vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ
Контролна Листа на План за управување со животна средина и
социјални аспекти за под-проект
Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во
Република Северна Македонија


Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Струга аплицираше со проект за „Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен драфт документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 24.01.2025 година официјалните веб страници на:

• Општина Струга: https://www.struga.gov.mk
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk


Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проектот
Министерството за транспорт


КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА ) Реконструкција на улица во населба Езерски Лозја во Струга, општина Струга (линк до документот)
-Формулар за доставување коментари и предлози за Контролната листа на ПУЖССА за „Реконструкција на локален пат во населба Езерски Лозја“ во општина Струга (линк до документот)

О Д Л У К А за избор на кандидат по јавен оглас број 02/2024

Согласно член 50 став 1 точка 14 од Законот за Локалната Самоуправа („Сл. Весник на РМ„ бр.5/02) а Врз основа на член 22, член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ.„ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 16/2010, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/2013, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15,33/2015, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 120/18, 110/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.267/2020) Градоначалникот на Општина Струга донесе

О Д Л У К А за избор на кандидат по јавен оглас број 02/2024 за вработување на овластени службеници во областа на безбедноста преку jавен oглас во Териториална противпожарна единица на Општина Стругa, на неопределно време

1. Пожарникар-спасител-возач на специално возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга, со звање Пожарникар-спасител-возач шифра на работно место ПОЖ 02 10 В03 000 во   – 2 (два) изаршители а, се избират:

–Харси Авмедоски
– Алил Демироски

2. Именуваниот кандидат ќе биде вработен на работното место од точка 1 по конечноста на оваа одлука за што ќе се донесе посебно решение за вработување.

3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување.

Образложение

На ден 25.12.2024 година, Агенцијата за Вработување – Струга објави Јавен оглас број 02/2024 во дневните весници , “Слободен печат“ и “Коха“, за вработување на 2 (два) извршител на неопределено време на работно место Пожарникар-спасител-возач на специално возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга.

Со решение број 04-266/1 од 06.01.2025 година, од страна на Градоначалникот на Општина Струга, формирана е Комисија за селекција за вработување по Јавен оглас, која ја спроведе постапката за селекција за вработување на работниците согласно Законот за работен однос

По спроведената постапка, Комисијата изготви Записник од извршената а селекција за работници, број 04-266/2 од 10.01.2025 година, како и Записник од спроведена интервју за работниците, број 04-266/3 од 15.01.2025 година.

Врз основа на резултатите од сите фази на селекција изготвена е конечна ранг листа на кандидати и предлог за вработување по оглас број 02/2024 и истите се доставени до Градоначалникот на Општина Струга со допис број        04-266/4 од 15.06.2021 година.

Согласно Предлогот за вработување на кандидати по Јавен оглас број 02/2024, број 04-266/4 од 15.01.2025 година, Градоначалникот на општина Струга, донесе одлука како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поднесе приговор до Градоначалникoт во рок од 8 дена  од денот на приемот на Решението

Одлука

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве известувам дека 44-та седница на Советот на Општина Струга се презакажува за 30.01.2025 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во Салата на Советот на општина Струга.

За седницата е предложен следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2025 година.
  2. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.1-Индустриски сервиси, сервиси за одржување на моторни возила, сервиси за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на КП бр.2832/49 и КП бр.2832/69 во КО Струга, општина Струга.
  3. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Валдрин Даути.
  4. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Руждије Мехмеди.
  5. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Прамвера Јаја.
  6. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош за лицето Бесиме Арслани.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Решение за свикување на 44 (четириесет и четврта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 44 (четириесет и четврта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 44 (четириесет и четврта) седница на Советот на Општина Струга, за 31.01.2025 година (Петок) со почеток во 10:00 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2025 година.
  2. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.1-Индустриски сервиси, сервиси за одржување на моторни возила, сервиси за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на КП бр.2832/49 и КП бр.2832/69 во КО Струга, општина Струга.
  3. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помошза лицето Валдрин Даути.
  4. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помошза лицето Руждије Мехмеди.
  5. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помошза лицето Прамвера Јаја.
  6. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помошза лицето Бесиме Арслани.

    Материали од 44-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Нацрт – Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животна средина(К.П.850/6, К.П.850/7, К.П.851/6, К.П.852, и делови од К.П.851/7, и К.П.857 , К.О,Подгорци,општина Струга)

Нацрт – Извештај  за Стратегиска оцена на  влијанието врз животна средина за    Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 –лесна фармацевска индустрија и производство на храна,млечни производи,кондиторски производи,безалкохолни пијалоци,вода,преработка на градинарски производи и овошје,тутун и други,на К.П.850/6,  К.П.850/7, К.П.851/6, К.П.852, и делови од К.П.851/7,  и  К.П.857 ,  К.О,Подгорци,општина Струга.

Нацрт – Извештај

Известување

Нацрт – Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животна средина(К.П.бр 187, К.П.бр 188, К.П.бр 189, К.П.бр 190/2 и дел од К.П.бр 1549,К.О.Враништа –вон град,општина Струга.)

Нацрт – Извештај  за Стратегиска оцена на  влијанието врз животна средина за    Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е-1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани(фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште)со моќност до 1МW и среднонапонски 10(20)KW подземен кабел од 123м на К.П.бр 187, К.П.бр 188, К.П.бр 189, К.П.бр 190/2 и дел од  К.П.бр 1549,К.О.Враништа –вон град,општина Струга.

Нацрт – Извештај

Мислење

Се одобрува Урбанистички проект за инфраструктура(бр.11-01/2022 од Ноември 2022 )

Се одобрува   Урбанистички проект за инфраструктура-за изградба на оптичка телекомуникациска инфраструктура-ФТТХ Глобочичка запад ,К.О.Струга,.општина Струга. со тех.бр.11-01/2022 од Ноември 2022 изработен од  “ГЕО БАЛКАН” дооел –Битола.

Урбанистички проект

Потврда за одобрување

О Д Л У К А за избор на административен службеник по пат на интерен оглас бр.02/2024

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22),  Градоначлникот на Општината Струга,  донесе

                  О Д Л У К А за  избор на административен службеник по пат на интерен оглас  бр.02/2024

  1. За извршител на работите на работно место со шифра УПР 01 01 В02 000, со звање и назив   Виш соработник за за средно и основно образование во Одделение за образование и култура, Сектор за јавни дејности, се избира кандидатот  Блерона Мусаи
  • Административниот службеник ќе биде унапреден на работното место од претходниот став, по  конечноста на оваа Одлука, врз основа на донесено  решение.
  • Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 02/2024.

Интерниот оглас беше објавен на  веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 31.12.2024 година.

Со решение број 04-237/2 од 03.01.2025 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.02/2024, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-237/3 од 08.01.2025 и Записник од спроведување на интервју бр.04-237/4 од 08.01.2025.

Врз основа на Финалната ранг листа на интервјуираниот кандидат со предлог  одлука за избор на прворангираниот кандидат бр. 04-237 од 08.01.2025, изготвена од страна на Комисијата за селекција за унапредување, се изврши избор како во диспозитивот на оваа  Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:

Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да  изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб  страната на Општина Струга.

Доставено до:
– кандидатот,
– Архива
– Одделение за управување со човечки ресурси

Oдлука

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Врз основа нa член 30, став (1) алинеја (2) став (3) и став (5) и член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ 6p.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.275/2019, бр.14/2020, бр.215/2021 бр.99/2022 и 208/24), како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во Зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник нa Република Македонија“ 6p.11/2015, бр.35/2018 и бр.303/2020), во согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Струга број 09-3840/1 од 05.10.2016 година, бр. 798 од 27.02.2017 година, 09-1696/1 од 04.04.2018 година, бр.09-2858 од 25.06.2018 и 09-3112 од 23.07.2019, бр.09-3604/4 од 23.09.2019 година, бр.09-4988/1 од 16.12.2019 година, бр.04-103/1 од 09.01.2020, бр.09-3480 од 28.10.2020, 09-4175/1 од 10.11.2021 година бр. 09-4175/2 од 10.11.2021, бр. 09-2742/4 од 29.07.202, бр. 03-3020/2 од 16.11.2021 и бр.09-3987/1 19.09.2022, како и согласно член 50 став 1 алиинеја 14 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ 5/02), и врз основа на Годишен план за вработување за 2024 година бр.04-25011 од 28.06.2024 година и позитивно мислење од Министерство за јавна администрација со бр.35-2501/9 од 02.09.2024, Општина Струга, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2024
за унапредување на административни службеници во Општина Струга
Општина Струга објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административни службеници за следнoт работни места:

  1. УПР0101B02000 co шифра на работно место Виш соработник за за средно и основно образование во Одделение за образование и култура, Сектор за јавни дејности – 1 (еден) извршител

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способна работното место,
    -со правосилна судска пресуда изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • Образование, Правни науки или јавна упрана администрација
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку две (2) години работно искуство во струката,
    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици нa Европската Унија (англиски, француски, германски),
    Потреби општи работни комепетенции на средно ниво:
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • учење и развој;
  • комуникација;
  • остварување резултати;
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
– финансиско управување.

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
    -работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
    -Паричниот износ на основната нето плата 35.473,oo

    Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
    Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на Општина Струга до Одделение за управување со човечки ресурси на адреса Општина Струга, ул. Плоштад Мајка Тереза б.б. Струга како и до службената електронска адреса: ocr@struga.gov.mk
    Не навремена, нецелосна и неуредна пријава, нема да биде предмет на разгледување.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Струга.

HAПOMEHA: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.

ОГЛАС

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

ЈАВЕН ОГЛАС


Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локалната самоуправа ( Службен весник на Република Македонија бр.5/02), а во врска со член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на Република Македонија бр. 27/14,199/14 и 27/16,198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20),член 11 од Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19) и член 22 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ ,, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Градоначалникот на Општина Струга објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02 /2024 за вработување на неопределено работно време на 2 (два ) овластени службеници во областа на безбедноста

Пожарникар-спасител-возач на посебно возило, во Териториална противпожарна единица на Општина Струга, со звање Пожарникар-спасител-возач шифра на работно место ПОЖ 02 10 В03 000 во – 2 (два) изаршител.

Кандидатите потребно е да ги исполнуват следните услови:

Општи услови

  • кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
    -да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способност за работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и
  • активно да го користи македонскиот јазик;

-Општи работни компетенции на основно ниво:

  • учење и развој,
  • комуникација,
  • остварување резултати,
  • работење со други/тимска работа и
  • ориентираност кон засегнати страни
    (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);

Посебни услови:

  • стручни квалификации : ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ,
  • работно искуство: најмалку една година во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;

Други посебни услови:

  • положен возачки испит –Ц категорија ; Распоред на работно време :
    Работното време на работникот се утврдува на 40 часа во работната недела.
    (полно работно време) и трае пет работни дена.
    Работното време на вработените се одвива во смени.
    Сменсокото работење трае 12 часа и тоа:
    Прва смена (дневна смена) започнува во 7,00 часот и завршува во 19,00 часот
    Втора смена(ноќна смена) започнува во 19,00 и завршува во 7,00 часот наредниот ден
    Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) според условите определени со ЗРО и колективниот договор . ; Паричен нето износ на плата : 25,357, денари;
  • Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не рачунајќи го денот на објавувањето.
    Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Струга ,ул ,,Партизанска ,, бб. Струга. Пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Струга да се достават до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака за Јавен Оглас како и на електронска адреса ocr@struga.gov.mk Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација
  • Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).
  • Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар ).
  • Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување , како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар ).
    -Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува
  • возачка дозвола за положен возачки испит –Ц категорија (заверена фотокопија на нотар); – Документот
    – уверение за со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
    Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот. Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите , комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите. По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите. По проверката на веродостојност на доказите , се закажува и врши интервју. Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа. По спроведената постапка на селекција, за секое различно работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
    Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена. Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

-Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

HAПOMEHA: Кандидатот кој приложил лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.

ЈАВЕН ОГЛАС
ПРИЈАВЕН ЛИСТ