vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 59 (педесет и деветта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување  59 (педесет и деветта)

седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 59 (педесет и деветта) седница на Советот на Општина Струга, за 07.09.2021 год. (вторник) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од 56-тата седница на Советот на општина Струга.

– Записник од 57-тата седница на Советот на општина Струга.

– Записник од 58-тата седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог – Одлука за донесување ДУП за дел од Блок 30, КО Мороишта.
  2. Предлог – Програма за изградба на спортска сала до 1500 м2 на КП 2002/1 КО Струга.
  3. Предлог – Програма за изградба на спортска сала до 1500 м2 на КП 157 и 407 КО Делогожди.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга, за 2022 година.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа, за 2022 година.
  6. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во СОУ „Ибрахим Темо“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  7. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  8. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  9. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга за учебната 2021/2022 година.
  10. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за учебната 2021/2022 година.
  11. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за учебната 2021/2022 година.
  12. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Г.Татеши за учебната 2021/2022 година.
  13. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2021/2022 година.
  14. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Единство“ – с.Октиси за учебната 2021/2022 година.
  15. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта за учебната 2021/2022 година.
  16. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за учебната 2021/2022 година.
  17. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици  и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2021/2022 година.
  18. Предлог – Одлука за утврдување паралелки  со помал број на ученици во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2021/2022 година.
  19. Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Ибрахим Темо„ – Струга  за  учебната 2021/2022 година.
  20. Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Нико Нестор„ – Струга  за  учебната 2021/2022 година.
  21. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци„ – Струга  за  учебната 2021/2022 година.
  22. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга  за  учебната 2021/2022 година.
  23. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Нури Мазари„ – с.Делогожда  за  учебната 2021/2022 година.
  24. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Ашим Агуши„ – с.Радолишта  за  учебната 2021/2022 година.
  25. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Орхан Џемаили„ – с.Г.Татеши  за  учебната 2021/2022 година.
  26. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Св. Климент Охридски„ – с.Драслајца за  учебната 2021/2022 година.
  27. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Единство„ – с.Октиси за  учебната 2021/2022 година.
  28. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Зини Хани„ – с.Велешта за  учебната 2021/2022 година.
  29. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Мурат Лабуништи„ – с.Лабуништа за  учебната 2021/2022 година.
  30. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Јабланица за  учебната 2021/2022 година.
  31. Предлог – Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Подгорци за  учебната 2021/2022 година.
  32. Предлог – Годишна програма за работа на Основното општинско Музичко училиште – Струга за  учебната 2021/2022 година.
  33. Предлог Одлука за доделување на финансиска помош Васко Јолески.
  34. Предлог Одлука за доделување на финансиска помош Перо Прентоски.

Материли од 59-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Р Е  Ш Е Н И Е За свикување 58 (педесет и осмата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување  58 (педесет и осмата)

седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 58 (педесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 12.08.2021 год. (Четврток) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Втор Ребаланс на Буџет на општина Струга за 2021 година.
  2. Извештај за работата на ЈП„Комунално“-Струга, за период од 01.01.2021 до 30.06.2021 година,
  3. Извештај за работата на ЈП„Водовод и Канализација“-Струга, за период од 01.01.2021 до 30.06.2021 година,
  4. Извештај за работата на ЈКП„Хигиена“-с.Лабуништа, за период од 01.04.2021 до 30.06.2021 година,
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Комунално“-Струга, за 2022 година.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ЈП „Водовод и Канализација“-Струга, за 2022 година.
  7. Измена и дополнување на Правилник за определување на локации за поставување на урбана опрема,
  8. Измена и дополнување на Одлука за утврдување и наплата на комунална такса.
  9. Прифатена иницијатива за изработка на Урбанистички проект со парцелизација за ГП 3.23, 3.24, 3.25, 3.26 и 3.29 во ДУП за УЕ-7, дел од блок 20  1,2,3,4 и дел од блок 21  1,2,3,4,5, Струга
  10. Предлог Одлука за доделување на финансиска помош Дитмир Сули

Материли од 58-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 57 (педесет и седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 57 (педесет и седма)
седница на Советот на општина Струга

  Ја свикувам 57 (педесет и седмата) седница на Советот на Општина Струга, за 30.07.2021 год. (Петок) со почеток во 08:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од 55-тата седница на Советот на општина Струга.
  1. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга II/2021 година.
  2. Квартален извештај за работата на ЈП„ЕКО-СТРУГА„-Струга II /2021 година
  3. Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Струга за 2022 година.
  4. Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица за 2022 година.
  5. Предлог – Одлука за согласност на Изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга.
  6. Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
  7. Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на јавни паркиралишта за зонско паркирање на подрачјето на град Струга.
  8. Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на тарифа на цени по зони, за организирање на зонско паркирање на град Струга
  9. Предлог мислење за донесување на урбанистички проект со план за парцелизација, за ГП19.14 со намена А4-времено сместување, според извод од УПВНМ за блок 19 Езерски Лозја во Општина Струга.
  10. Прифатена иницијатива за изработка на урбанистички проект за стопански и индустриски намени за формирање на градежна парцела со намена Г2.1-згради од лесна градежна индустрија на дел од КП 1093/3 идел од КП 1093/1 КО Мороишта, Општина Струга.
  11. Прифатена иницијатива за измена и дополнување на детален урбанистички план за дел од Блок 12 КО Струга, Општина Струга.
  12. Прифатена иницијатива за изработка на детален урбанистички план за УЕ-2 дел од Блок 8, плански опфат помеѓу улиците, нова проектирана улица 1-1, нова проектирана улица 2-2, пешачка патека и граница на КП 158 и КО 155 КО Струга, Општина Струга.
  13. Барање од МЗ Нерези за времено користење на објект во с.Нерези-Струга.
  14. Барање од МЗ Ложани за времено користење на објект во с.Ложани-Струга.
  15. Предлог Одлука за доделување финансиска помош за Алијеса Алуши.
  16. Предлог Одлука за доделување финансиска помош за Бочески Францоис.
  17. Предлог Одлука за доделување финансиска помош за Ентезан Винца.
  18. Предлог Одлука за превземање на долг на ООУ „Св.Климент Охридски“-с.Драслајца.

Материли од 57-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 56 (педесет и шестта) вондредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  40 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 56 (педесет и шестта)

вондредна седница на Советот на

 општина Струга

       Ја свикувам 56 (педесет и шестта) вондредна  седница на Советот на Општина Струга, за 15.07.2021 год. (Четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

      Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог – Одлука до Влада на Република Северна Македонија за надоместок на штета предизвикана од врнежите од град.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Годишен План за спречување на корупцијата на Општина Струга за перодот 2021 -2022 година

Годишен План за спречување на корупцијата на Општина Струга за перодот 2021 -2022 година

УВОД

Општина Струга, во функција на продолжување на борбата против корупцијата  и судирот на интереси, го изработи овој  програмски документ во кој се апострофирани значајни компоненти , кои треба да се спроведат во тековната 2021 година. и  наредната 2022 година.

Програмскиот документ  ги утврдува приоритетните  цели како и мерките и активностите што општина Струга  што треба да ги преземе за нивна реализација и креирање на соодветни политики  кои треба да дадат резултати при постигнувањето на целите на оваа програма.

Под  поимоткорупција,  се подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

    Поимот корупција, ги опфаќа и поимите на:

–             пасивна корупција – намерно делување на службено лице, кое директно или преку посредник, бара или прима корист од каков било вид, за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и

–             активна корупција – намерно делување на кое било лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од каков било вид на службено лице, за него или за трето лице, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со неговите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски.

Под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности.

      Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите.

    Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице.

      Никој не може да биде повикан на одговорност за корупција освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со закон.

     Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

    Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес.

    Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на eвентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од  притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

     Вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола.

     Никој не може да се повика на примена на закон или друг пропис со кој ќе се ограничи или исклучи јавноста за да се прикрие корупција или судир на интереси.

      Секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно со закон.

ЦЕЛИ НА ГОДИШНИОТ ПЛАН

Годишниот План  треба да придонесе да се намали нивото на корупција и да се обезбеди повисока јавна доверба кон работата на локалната самоуправа, како и зголемување на интегритетот, транспаренстноста и отчетноста во сите сектори на општинската администрација.

Годишниот план може да се реализра преку исполнување на следните цели:

  1. Спроведување на надлежностите на општината на законит, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин

Професионалниот и политички неутрален јавен сектор кој делува на правилен, транспарентен, етички, економичен, отчетен и ефективен начин е основното начело за спречување на корупцијата и јакнење на довербата на јавноста.

  • Обезбедување на интегритет и транспарентност при вработувањето во општинската администрација, во согласност со  системот  на вредности и критериуми за квалитет

Правична, заснована врз заслуги и деополитизирана политика за човечки ресурси е основа за градење компетентен и професионален администрација. При вработувањето, потребно е да се почитуваат сите пропишани процедури, да се вклучат што повеќе мерливи критериуми за проценка на кандидатите во постапка за избор, да се намали дискреционата моќ на функционерот  кој избира и да се направи постапката целосно транспарентна.

  • Јакнење на надзорните и контролните механизми

За правилно спроведување на донесениот закон, како и за спречување на неправилности и изнаоѓање на решенија за корупцијата, неопходно е зајакнување на механизмите за контрола и инспекција, подобрување на правната рамка и финасиските, човечките и материјалните ресури, како  и зајакнување на знаењата и вештините на вработените и нивната отпорност кон корупцијата.

  • Целосна дигитализација на општинската администрација.

Дигитализацијата на сите сектори на јавни услуги и нејзиното постојано подобрување, ја подобрува ефикасноста и пристапноста при испораката на јавните услуги, ги забрзува процесите, гo намалува човечкиот контакт и можностите за корупција, овозможува висока транспарентност на сите нивоа, ја подобрува интеракцијата помеѓу граѓаните и власта и консултативните процеси, и ги олеснува контролите, анализата на податоци и откривање на корупција.

  • Нулта  корупција  во јавните набавки

За да се заштитат јавни ресурси вклучени во јавните набавки да се добие најдобрата вредност за јавните трошоци, да се обезбеди фер конкуренција во постапките и правичен третман на понудувачите, неопходно е да се постигне највисоко ниво на транспарентност на процесите, подобрување на современитеелектронски системи, континуирано вложување напори во образованието на човечките ресурси и нивниот интегритет, како и да се охрабри пријавувањето на неправилностите и да се надгледува сèвкупниот процес, вклучително и контролите за спроведување на склучените договори.

  • Подигнување на јавната свест и спроведување на антикорупциска едукација

Подигањето на свеста за атикорупција и етика е неопходно во сите сегменти на општеството бидејќи информираната личност со интегритет е клучна во борбата против корупцијата. Покрај активности за општа свест, целните групи треба периодично да се обучуваат разбирање на штетните последици од корупцијата, антикорупциските алатки и етиката.

  • Вклучување на граѓанското општество и медиумите во борбата со корупцијата

Непходно е да се поттикне развојот на граѓанското општество како контролор на регуларноста на работата на властите, но и како партнер во формулирањето и спроведувањето на антикорупциските политики. За да можат невладините организации и медиуми успешно да ја извршуваат оваа важна општествена улога, или самите да не станат генератори на корупција, потребно е систематски да се градат високи стандарди на нивниот интегритет, професионализам и транспарентност.

Овластено лице за прием на пријави од укажувачи за Општина Струга
Ерканда Баута моб: 078-427-158

АКЦИСКИ ПЛАН

Р Е Ш Е Н И Е

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 55 (педесет и петта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување  55 (педесет и петта)

седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 55 (педесет и петта) седница на Советот на Општина Струга, за 30.06.2021 год. (Среда) со почеток во 10 ,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од 54-тата седница на Советот на општина Струга.

  1. Предлог Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари.
  2. Предлог Одлука до Влада на Република Северна Македонија.
  3. Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта за 2022 година.
  4. Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа за 2022 година.
  5. Предлог Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда за 2022 година.
  6. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максимален износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  7. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максимален износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
  8. Предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  9. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга,
  10. Предлог Одлука за усвојување на Правилникот за составот и начинот  на работата на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ „8-ми Март“-Струга.
  11. Предлог Одлука за доделување финансиска помош (Лиман Хани).
  12. Предлог Одлука за доделување финансиска помош (Асан Мехмедоски).

Материли од 55-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба