,, бр. 8/07, 01/8, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

  • ЈАВЕН ПОВИК

За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и ранопролетна голомразица која ја зафати општина Струга на 06.04.2025 година.

Општина Струга ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица који ја зафатија Општина Струга на 06.04.2025 година, да пријават штета на своите насади со барање кое е достапно во просториите на архивата на Општина Струга.

Покрај барањето, секој барател треба да достави:

– Копија од имотен лист,

– Копија од лична карта,

– Трансакциска сметка,

– Доказ за користење на земјиштето за насади (Решение за запишување на земјоделски стопанства издадено од МЗШБ, договор за закуп на земјоделска површина).

Ќе се проценат земјоделските култури кои се постари од три години и кои имаат повеќе од 20 стебла или корени.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 18.04.2025 до 03.05.2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:30 часот.

Барање

Решение за свикување на петта вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на петта вонредна седница на
Советот на општина Струга

Ја свикувам вонреднатаседница на Советот на Општина Струга, за 16.04.2025 година (среда) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга:

Седницата ќе работи по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог – Програма за активностите на Општина Струга во областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи во 2025 година.
  2. Предлог – Одлука за констатирање на природна непогода-голомразица на територијата на Општина Струга.

Материали од седницата

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

АВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПЛАНОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА СТРУГА за период 2025 -2029 година

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22, 171/22 и 3/25) и Законот за квалитет на амбиентен воздух („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 163/13, 10/15, 146/15, 151/21 и 3/25), Општина Струга:

О Р Г А Н И З И Р А

Јавна презентација на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година.

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година.

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 е објавен на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk почнувајќи од 11.04.2025 год. до 25.04.2025 год.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година до Општина Струга во рок од 15 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга за период 2025 -2029 година и истите можете да ги испраќате на е_маил: info@struga.gov.mk, или до Општина Струга, секој работен ден од 08.00-16.00 часот со напомена „План за воздух 2025-2029„ .

Во прилог линк од документот план за подобрување на квалитето на воздух на општина Струга:

Линк од документот

Проектна програма за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со класа на намена Б2.2 – Трговски центри на КП 2832/50, КП 2832/47, КП 2832/68, КП 2832/67, КП 2832/52 и дел од КП 2832/2, КО Струга, Општина Струга

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА

ПРОЕКТНА ПРОГРАМА