vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Jавен увид

Jавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2-Лесна фармацевска индустрија и производство на храна,млечни производи,кондиторски производи,безалкохолни пијалоци,вода,преработка на градинарски производи и овошје,тутун и други на К.П.1063/14,1063/15,1063/16,1063/17,1063/18, 1063/19,1063/20,1063/21,1063/22,1063/23,1063/24
1063/25,1063/26,1063/27,1063/28,1063/29 и дел од 1063/1 К.О.Мороишта општина Струга

Соопштение

Урбанистички проект

Јавен увид

За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон населено место и вон опфат на урбанистички планови за колекторски систем-Радожда-Калишта општина Струга намена Е1.6 (канализациска инфраструктура-фекална и атмосферска)

Планска програма за изработка на Измена и дополна на генерален урбанистички план на град Струга за блок 8 од УЕ 2 (плански период 2023-2033) и Детален урбанистички план во УЕ 2 дел од блок 8.1 општина Струга (плански период 2023-2028) со тех бр 06—1/23 од 02.2023год

РЕШЕНИЕ

Планска програма

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 21 (дваесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 21 (дваесетта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 21 (дваесет и прва) седница на Советот на Општина Струга, за 10.03.2023 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Годишна сметка на Буџетот на општина Струга за 2022 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материjaли од 21-та седница

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 50  став 1 точка  од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.

Здруженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финаскисите средтсва и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните образеци за аплицирање.

Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да ги најдете на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk

ЈАВЕН ПОВИК
П Р И Ј А В А
Временска Рамка
Буџет

Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изработка на секундарна канализациона мрежа с.Радожда и Елен камен Струга општина Струга со технички број 0102/22 од септември 2022 изработена од ДПТУ ПЕОЛЕО ” дооел од Скопје

Проектна програма

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА

Покана

MUNICIPALITY OF STRUGA

Department for International Cooperation and European Funds

Project: Struga & Pogradec for promoting tourism and cultural heritage – COOLTOUR
Interreg-IPA II Cross-Border Cooperation Programme 2018-2020
Grant Contract Number: IPA/2021/429-005

E-mail: info@struga.gov.mk     kryetari@struga.gov.mk

Општина Струга како  имплементатор на проектните активности на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство-COOLTOUR”,финансиран од Европска унија од програмата на ИПА II за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, ги повикува сите заинтересирани субјекти со регистрирана туристичка дејност да присуствуваат на информативната сесија на ден 02.03.2023(Четврток) во сала на совет на општина Струга со почеток во 12:15 часот,на која ќе бидат презентирани активностите на проeктот.

Имено, планирано е грантирање на 40 еко или потенцијални еко бизниси, 20 во Општина Струга и 20 во општина Поградец ,за подобрување на потрошувачката на енергија на давателите на туристички бизниси, промовирање на зелена енергија преку инсталација на соларни панели.

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 20 (дваесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 20 (дваесетта) седница на
Советот на општина Струга

Ја свикувам 20 (дваесетта) седница на Советот на Општина Струга, за 24.02.2023 година (петок) со почеток во 13:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од осумнаесеттата седница на Советот на општина Струга.
  1. Програма за Сектор за јавни дејности во Општина Струга за 2023 година .
  2. Извештај за извршениот попис на основни средства, инвентар, недвижен и подвижен имот и побарувања и обврски на Општина Струга за 2022 година.
  3. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Струга за 2022 година.
  4. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – Лабуништа за период од 01.10.2022 до 31.12.2022.
  5. Предлог – Одлука за утврдување на пречистен текст на Статутот на Општина Струга.
  6. Иницијатива за изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план на град Струга за блок 7 од УЕ 1 и Измена и дополна на Детален урбанистички план во УЕ 1, дел од блок 7, Општина Струга во обединета постапка.
  7. Иницијатива за изработка и одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.3-Семејни куќи за времен престој-викенд куќи на дел од КП бр.991/5 КО Радолишта, Општина Струга.
  8. Иницијатива за изработка на Урбанистички план вон населено место (УПВНМ) со намена Г2-Преработувачка и помалку загадувачка индустрија, за стопански комплекс во КО Враништа, КО Враништа-вонгр, КО Мороишта, КО Струга, Општина Струга.
  9. Иницијатива за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.3-Семејни куќи за времен престој на КП бр.1672/3 КО Мислешево-вонград, Општина Струга.
  10. Барање за финансиска помош од Елзана Бајрамоска.
  11. Барање за финансиска помош од Илмије Муртезаи.
  12. Барање за финансиска помош од Минка Ејупоска.
  13. Барање за финансиска помош од Агим Дика

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материjaли од 20-та седница

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 од Законот за локалната
самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„
бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга,
донесе

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на вонредна седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам вонредната седница на Советот на
Општина Струга, за 09.02.2023 година (четврток) со
почеток во 12:00 часот, во големата сала на Советот на
општина Струга:
Седницата ќе работи по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Одлуки по повод земјотресот во Република
    Туркије и Република Сирија.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши