vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(ФТТX Глобочичка запад)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга 28.10.2024 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

  1. Зa УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за изработка на оптичка телекомуникациска инфраструктура- ФТТX Глобочичка запад, КО Струга, Општина, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА за изработка на оптичка телекомуникациска инфраструктура- ФТТX Глобочичка запад, КО Струга, Општина Стругa, нема да има влијание врз животната средина .
  4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (Блок 4 во УЕ11)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22), Гадоначалникот на општина Струга, на 03.10.2024 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1.За Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план (ГУП) за Струга за Блок 4 во УЕ11 и Детален урбанистички план (ДУП) во Блок4 во УЕ 11, КО Струга и КО Мислешево- вон град , Општина Струга (Обединета постапка), кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  1. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план (ГУП) за Струга за Блок 4 во УЕ11 и Детален урбанистички план (ДУП) во Блок4 во УЕ 11, КО Струга и КО Мислешево- вон град , Општина Струга (Обединета постапка), се определуваат следните субјекти:
    Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3.За Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план (ГУП) за Струга за Блок 4 во УЕ11 и Детален урбанистички план (ДУП) во Блок4 во УЕ 11, КО Струга и КО Мислешево- вон град , Општина Струга (Обединета постапка), за чија изработка е одговорен ,,НЈУ ВИЖЕН ДОО ОХРИД,, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план (ГУП) за Струга за Блок 4 во УЕ11 и Детален урбанистички план (ДУП) во Блок4 во УЕ 11, КО Струга и КО Мислешево- вон град , ќе има влијание врз животната средина.

  1. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

  1. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

    ФОРМУЛАР

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Општина на дланка

Општина Струга се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

•           Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
•           Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
•           Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
•           Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
•           Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
•           Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Јавна набавка на 42 системи на соларни панели (5 kW) за Општина Струга, во Република Северна Македонија, и Општина Поградец, во Република Албанија.

Во рамките на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство ­ КУЛТУР„ финансиран од Европската Унија со договор бр. ИПА/2021/429­005 во рамките на активноста 2.2: Подобрување на потрошувачката на енергија на туристичките бизнис провајдери кои промовираат зелена енергија, инсталација PV, Здружението за еколошко одржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ објавува повик за:

Јавна набавка на 42 системи на соларни панели (5 kW) за Општина Струга, во Република Северна Македонија, и Општина Поградец, во Република Албанија.

Целосната документација за пријавување на овој повик можете да ја симнете на следниот линк:
Рокот за пријавување на понудите е: 14 декември 2024 година
Целосната тендерска документација треба да ја поднесете по пошта или на рака на адреса: Зелен
Институт, бул. Кочо Рацин 20/23, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Контакт е­маил: project.cooltour2022@gmail.com
Повикот со тендерската документација за оваа јавна набавка е достапна и на следните веб
страни:

https://www.greeninstitute.mk/mk/vesti/225-invitation-to-tender-for-supply-of-40-photovoltaic-panels-systems-5kw-municipality-of-struga-north-macedona-and-municipality-of-pogradec-albania

Одобрен урбанистички проект со план за парцелација

Урбанистички проект со план за парцелација за Г.П.15.1 и Г.П.15.2 во ДУП за Езерски Лозја дeл 1 и 2 во К.О.Мислешево општина Струга со тех.бр 04/2024 од септември 2024 изработена од ТД ” НЈУ ВИЖЕН ” доо Охрид

Урбанистички проект
Потврда за одобрување

Р ешение за свикување на 41 (четириесет и прва) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 41 (четириесет и прва) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 41 (четириесет и прва) седница на Советот на Општина Струга, за 15.11.2024 година (петок) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од триесет и осмата седница на Советот на општина Струга.
  • Записник од триесет и деветтата седница на Советот на општина Струга.
  • Записник од четириесетта седница на Советот на општина Струга.
  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за трет квартал 2024 година.
  2. Одлука за измена и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2024 година.
  3. Предлог – План на програми за развој на Општина Струга – Изградба и реконструкција на водоводи.
  4. Предлог – План на програми за развој на Општина Струга – Изградба на локални патишта и улици.
  5. Финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунално“-Струга, за период од 01.07 до 30.09.2024 година.
  6. Финансиски извештај за работата на трет квартал 01.07-30.09.2024 на ЈП „Еко Струга“ Струга.
  7. Програма за работа и разој на ЈП „Еко Струга“ Струга за 2025 година.
  8. Извештај за состојбата во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедност во патниот сообраќај на подрачјето на ПС од општа надлежност-Струга за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година.
  9. Годишен Извештај за работа на ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга за учебната 2023-2024 година.
  10. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга Воспитна 2024/2005 година.
  11. Годишна Програма за работа на воспитно-образовната дејност на Домот во учебната 2024/2025 година.
  12. Барање од Месна Заедница с.Горна Белица и Здружение „Регионален Зелен Центар“ – Охрид.
  13. Извештај за програмите во Секторот за јавни дејности за 2023 година.
  14. Извештај за реализација на Програмата за подршка и финансирање на НВО Општина Струга за 2023 година.
  15. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на култура за 2023 година.
  16. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на спортот и младите во 2023 година.
  17. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струга во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на Општина Струга за 2023 година.
  18. Предлог – Програма за активностите во областа на образованието на општина Струга за 2025 година.
  19. Предлог – Одлука за прифаќање на информација.
  20. Предлог – Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година.
  21. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Струга за 2025 година.
  22. Предлог – Решение за именување член на училишен одбор во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци.
  23. Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија на КП 2321/1 КО Мислешево вон град општина Струга.
  24. Барање за доделување финансиска помош од Демирка Зеќироска.
  25. Барање за доделување финансиска помош од Гезиме Насуфи.
  26. Барање за доделување финансиска помош од Роза Тортоска.
  27. Барање за доделување финансиска помош од Албулена Ала.
  28. Барање за доделување финансиска помош од Менсур Џакоски.
  29. Барање за доделување финансиска помош од Елијеса Алуши.

Материјали од 41 седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Покана

Почитувани,
Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Струга, Советот на Општина Струга има чест да Ве покани на свечената седница по овој значаен повод.
Свечената седница ќе се одржи на 8 ноември 2024 година, со почеток во 09:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга.
Ве покануваме да бидете дел од ова обележување и заедно да го прославиме големиот јубилеј на нашиот град.

Р Е Ш Е Н И Е за свикување Свечена седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 23 став 1 и член 25 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга„ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22) и член 58 од Деловникот за работа на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Стргуа„ бр.4/12), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување Свечена седница на Советот на општина Струга

Свечената седница на Советот на Општина Струга, ја свикувам за 08.11.2024 година (петок) со почеток во 09:00 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Одбележување на 80 години од ослободување на Струга од фашизмот.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Одобрен урбанистички проект со план за парцелизација

Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела од ГП 30.10 според извод од ДУП за УЕ 12 (индустриска зона)дел од блок 30,со намена Г2-Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и помалку загадувачки постројки за производство на енергија,во општина Струга со тех.бр 16-06/24 од август 2024,изработена од ЧИП ГРОУП” дооел Скопје.

Урбанистички проект
Потврда за одобрување

Се одобрува планска програма за Измени и дополнување, УЕ 9 дел од урбан блок 24 УМ 1,2,3 и 4 општина Струга

Се одобрува планска програма за Измени и дополнување на Детален урбанистички план  УЕ 9 дел од урбан блок 24 УМ 1,2,3 и 4 општина Струга (плански период 2024-2029) со тех.бр 13-1/24 од 09 2024 изработена од “ТАЈФА АРХИТЕКТИ ” дооел увоз-извоз Куманово

Решение
Планска Програма