vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

ЈАВЕН КОНКУРС

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 19-а и член 23 став 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), Градоначалникот на општина Струга, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на
ЈП „КОМУНАЛНО“ – Струга

1.Општина Струга има потреба од избор на директор на ЈП „КОМУНАЛНО“ – Струга со мандат од 4 (четири) години.

1.1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да има општа здравствена способност и
  • да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност

1.2.Кандидатите покрај општите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • да има минимум 5 (пет) години работно искуство;
  • да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 (пет) години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFEL iBT)-најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS)-најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal)-најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First)-положен БУЛАТС (BULATS)-најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)-најмалку ниво Б2 (В2).

2.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

  • молба (со точна адреса на живеење и телефон), со напомена за кое работно место конкурира;
  • кратка биографија (CV);
  • Предлог програма за работа и развој на претпријатието;
  • Уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност, да не е постаро од 6 (шест) месеци;
  • доказ дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да не е постаро од 6 (шест) месеци;
  • доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена кај нотар)
  • доказ за работно искуство издаден од Агенција за вработување;
  • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 (пет) години.

3.Работно време од 40 часа неделно (понеделник-петок) од 08:00 до 16:00 часот. Основна нето плата 75.000,00 денари.

4.Конкурсот трае 10 (десет) работни дена од денот на неговото објавување.

5.Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидатите.

6.Изборот на директор го врши Градоначалникот на општина Струга во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата од страна на комисијата.

7.Пријавата со потребните документи да се достават: во Архивата на општина Струга или по пошта на адреса Општина Струга ул.„Маршал Тито“ б.б. – Струга, со назнака за Јавен конкурс за ЈП „КОМУНАЛНО“.

ЈАВЕН КОНКУРС

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

Планот за одржлива урбана мобилност за Струга

Планот за одржлива урбана мобилност за Струга е изработен во рамките на Техничката поддршка за изработка на Планови за одржлива урбана мобилност за пет општини и обезбедување обука за изработка и имплементација на Планови за одржлива урбана мобилност (RFP бр.: LRCP-9034-MK–REoICS-CQS-A.1.1.5) во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта (LRCP) бр. P170267, кој е финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и се спроведува од Министерството за транспорт – Единица за спроведување на проекти.
Во насока на вклучување на пошироката заедница при изготвување на Планот за одржлив развој со цел вклучување на поквалитетни решенија и предлози, го објавуваме планот на увид на граѓаните.

Планот за одржлива урбана мобилност за Струга

Урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на комплекс од градби со намена Г2.1-Згради од лесна градежна индустрија на дел од К.П.960/1 К.О.Мороишта општина Струга

Урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на комплекс од градби со намена Г2.1-Згради од лесна градежна индустрија на дел од К.П.960/1 К.О.Мороишта општина Струга.

Потвдра за одобрување

Урбанистички пројект

Јавен повик за доделување финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Струга за 2026 година

Врз основа на Програмата за спорт и рекреација на Општина Струга за 2026 година и Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за распределба на финансиски средства, Општина Струга објавува:

  1. Предмет на јавниот повик
    Предмет на овој јавен повик е доделување финансиски средства за поддршка на:
    • спортски клубови и здруженија
    • спортски манифестации и активности
    • индивидуални спортисти
    • талентирани спортисти
    • тренери
  2. Вкупен буџет
    Вкупниот износ на средства изнесува 4.000.000 денари.
  3. Распределба на средствата
    🥇 Спортски клубови и здруженија
    • Вкупно: 2.400.000 денари
    • Фиксен дел: 25.000 денари по клуб (за клубови кои го поминале прагот)
    • Остатокот се распределува по бодови
    • Максимум: 200.000 денари по клуб

🥈 Спортски манифестации и активности
• Вкупно: 1.200.000 денари
• Средствата се распределуваат по бодови
• Максимум: 150.000 денари по проект

🥉 Индивидуални спортисти
• Вкупно: 200.000 денари
• Максимум: 30.000 денари

🥉 Талентирани спортисти
• Вкупно: 100.000 денари
• Максимум: 50.000 денари

🥉 Тренери
• Вкупно: 100.000 денари
• Максимум: 30.000 денари

  1. Право на учество
    Право на учество имаат:
    • спортски клубови и здруженија
    • спортски манифестации
    • индивидуални и талентирани спортисти
    • тренери
    кои се регистрирани или имаат живеалиште на територија на Општина Струга и се евидентирани во Регистарот на Општината.
  2. Услови за учество
    Апликантите треба да ги исполнуваат условите утврдени со Правилникот, вклучително:
    • да се регистрирани согласно закон
    • да немаат нерасчистени обврски кон Општината
    • да имаат доставено извештај за претходно добиени средства (доколку биле корисници)
  3. Потребна документација
    Апликантите се должни да достават документација согласно Правилникот, вклучително:
    • пополнета апликациска форма
    • тековна состојба
    • потврди од надлежни институции
    • програма за работа / план за активности
    • изјави
  4. Начин на аплицирање
    Апликациите се поднесуваат во печатена форма (физички) во архивата на Општина Струга, во затворен плик со назнака:
    „По јавен повик за спорт – НЕ ОТВОРАЈ“
  5. Рок за аплицирање
    Рокот за поднесување на апликации е 15 дена од денот на објавување.
  6. Постапка на оценување
    Апликациите ќе бидат:
    • административно проверени
    • евалуирани од Комисија согласно критериумите од Правилникот
    Минималниот праг е:
    • 50 поени за клубови и манифестации
    • 60 поени за спортисти и тренери
  7. Доделување на средства
    Средствата се доделуваат:
    • согласно бројот на освоени бодови
    • согласно утврдената распределба
    • со почитување на максималните износи
    Општина Струга го задржува правото да изврши прераспределба на средствата согласно квалитетот на апликациите.
  8. Обврски на корисниците
    • користење на средствата исклучиво за намената
    • доставување на наративен и финансиски извештај
    • овозможување контрола од страна на Општината
  9. Дополнителни информации
    Општина Струга го задржува правото:
    • да не додели средства
    • да побара дополнителни информации
    • да врши контрола на реализацијата

Јавен повик за доделување финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Струга за 2026 година

Врз основа на Програмата за спорт и невладини организации на Општина Струга за 2026 година и Правилникот за утврдување на постапката, критериумите и начинот на доделување финансиски средства, Општина Струга објавува:

  1. Предмет на јавниот повик
    Предмет на овој јавен повик е доделување финансиска поддршка за реализација на програми и проекти од јавен интерес на територијата на Општина Струга.
  2. Приоритетни области
    • Култура
    • Животна средина
    • Млади
    • Образование
    • Родова еднаквост
    • Социјална заштита
  3. Вкупен буџет и типови на грантови
    Вкупниот износ на средства изнесува 1.200.000 денари, распределени на:
    • Мини грантови (Апликација за мини грант):
    до 30.000 денари по проект
    вкупно 300.000 денари (10 грантови)
    • Грантови (Образец 1 и Образец 2):
    до 100.000 денари по проект
    вкупно 900.000 денари (9 грантови)
    Општина Струга го задржува правото да изврши поинаква распределба на средствата согласно квалитетот на пристигнатите апликации или да обезбеди рамномерна распределба.
  4. Право на учество
    Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации кои:
    • се регистрирани со седиште на територија на Општина Струга
    • се активни најмалку 12 месеци
    • немаат нерасчистени финансиски обврски кон Општина Струга
    • се запишани во Регистарот на организации на Општина Струга
    Секоја организација може да поднесе само една апликација и може да добие само едно финансирање во текот на годината.
  5. Партнерства
    Апликации со партнери се дозволени, но не се задолжителни.
  6. Времетраење и реализација на проектите
    • Проектите треба да траат од 1 до 3 месеци
    • Сите проекти мора да бидат завршени најдоцна до 15 октомври 2026 година
    • Активностите мора да се реализираат исклучиво на територија на Општина Струга
  7. Финансиски услови
    • Дозволено е ко-финансирање
    • Доделените средства може да се користат и како ко-финансирање
    • Исплатата се врши однапред (авансно)
    • Исплатата се врши исклучиво на трансакциска сметка на организацијата
  8. Прифатливи активности
    Средствата се наменети исклучиво за:
    • реализација на директни активности
    • настани, работилници, кампањи и други активности од јавен интерес
    Не се дозволени:
    • хонорари
    • набавка на опрема
    • други трошоци што не се директно поврзани со активности
  9. Обврски на корисниците
    • Задолжително користење на логото на Општина Струга во сите промотивни материјали
    • Доставување извештај за реализација на проектот согласно договорот
  10. Потребна документација
    Апликацијата треба да содржи:
    • пополнета апликациска форма
    • буџет
    • тековна состојба
    • статут
    • потврда/изјава за немање обврски кон Општина Струга
    • изјава за вистинитост на податоците
  11. Начин на аплицирање
    Апликациите се поднесуваат во печатена форма (физички) во архивата на Општина Струга.
  12. Рок за аплицирање
    Рокот за поднесување на апликации е 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.
  13. Постапка на оценување
    Постапката се состои од:
    • административна проверка
    • квалитативно оценување
    Минималниот праг за финансирање е 60 бода.
  14. Дополнителни информации
    Општина Струга го задржува правото:
    • да не додели средства доколку нема доволен квалитет на апликации
    • да побара дополнителни информации
    • да ја прилагоди распределбата на средствата.

Апликација за мини грант
Формулар 1
Формулар 2

Решение за свикување 5 (петта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 5 (петта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 5 (петта) седница на Советот на Општина Струга, за 23.04.2026 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од првата конститутивна седница на Совет на Општина Струга, оддржана на ден 14.11.2025 година.
  • Записник од 1-ва вонредна седница на Советот на Општина Струга.
  1. Предлог – Програма за поддршка на локалниот економскии развој за 2026 година.
  2. Годишен план за вработување на Основно општинско музичко училиште-Струга за 2027 година.
  3. Програма за работа на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за 2026 година.
  4. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Комунално“ – Струга.
  5. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунално“ – Струга.
  6. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
  7. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
  8. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
  9. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
  10. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Октиси“ – с.Октиси.
  11. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Октиси“ – с.Октиси.
  12. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  13. Предлог – Решение за именување членови на надзоре нодбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  14. Предлог – Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи.
  15. Предлог – Програма за култура на Општина Струга за 2026 година
  16. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Браќа Миладиновци“-Струга.
  17. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Јосип Броз Тито“-Струга.
  18. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Зини Хани“-с.Велешта.
  19. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Ашим Агуши“-с.Радолишта.
  20. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Единство“-с.Октиси.
  21. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Св.Климент Охридски“-с.Драслајца.
  22. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Гоце Делчев“с-Подгорци.
  23. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Нури Мазари“-с.Делогожда.
  24. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Мурат Лабуништа“-с.Лабуништа.
  25. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Гоце Делчев“-с.Јабланица.
  26. Завршна сметка за 2025 година на ООУ „Орхан Џемаили“-с.ГорноТатеши.
  27. Завршна сметка за 2025 година на Општинско основно музичко училиште Струга.
  28. Завршна сметка за 2025 година на СОУ „Нико Нестор“-Струга.
  29. Завршна сметка за 2025 година на СОУ „Д-р Ибрахим Темо“-Струга.
  30. Годишен план за вработување на СОУ „Нико Нестор„ – Струга за 2027 година.
  31. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Димко Маркоски.
  32. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Луљета Џила.
  33. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Марина Прентоска.
  34. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Нафис Бакиу.
  35. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Нешат Ибушоски.
  36. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Оливер Павлески.
  37. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Славица Таневска
  38. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Снежана Попоска.
  39. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар – камионетa за потребите на ЈКП Комунално – Струга, товарно возило B-MINI TRUCK C31,
  40. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар – камионетa за потребите на ЈКП Комунално – Струга, товарно возило ДФСК К01Х, B-MINI TRUCK CHL.
  41. Предлог – Решение за разрешување на член на училишен одбор од страна на основачот на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
  42. Предлог – Решение за именување на член на училишен одбор на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
  43. Предлог – Одлука за донесување Измена и дополна на ГУП за блок 30 северен дел град Струга К.О. Мороишта, Општина Струга
  44. Иницијатива од ПТУД “ХАЏИ ЛАЧКА ЛМ“ увоз извоз ДООЕЛ с.Мороишта, Струга, за изработка на Урбанистички проект за стопански и индустриски намени за дел од К.П. 931/8 во К.О Мороишта за изградба на објект со намена Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија – општина Струга.
  45. Иницијатива за Изработка на Урбанистички проект за стопански и индустриски намени за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и помалку загадувачки постројки за производство на енергија, на К.П. 932/3, К.П 932/8 и К.П 932/12 КО Мороишта во УЕ 12 (индустриска зона) дел од блок 30 општина Струга, поднесена од Мендим Жута од с.Велешта.
  46. Предлог – Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.
  47. Прддлог – Одлука за усвојување на измена и дополнување на Развојните програми на општина СТРУГА за периодот 2026-2028 бр.08-5399/4.
  48. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп без надоместок просториите во објектот на стара Општинска зграда во 3 спрат канцелариите број 3, 5, 7, 9, за потребите на ЈП „Еко Струга.
  49. Правилник за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Струга.
  50. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга.
  51. Предлог одлуката за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2026 за разгледување и донесување.

Материали од 5-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Одлука за избор на административен службеник по пат на интерен оглас бр.02/2026

 

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21, 99/22, 208/2024, 114/25, 252/25, 266/25), Градоначалникот на Општината Струга, донесе

                  О Д Л У К А

 за  избор на административен службеник по пат на интерен оглас  бр.02/2026

  1. УПР0101Б02000 co шифра на работно место Раководител на сектор, во Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител
    се избира кандидатот Стојанчо Шопоски .
  2. Административниот службеник ќе биде унапреден на работното место од претходниот став, по конечноста на оваа Одлука, врз основа на донесено решение.
  3. Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 02/2026.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 03.04.2026 година.
Со решение број 04-1973/8 од 07.04.2026 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.02/2026, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-1973/9 од 08.04.2026 и Записник од спроведување на интервју бр.04-1973/11 од 08.04.2026.

Врз основа на Финалната ранг листа на интервјуираниот кандидат со предлог одлука за избор на прворангираниот кандидат бр. 04-1973/14 од 08.04.2026, изготвена од страна на Комисијата за селекција за унапредување, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Струга.

Доставено до:

  • кандидатот,
  • Архива
  • Одделение за управување со човечки ресурси

Одлука

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначланик,
Менди Ќура

Одлука за не вршење на избор на административен службеник по пат на интерен оглас бр.02/2026

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, бр.27/14, 199/14 , 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 , 208/2024, 114/25,252/25,266/25), Градоначалникот на Општината Струга, донесе

О Д Л У К А
за не вршење на избор на административен службеник по пат на
интерен оглас бр.02/2026

  1. Pаботно место со ред. бр.2 ИНС0101B02000 co шифра на работно место, Самостоен инспектор- за утврдување и наплата на даноци и такси, Cектор за инспекциски надзор-инспекторат, одделение за инспекциски надзор за јавни дејности, угостителско-туристичка дејност и даноци – 1 (еден) извршител, НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР.
  2. Оваа одлука стапува на сила по објавување на веб страната на Општина Струга.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Струга спроведе постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 02/2026.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на општина Струга и на Агенцијата за администрација на ден 03.04.2026 година.
Со решение број 04-1973/8 од 07.04.2026 година формирана е Комисија за селекција за унапредување по интерен оглас бр.02/2026, која ја спроведе постапката за административна селекција на кандидатите за унапредување. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за интерен оглас, број 04-1973/10 од 08.04.2026 Комисијата констатирала дека на огласот на горенаведенто место се пријавени вкупно 1 кандидати од кои 0 уреден кандидат и 1 неуредни кандидати. Како причина за неуредност се наведува дека кандидатот не исполнува условите во однос на Законот за инспекциски надзор (решение за распоредување).
Врз основа на горенаведеното не се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Струга.

Доставено до:

  • кандидатот,
  • Архива
  • Одделение за управување со човечки ресурси

Одлука

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Менди Ќура

Oдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А.4.3(К.П.2839/38, К.П.2839/37…)

Oдобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А.4.3-Викенд куќи и други објекти за времено сместување,на К.П.2839/38, К.П.2839/37 К.П.2839/36, К.П.2839/35,К.П.2839/34, К.П.2839/33, К.П.2839/32, К.П.2839/30, К.П.2839/29, К.П.2839/28, К.П.2839/27 и делови од К.П.2839/3 и К.П.2845 К.О.Струга општина Струга, со тех бр 08-03/24 од ноември 2025, изработен од”ЧИП ГРОУП”дооел Скопје.

Решение

Урбанистички проект

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2026 за унапредување на административни службеници во Општина Струга

Врз основа нa член 30, став (1) алинеја (2) став (3) и став (5) и член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и бр.14/20, бр.215/2021 и 99/2022,208/24,, како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во Зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник нa Република Македонија“ 259/2024), во согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Струга број 09-3840/1 од 05.10.2016 година, бр. 798 од 27.02.2017 година, 09-1696/1 од 04.04.2018 година, бр.09-2858 од 25.06.2018 и 09-3112 од 23.07.2019, бр.09-3604/4 од 23.09.2019 година, бр.09-4988/1 од 16.12.2019 година, бр.04-103/1 од 09.01.2020, бр.09-3480 од 28.10.2020, 09-4175/1 од 10.11.2021 година бр. 09-4175/2 од 10.11.2021, бр. 09-2742/4 од 29.07.202, бр. 03-3020/2 од 16.11.2021 и бр.09-3987/1 19.09.2022, 09-5233/1 од 13.12.2023 04-520/1 од 21.01.2025 и 09-2581/1 од 13.05.2025, 04-3462/2 од 08.07.2025, , бр.09-3576/1 од 15.07.2025, бр.04-3787/1 од 28.07.2025 година бр.09-1867/1 од 26.03.2026година, како и согласно член 50 став 1 алиинеја 14 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ 5/02, и „Службен весник на Република Северна Македонија„ и Службен весник на РСМ бр.202/24), и врз основа на Годишен план за вработување за 2026 година бр.04-3737/3 од 27.08.2025 година и позитивно мислење од Министерство за јавна администрација со бр.35-3737/8 од 17.09.2025., Општина Струга објавува :

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2026
за унапредување на административни службеници во Општина Струга

Општина Струга објавува интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници за следните работни места:

  1. УПР0101Б02000 co шифра на работно место Раководител на сектор. во Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
  • Општесвени науки- Економија и бизнис
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку oсум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор,
    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици Ha Европската Унија (англиски, француски, германски),
    — потврда за положен испит за административно управување. Потреби општи работни комепетенции на основно ниво:
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • раководење; и
  • финансиско управување

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
    -работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 57.574,00 денари.
  1. ИНС0101B02000 co шифра на работно место Самостоен инспектор- за утврдување и наплата на даноци и такси, сектор за инспекциски надзор-инспекторат, одделение за инспекциски надзор за јавни дејности, угостителско-туристичка дејност и даноци-виш инспектор – 1 (еден) извршител

Општи услови

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
    -да има општа здравствена способна работното место,
    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
— VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

  • Економски науки или Правни науки
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку две (2) години работно искуство во струката,
    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици нa Европската Унија (англиски, француски, германски), Потреби општи работни комепетенции на напредно ниво:
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа;
  • стратешка свест;
  • ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • раководење; и
  • финансиско управување

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
    -работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
    -Паричниот износ на основната нето плата 42.822,oo или 41.359, oo денари. Заинтересираните административни службеници за унапредување треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови утврдени co Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и:
  • да е оценет со оцена “A” или “Б“ при последно оценување,
    -дa е на работно место на непосредно пониско -ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
    -да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавуваањето на интерниот оглас .
    Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Општина Струга кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
    Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:
    -потврди за успешно реализирани обуки и/или,
    -потврди за успешно реализирано менторство. Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на Општина Струга до Одделение за управување со човечки ресурси на адреса Општина Струга, ул. Плоштад Мајка Тереза б.б. Струга како и до службената електронска адреса: ocr@struga.gov.mk Не навремена, нецелосна и неуредна пријава, нема да биде предмет на разгледување. Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Струга.

HAПOMEHA: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.

Ослас