vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Урбанистички проект за стопански и индустриски намени за формирање на градежна парцела со намена Г2-Индустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси-фабрички комплекси,на К.П.941/3 и делови од К.П.941/1 К.П.939 и К.П.940/2 К.О.Мороишта,во УЕ 12 (индустриска зона)дел од блок 30 општина Струга,изработен од Друштво за трговија,производство,градешништво,услуги и конслатинг ЧИП ГРОУП дооел увоз-извоз Скопје со тех бр 09-03/2021 мај 2025.

Урбанистички проект

Потврда за одобрување

Урбанистички проект за стопански и индустриски намени за формирање на градежна парцела со намена Г2-Индустриски згради од други преработувачки индустрии со помалку загадувачки процеси-фабрички комплекси,на дел од К.П.940/3 К.О.Мороишта,во УЕ 12 (индустриска зона)дел од блок 30 општина Струга,изработен од Друштво за трговија,производство,градешништво,услуги и конслатинг ЧИП ГРОУП дооел увоз-извоз Скопје со тех бр 08-03/2021 мај 2025.

Урбанистички проект

Потврда за одобрување

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13(К.П.бр 8 и К.П.бр 10 К.О.Радолишта )

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 1MW на К.П.бр 8 и К.П.бр 10 К.О.Радолишта -вон-град општина Струга,со тех.бр У -20/25 од август.2025, изработена од БИРО ЗА УРБАНИЗАМ дооел Битола.

 Проектна програма

Потврда за заверка

Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13(К.П.бр 5 и К.П.бр 7 К.О.Радолишта)

               Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 1MW на К.П.бр 5 и К.П.бр 7 К.О.Радолишта -вон-град општина Струга,со тех.бр У -21/25 од август.2025, изработена од БИРО ЗА УРБАНИЗАМ дооел Битола.

 Проектна програма

Потврда за заверка

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(КП бр. 2839/41 и делови од КП 2839/40…)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15,192/15,99/16,99/18,89/22 и 171/22), Гадоначалникот на општина Струга, на 23.04.2025 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

  1. За Изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 2839/41 и делови од КП 2839/40, КП 2839/42, КП 2839/43, КП 2839/3 и КП 2846 КО СТРУГА, Општина Струга, кој го донесува Совет на Општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната срединасогласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како органи засегнати од имплементација за Изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 2839/41 и делови од КП 2839/40, КП 2839/42, КП 2839/43, КП 2839/3 и КП 2846 КО СТРУГА, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
    Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
  3. За Изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 2839/41 и делови од КП 2839/40, КП 2839/42, КП 2839/43, КП 2839/3 и КП 2846 КО СТРУГА, Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ,,ЧИП ГРОУП ,, ДООЕЛ Скопје, а го донесува Совет на Општина Струга, донесувањето на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со Намена А4.3- ВИКЕНД КУЌИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ , на КП бр. 2839/41 и делови од КП 2839/40, КП 2839/42, КП 2839/43, КП 2839/3 и КП 2846 КО СТРУГА, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

  1. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известувам дека 52-та седница на Советот на Општина Струга се презакажува за 18.08.2025 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот во Салата на Советот на општина Струга.

За седницата е предложен следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од педесетта седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран локален развоен план на Општина Струга за период 2025-2028.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за реализирање на службени патувања во Република Северна Македонија и трошоци кои се признаваат како службени.
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност за потпишување на Колективен договор.
  5. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на општина Струга за 2025/2026 година.
  6. Предлог – Програма за пречек на Новата 2026 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог Годишен план за вработување во Општина Струга за 2026 година.
  8. Предлог– Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за 2026 година.
  9. Барање од ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од 20 ученици и комбинирани паралелки за учебната 2025/2026 година.
  10. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
  11. Предлог – Одлука за обезбедување и доделување на донација на МВР, ОВР Струга.
  12. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект за вон опфат на урбанистички план со намена А4.3-Викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП бр.964/1, КП бр.964/2 КО Подгорци, општина Струга.
  13. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат за урбанистички план за изградба на објекти со намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (градба за производство на сончева електрична енергија) со капацитет до 1 MW (0,98 MW) на КП бр.1087/1 КП бр.1084/1 КП бр.1083/1 КО Долна Белица, Општина Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

CОOПШТЕНИЕ за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник по Интерен Оглас на Општина Струга

CОOПШТЕНИЕ за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник по Интерен Оглас на Општина Струга

                Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24 и 76/24), а согласно Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 167/2025), започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување.

Општина Струга имаше објавен оглас 04/2025 во wеб страна на Агенција за администрација и wеб страна на датум 08.08.2025, а за истиот е пратен корекција на 11.08.2025 година . За продолжување на постапките за повторно објавување на Интерниот Оглас и продолжување на постапката за селекција на кандидати за вработување на административни службеници, Општина Струга во согласност со Агенцијата за администрација ќе донесе посебно решение.

CОOПШТЕНИЕ

Р ешение за свикување на 52 (педесетт и втора) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 52 (педесетт и втора) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 52 (педесет и втора) седница на Советот на Општина Струга, за 05.08.2025 година (вторник) со почеток во 10:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од педесетта седница на Советот на општина Струга.
  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран локален развоен план на Општина Струга за период 2025-2028.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за реализирање на службени патувања во Република Северна Македонија и трошоци кои се признаваат како службени.
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност за потпишување на Колективен договор.
  5. Предлог – Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на општина Струга за 2025/2026 година.
  6. Предлог – Програма за пречек на Новата 2026 година.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог Годишен план за вработување во Општина Струга за 2026 година.
  8. Предлог– Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за 2026 година.
  9. Барање од ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од 20 ученици и комбинирани паралелки за учебната 2025/2026 година.
  10. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
  11. Предлог – Одлука за обезбедување и доделување на донација на МВР, ОВР Струга.
  12. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект за вон опфат на урбанистички план со намена А4.3-Викенд куќи и други објекти за времено сместување на КП бр.964/1, КП бр.964/2 КО Подгорци, општина Струга.
  13. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат за урбанистички план за изградба на објекти со намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични електрани (градба за производство на сончева електрична енергија) со капацитет до 1 MW (0,98 MW) на КП бр.1087/1 КП бр.1084/1 КП бр.1083/1 КО Долна Белица, Општина Струга.

Материјали од 52 седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател, Арбереша Влаши