vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Cоопштение за медиумите

Општина Струга ги известува граѓаните на Струга во врска со денешниот настан, дека обвиненијата од страна на Алијансата на Албанците се неосновани.

Општина Струга, т.е градоначалникот на Струга пред 15 години потпишал договор со Демократската партија на Албанците (ДПА) за користење на просториите или канцелариите на општината од страна на ДПА.

Градоначалникот Рамис Мерко заедно со претставници на ДПА, имат потпишано нов договор за употреба на истите простории, бидејќи тие веќе се дел од општината и треба да се користат како такви.

Известување

Општина Струга ги известува сите граѓани дека од утре 23.04.2018 година (понеделник) ќе започнат работите на новото шеталиште.
Заради ефикасност и избегнување на сите пречки во сообраќајот, Ве молиме да се избегне движењето на возила низ патот, за деблокирање на сообраќајот.
Паркираните автомобили да го напуштаат паркингот за да избегнат евентуално оштетување на возилото.
Ова ќе трае до крајот на работата за новото шеталиште.
Ве молиме за Вашето разбирање и соработка.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Продолжуваат напорите за привлекување на странски инвестиции во Струга

Градоначалникот на општина Струга во својство на поранешен министер за странски инвестиции г. Рамиз Мерко заедно со министерскиот кабинет   при недостаток на на министер за странски инвестиции , продолжуваат со ангажирање на пројекти за придонес на странски инвестиции.
Денес,  поранешниот министер и неговиот кабинет  имаа  средба за финализација на еден многу важен пројект за општината на Струга  од  страна на еден албански инвеститор . Станува збор за капитална инвестиција во Технолошката Индустриска Развојна зона  на градот Струга.
Компанијата Еуродент на чело со Муамер Речи од  Велешта,Струга кој долго време бил ангажиран како истражувачки научник во САД во најуспешната компанија на глобалниот пазар, Colgate – Palmolive.
Како што информираат од министерскиот кабинет, со изградба на фабриката ќе се започне во вториот квартал од оваа година во Струшкиот регион, имено во Технолошката Индустриска Развојна зона. Во првиот квартал од оваа година, се финализираа програмскиот план и правните процедури, од каде што се  предвидува дека оваа инвестиција ќе изнесува меѓу 4 и 5 милиони евра, а предвидено е да се отворат 75 до 150 нови работни места во кои 95% од вработените да бидат жени.
Фабриката ќе биде центар за производство и продажба на производи за лична хигиена (паста за заби, шампон, течен сапун), лиценциран од Colgate-Palmolive брендот  во просториите на која ќе има и модерна и современа лабораторија за производство на козметички производи.
Оваа инвестиција е предложена од страна на Градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко во соработка со Зм.дирекотрот на ДТИРЗ г. Асип Усеини ,кога градаоначалникот беше на функција на министер за странски  инвестиции.

ИЗВЕСТУВАЊЕ З А ИСПРАВКА НА ДАТУМ НА ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
ИПА инвестициски грантови
MSIP-IPA-NCB-078-18

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПРАВКА НА ДАТУМ НА ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИ

 Во врска со реализација на јавната набавка за договорот за Изградба на канализациона мрежа во општина Струга- Изградба на Канализациона мрежа во село Франгово  кој ќе се реализира со средства од  Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП)  ,Општина Струга ги информира заинтересираните  понудувачи дека понудите мора да се достават на адресата на Општина Струга до 12:00ч, на 23.04.2018 година. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на јавното отварање во 12:00ч, на 23.04.2018 година.

Со почит,

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

Известување

Почитувани,

Ве известуваме дека на подрајчето на општина Струга, се врши постојана узурпација на јавните површини, изградба на нелегални објекти, поставување гаражи, и слично на зелени површини, тротоари, во дворовите на зградите без одобрение на надлежните органи.

Се известуваат сите жители на такви дивоградби, односно узурпација на јавна сопственост, со ставање предмети како гаражи, бараки и други подвижни и неподвижни предмети, доброволно да поднесе барање до надлежните органи на општина Струга.

