vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одобрена Планска програма(дел од урбана единица 2 урбан блок 9)

               Одобрена Планска програма за изработка на Изменување и дополнување на Генерален Урбанистички План за дел од урбана единица 2 урбан блок 9 и Детален Урбанистички План за дел од урбана единица 2 урбан блок 9 во обединета постапка општина Струга,со тех.бр 93/2025 од јуни 2026,изработена од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.

Проектна програма
Решение

Решение за свикување 5 (петта) вонредна седница на Советот на Општина Струга

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 26 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18, 10/19, 22/19, 11/20, 12/22 и 14/22) и член 59 став 4 од Деловникот на Советот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр.4/18), Претседателот на Советот на Општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 5 (петта) вонредна
седница на Советот на Општина Струга

Ја свикувам 5 (петтата) вонредна седница на Советот на Општина Струга, за 07.07.2026 год. (вторник) со почеток во 14:00 часот, во големата сала на Советот на Општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на тарифа на цени по зони, за организирање на зонско паркирање на град Струга.
  3. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
  4. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
  5. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  6. Барање за преземање на долг на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.
  7. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.
  8. Исправка на грешка на предлог-одлуката за измена и дополна на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Струга за 2026 година.

    Материали од седницата

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Измена и дополнување на ГУП за блок 30(2021-2031)


Измена и дополнување на ГУП за блок 30,северен дел од град Струга,КО Мороишта,општина Струга,плански период (2021-2031) изработен од Артиго дооел Скопје тех.број 02-12/2021-1 од ноември 2024 год.

Согласност од Министерство за транспорт .

Одлука од Совет на општина Струга

Планска документација
Текстуален дел
Графичкиот дел

Јавен повик за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата од Буџетот на Општина Струга за 2026 година

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 88 став 2 точка XX од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 2/18, 10/19, 22/19 и 11/20), а согласно Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година, усвоена од Советот на Општина Струга на 5-тата седница одржана на 23.04.2026 година, Градоначалникот на Општина Струга објавува

Јавен Повик

За финансиска поддршка на проекти од сите области на културата од Буџетот на Општина Струга за 2026 година

1. Општи информации

Во согласност со Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година, а во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на културна сцена, Општина Струга распишува Конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

2. Предмет на јавниот повик

Предмет на овој јавен повик е доделување финансиска поддршка за реализација на културни настани и проекти од јавен интерес на територијата на Општина Струга.

3. Области за учество на апликантите

Врз основа на член 10 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Струга, учесниците на Конкурсот треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области:

– Изведбени уметности
– Музички уметности
-Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
– Издавачка и библиотечна дејност
– Промоција на културното наследство
– Креативни индустрии

Општина Струга, согласно Програмата за култура за 2026 година, ќе поддржи културни проекти и активности кои придонесуваат за збогатување на културниот живот, поттикнување на креативноста и афирмација на локалните културни потенцијали:

–   Манифестации и фестивали
–  Театарска дејност
–  Музичка и музичко-сценска дејност
–  Фолклор
–  Ликовни уметности, изложби и дизајн
–  Литература и издавачка дејност
–  Комеморативни активности
–  Саеми

4. . Право на учество и потребна документација

На овој Конкурс може да се пријават сите физички лица кои вршат дејност од областа на културата, како и сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Струга како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или организацијата

– да имаат најмалку една година работно искуство во културата

– да приложат минимум една референца за реализирана уметничка активност (за физичките лица)

Правните субјекти – установи од областа на културата, здруженија на граѓани, невладини организации, фондации и други правни лица да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга:

б) Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

в) Потврда за отворена и активна жиро сметка со банката;

г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти, програмски активности и манифестации во последните три години.

Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга

б) Кратка биографија и СV на апликантот;

в) Доказ за жителство во Општина Струга;

г) Минимум 1 референца за реализирана уметничка активност;

д) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на апликантот, не ополномоштена од трето лице).

Секој апликант може да аплицира и да добие средства само од еден јавен повик објавен од Општина струга во текот на 2026.

5. Критериуми за евалуација на квалитетот на проектот

Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Струга

 се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на проектот. Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот

– да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во Општината.

6.  Партнерства

Апликации со партнери се дозволени, но не се задолжителни.

7.  Времетраење и реализација на проектите

  • Сите проекти мора да бидат завршени најдоцна до 15 ноември 2026 година
  • Активностите мора да се реализираат исклучиво на територија на Општина Струга

8.  Финансиски услови

  • Дозволено е ко-финансирање
  • Доделените средства може да се користат и како ко-финансирање
  • Исплатата се врши исклучиво на трансакциска сметка на организацијата или на физичо лице.

9. Прифатливи активности

Средствата се наменети исклучиво за:

  • реализација на директни активности
  • настани, работилници, промоции и други активности од јавен интерес, при што добиениот буџет од Општина Струга треба да биде во согласност со проектот.

10.  Обврски на корисниците

  • Задолжително користење на логото на Општина Струга во сите промотивни материјали
  • Доставување извештај за реализација на проектот согласно договорот

11.  Рок и начин на аплицирање

Рок за поднесување на пријавите е 8 (осум) дена од денот на објавување на Конкурсот на веб-страницата на Општина Струга.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Струга

Сектор за јавни дејности/Одделение за образование и култура

ул. „Маршал Тито“ бб , 6330 Струга

односно, во Архивата на Општина Струга од 9.00 до 16.00 часот

со назнака: КОНКУРС за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

12. Постапка на оценување

Постапката се состои од:

  • административна проверка
  • квалитативно оценување

Минималниот праг за финансирање е 100 бода.

13.  Дополнителни информации

Општина Струга го задржува правото:

  • да не додели средства доколку нема доволен квалитет на апликации
  • да побара дополнителни информации
  • да ја прилагоди распределбата на средствата

Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат. Проектите поддржани со овој Конкурс се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Струга за 2026 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината, а максималниот износ по одобрен проект изнесува 250.000,00 денари.  Вкупните средства за Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата изнесуваат 1.200.000,00 денари. Учесниците на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Струга ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Конкурсот.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Струга https://www.struga.gov.mk/

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец, пријавите што не се пополнети електронски или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Јавен Повик
Пријава

Јавен Повик „Струшко културно лето 2026“ (21 јуни – 21 август 2026 година) – дел од Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година.

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 88 став 2 точка XX од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 2/18, 10/19, 22/19 и 11/20), а согласно Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година, усвоена од Советот на Општина Струга на 5-тата седница одржана на 23.04.2026 година, Градоначалникот на Општина Струга објавува

Јавен Повик

„Струшко културно лето 2026“ (21 јуни – 21 август 2026 година) – дел од Програмата за култура  на Општина Струга за 2026 година.

1. Општи информации

Во согласност со Програмата за култура на Општина Струга за 2026 година, а во функција на поддршка, промоција, афирмација и унапредување на креативните можности и изразување на културна сцена, Општина Струга распишува Конкурс за финансиска поддршка на Струшко културно лето 2026 (21 Јуни-21 Август)

2. Предмет на јавниот повик

Предмет на овој јавен повик е доделување финансиска поддршка за реализација на културни настани и проекти од јавен интерес на територијата на Општина Струга.

3. Области за учество на апликантите

Врз основа на член 10 од Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за проекти и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Струга, учесниците на Конкурсот треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општината за следниве приоритетни области:

– Изведбени уметности
– Музички уметности
-Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
– Издавачка и библиотечна дејност
– Промоција на културното наследство
– Креативни индустрии

Општина Струга, согласно Програмата за култура за 2026 година, ќе поддржи културни проекти и активности кои придонесуваат за збогатување на културниот живот, поттикнување на креативноста и афирмација на локалните културни потенцијали:

–   Манифестации и фестивали
–  Театарска дејност
–  Музичка и музичко-сценска дејност
–  Фолклор
–  Ликовни уметности, изложби и дизајн
–  Литература и издавачка дејност
–  Комеморативни активности
–  Саеми

4. . Право на учество и потребна документација

На овој Конкурс може да се пријават сите физички лица кои вршат дејност од областа на културата, како и сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Струга како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година

– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението или организацијата

– да имаат најмалку една година работно искуство во културата

– да приложат минимум една референца за реализирана уметничка активност (за физичките лица)

Правните субјекти – установи од областа на културата, здруженија на граѓани, невладини организации, фондации и други правни лица да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга:

б) Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;

в) Потврда за отворена и активна жиро сметка со банката;

г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти, програмски активности и манифестации во последните три години.

Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:

а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Струга

б) Кратка биографија и СV на апликантот;

в) Доказ за жителство во Општина Струга;

г) Минимум 1 референца за реализирана уметничка активност;

д) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на апликантот, не ополномоштена од трето лице).

Секој апликант може да аплицира и да добие средства само од еден јавен повик објавен од Општина струга во текот на 2026.

5. Критериуми за евалуација на квалитетот на проектот

Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Струга

 се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за реализација на проектот. Проектот треба да содржи најмалку три од наведените услови за конкурирање

– да има стручни кадри кои ќе бидат вклучени во проектот

– да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот

– да содржи план за вклученост на заедницата во реализација на проектот

– да работи на афирмирање и анимирање на нови културни простори во Општината.

6.  Партнерства

Апликации со партнери се дозволени, но не се задолжителни.

7.  Времетраење и реализација на проектите

  • Сите проекти мора да бидат завршени најдоцна до 15 ноември 2026 година
  • Активностите мора да се реализираат исклучиво на територија на Општина Струга

8.  Финансиски услови

  • Дозволено е ко-финансирање
  • Доделените средства може да се користат и како ко-финансирање
  • Исплатата се врши исклучиво на трансакциска сметка на организацијата или на физичо лице.

9. Прифатливи активности

Средствата се наменети исклучиво за:

  • реализација на директни активности
  • настани, работилници, промоции и други активности од јавен интерес, при што добиениот буџет од Општина Струга треба да биде во согласност со проектот.

10.  Обврски на корисниците

  • Задолжително користење на логото на Општина Струга во сите промотивни материјали
  • Доставување извештај за реализација на проектот согласно договорот

11.  Рок и начин на аплицирање

Рок за поднесување на пријавите е 8 (осум) дена од денот на објавување на Конкурсот на веб-страницата на Општина Струга.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Струга

Сектор за јавни дејности/Одделение за образование и култура

ул. „Маршал Тито“ бб , 6330 Струга

односно, во Архивата на Општина Струга од 9.00 до 16.00 часот

со назнака: КОНКУРС за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата.

12. Постапка на оценување

Постапката се состои од:

  • административна проверка
  • квалитативно оценување

Минималниот праг за финансирање е 100 бода.

13.  Дополнителни информации

Општина Струга го задржува правото:

  • да не додели средства доколку нема доволен квалитет на апликации
  • да побара дополнителни информации
  • да ја прилагоди распределбата на средствата

Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат. Проектите поддржани со овој Конкурс се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Струга за 2026 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината, а максималниот износ по одобрен проект изнесува 250.000,00 денари.  Вкупните средства за Конкурсот за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата изнесуваат 1.000.000,00 денари. Учесниците на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Струга ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Конкурсот.

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Струга https://www.struga.gov.mk/

Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец, пријавите што не се пополнети електронски или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

Јавен повик
Пријава

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 7 (седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 7 (седма)

седница на Советот на општина Струга

            Ја свикувам 7 (седма) седница на Советот на Општина Струга, за 16.06.2026 год. (вторник) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Записник од 3-та вонредна седница на Советот на општина Струга

  1. Годишен план за вработување за 2027 година во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ Струга.
  2. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Ашим Агуши“ с.Радолишта.
  3. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.
  4. Предлог – Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на Општинско основно училиште „Јосип Броз Тито“ – Струга.
  5. Предлог – Одлука за разрешување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  6. Предлог – Решение за именување на член на Училишен одбор во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  7. Предлог – Решение за именувањето на член на училишен одбор на ООУ “Ашим Агуши“- с. Радолишта.
  8. Предлог – Одлука за усвојување на годишен Општински Енергетски План на Општина Струга за 2027 година.
  9. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Славка Голабоска.
  10. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Сaшо Мечкароски.
  11. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Бујар Османоски.
  12. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Мирослав Спироски.
  13. Барање за доделување на финансиска помош за лицето Весна Јовческа.
  14. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданоста на доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство „Контрола и управување на проблемот со кучиња скитници“.
  15. Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство.
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП.бр.2857 КО Лабуништа – вонград по барање на лицето Кујтим Ќазими од с.Лабуништа – Струга.
  17. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
Материали од 7-та седница
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Решение за свикување 6 (шестта) седница на Советот на општина Струга

         Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 6 (шестта) седница на Советот на општина Струга

            Ја свикувам 6 (шестта) седница на Советот на Општина Струга, за 22.05.2026 год. (петок) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

            Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од 2-pа седница  на  Совет на Општина Струга, оддржана на ден 10.12.2025 година.

– Записник од 2-pа вонредна седница  на  Советот на Општина Струга, оддржана на ден 22.12.2025 година

  1. Измена и дополнување на Буџетот на Општина Струга за 2026 година.
  2. Буџетски календар на Општина Струга за 2027 година.
  3. Квартален извештај за реализација на Буџетот на Општина Струга за период 01.01-31.03.2026.
  4. Годишен извештај со интегриран финансиски извештај за реализација на Програмата за равој на југозападен плански регион за 2025 година.
  5. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ Лабуништа за период од 01.10.2025 до 31.12.2025 како и споредување со постигнатите финансиски резултати за период од 01.10.2024 до 31.12.2024.
  6. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Мурат Лабуништи“ с.Лабуништа.
  7. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Орхан Џемаили“ с. ГорноТатеши, Струга.
  8. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Зини Хани“ с.Велешта, Струга
  9. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Нури Мазари“ с.Делогожда, Струга.
  10. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
  11. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Единство“ Октиси.
  12. Годишен план за вработување за 2027 година во ООУ „Св. Климент Охридски“ с.Драслајца.
  13. Иницијатива поднесена од Арбен Бојку од Струга за Изработка на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 18, ГП 19 и ГП 20 од Измена и дополнување за дел од ДУП од УЕ 7 Општина Струга.
  14. Иницијатива поднесена од ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план Новопланиран CH10 (20) kv подземен кабелски вод од кабелска спојница на постоен кабелски извод до новопланирана трафостаница на дел од К.П 851/14 во К.О Подгорци општина Струга.
  15. Предлог – Одлука за утврдување НАЦРТ ПЛАН на Измена и дополнување  на Детален Урбанистички план  во УЕ 11 Блок 2 дел 1, Општина Струга плански период 2022-2027 – во синхронична постапка.
  16. Предлог – Одлука за утврдување НАЦРТ ПЛАН на Измена и дополнување  на Генерален Урбанистички план на Струга (2007-2017) за Блок 2 од УЕ 11, Општина Струга плански период 2022-2032 – во синхронична постапка.
  17. Решение за именување на член на училишниот одбор на СОУ „Нико Нестор“ Струга.
  18. Решение за именување на членови на училишниот одбор на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ Струга.
  19. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
  20. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
  21. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Комунално“ – Струга.
  22. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунално“ – Струга.
  23. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  24. Предлог – Решение за именување членови на надзоре нодбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  25. Предлог – Решение за именување членови на Управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
  26. Предлог – Решение за именување членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
  27. Заклучок за исправка на грешка на Рeшение за свикување на 5-та седница на Советот на општина Струга.

Материали од 6-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Мите Стефоски

Oдобрен Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Г2.1(К.П. 1111/1 К.П. 1111/3 и К.П.1077/5 К.О.Мороишта)

Oдобрен Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Г2.1 Згради од лесната градежна индустрија-фабрички комплекси индустриски работилници хали за монтажа складови топлани генераторски станици погони и бази за производство на асфалт и бетон на К.П. 1111/1 К.П. 1111/3 и К.П.1077/5 К.О.Мороишта,општина Струга,,изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.

Р Е Ш Е Н И Е

Урбанистички проект

Идеен проект 1
Идеен проект 2
Идеен проект 3