Општина Струга бара соработка од своите граѓани за пријавување на сите вакви случаи.

Пријавите може да ги доставите на info@struga.gov.mk , како и на телефонскиот број 046 / 781-223.

О Б Ј А В А на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 И 39/16,,), ја издава следната

О Б Ј А В А

 на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

 

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-1609/1 од 25.12.2009 година

Подносител на барањето:

ДООЕЛ  ,, ВЛАШИ”

Локација,, Градиште,,

Адреса:

с.Лабуништа

Струга

КП.1770 и 1460

Координати на локацијата концесиско поле

Точка       Кордината X    Кордината Y   

       

T -1            4.569.570          7.458.480

T-2             4.569.620          7.458.730

T-3             4.569.633          7.459.032

T-4             4.569.462          7.458.972

T-5             4.569.384          7.458.826

T-6             4.569.203          7.458.712

Т-7             4.569.163          7.458.617

T-8             4.569.174          7.458.495

T-9             4.569.239          7.458.370

             -Површина          P=0.21 км2

 

 

Контакт лице:

Рамадан Влаши

Тел: 070/232495

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

 

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335

 

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

www.struga.gov.mk

Со почит,

ПРИЛОГ

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

Бр. 10-1681/3

10.04.2018

 СТРУГА 

 

О Б Ј А В А  на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 И 39/16,,), ја издава следната

О Б Ј А В А

 на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-344/1 од 01.04.2009 година

 

Подносител на барањето:

ДОО  ,,ИЛИНДЕН ГРАДБА”

Локација,, Напесок,,

Адреса:

с.Долна Белица

Струга

КП.1060/2

Координати на локацијата концесиско поле

Точка       Кордината X    Кордината Y   

       

T -1            4.562.927          7.469.470

T-2             4.562.800          7.469.750

T-3             4.562.745          7.469.760

T-4             4.562.710          7.469.710

T-5             4.562.730          7.469.630

T-6             4.562.600          7.469.580

Т-7             4.562.624          7.469.440

T-8             4.562.670          7.469.350

T-9             4.562.750          7.469.310

             -Површина          P=0.084 км2

Контакт лице:

Ристе Беќароски

Тел: 070/394881

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335

 

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:    www.struga.gov.mk

Со почит,

ПРИЛОГ

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

Бр./ 10-1436/5

13.04.2018

СТРУГА

ИНТЕРЕН ОГЛАС

N

Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), Општина Струга, објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2018

за унапредување на 16 (шестнаесесет) административни службеници во Општина Струга

 

 

Општина Струга објавува интерен оглас за унапредување на 16 (шестнаесет) административни службеници за следните работни места:

 

  1. Советник за нотмативно-правни работи, во Одделение за правни прашања и норматива, Сектор за правни прашања и општи работи, со звање советник и шифра на работно место УПР0101В01000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку три години работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 26.585 денари.

 

  1. Советник за буџетска распределба, во Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања, со звање советник и шифра на работно место УПР0101В01000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку три години работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 26.585 денари.

 

  1. Раководител на одделение за даноци и комунални такси, во Сектор за финансиски прашања, со звање раководител на одделение и шифра на работно место УПР0101Б04000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку четири години работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 30.076 денари.

 

  1. Советник за утврдување на данок од имот, наследство и подарок и данок на промет на недвижности, во Одделение за даноци и комунални такси, Сектор за финансиски прашања, со звање виш соработник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку три години работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 26.585 денари.

 

  1. Раководител на одделение за јавни набавки, во Сектор за финансиски прашања, со звање раководител на одделение и шифра на работно место УПР0101Б04000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку четири години работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 30.076 денари.

 

  1. Виш соработник-Администратор на образование, во Одделение за образование и култура, Сектор за јавни дејости, со звање виш соработник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација или Образование или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 24.706 денари.

 

  1. Помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот, организација на работата на советот и информатичка технологија, со звање помошник раководител и шифра на работно место УПР0101Б03000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Биохемија или Историски науки,

 

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку четири години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 33.298 денари.

 

  1. Виш соработник – административно-технички секретар, во Одделение за поддршка на градоначалникот и организација на работата на советот, Сектор за поддршка на градоначалникот, организација на работата на советот и информатичка технологија со звање виш соработник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација или Правни науки или Економски науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат
  • активно познавање на албанскиот јазик

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 24.706 денари.

 

  1. Советник за примена на информатичка технологија, во Одделение за информатичка технологија, Сектор за поддршка на градоначалникот, организација на работата на советот и информатичка технологија, со звање советник и шифра на работно место УПР0101В01000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Информатика,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку три години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 26.585 денари.

 

  1. Соработник за соработка со јавноста и медиуми, во Одделение за протокол и односи со јавноста, Сектор за поддршка на градоначалникот, организација на работата на советот и информатичка технологија, со звање соработник и шифра на работно место УПР0101В03000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Јавна управа и администрација или Образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • најмалку една година работно искуство во струката,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 23.900 денари.

 

  1. Раководител на одделение за туризам, во Сектор за туризам, локален економски развој и меѓународна соработка, со звање раководител на одделение и шифра на работно место УПР0101Б04000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Туризам и угостителство или Правни науки или Организациони науки и управување (менаџмент),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку четири години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 30.076 денари.

 

  1. Раководител на одделение за меѓународна соработка и европски фондови, во Сектор за туризам, локален економски развој и меѓународна соработка, со звање раководител на одделение и шифра на работно место УПР0101Б04000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку четири години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 30.076 денари.

 

  1. Советник за изработка на проекти за европски фондови, во Одделение за меѓународна соработка и европски фондови, Сектор за туризам, локален економски развој и меѓународна соработка, со звање советник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Политички науки или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку три години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 26.585 денари.

 

  1. Виш соработник за уредување на градежно земјиште, во Одделение за комунална инфраструктура и сообраќај, Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина, со звање виш соработник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 24.706 денари.

 

  1. Раководител на одделение за управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината, во Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина, со звање раководител на одделение и шифра на работно место УПР0101Б04000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, урбанизам и планирање или Градежништво и водостопанство или Правни науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку четири години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1(B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5-4,5 поени, ПЕТ, БЕКП, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
  • потврда за положен испит за административно управување

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 30.076 денари.

 

  1. Виш соработник за управување со недвижен општински имот, во Одделение за управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината, Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина, со звање виш соработник и шифра на работно место УПР0101В02000 во подгрупата на државни службеници – 1 (еден) извршител.

 

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место, и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство или Правни науки или Економски науки,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • најмалку две години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

 

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40,
  • работно време: од Понеделник до Петок, пристигнување во 08:00 и заминување во 16:00 часот.
  • Паричниот износ на основната нето плата 24.706 денари.

 

 

 

 

Кандидатот за унапредување треба да ги исполнува општите услови и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Општина Струга, како и:

 

  • да е оценет со оцена “А“или “Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавуваањето на интерниот оглас

 

Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Општина Струга кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

 

Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:

 

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или,

 

  • потврди за успешно реализирано менторство.

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Општина Струга како и до службената електронска адреса: info@struga.gov.mk

 

НАПОМЕНА:

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од натамошна постапка.

Прилог

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

Бр. 04-1753/3

06.04.2018

Струга

Известување

Согласно Програмата за поставување на Урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2018 година бр.08-753/10 од 27.02.2018година како корисници на јавна површина Ве известуваме дека е потребно  најкасно до 15.04.2018година да  поднесете барање за користење на јавната површина. (more…)

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(10-269)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 05.03.2018 година, донесе:

                                                                   Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1. За Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, се определуваат следните субјекти:

Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, за чија изработка е одговорен Силвана Вановска, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Бр. 10-269
05.03.2018

ДУП- ЕУ 9 БЛОК 25-2018

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко