vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Решение за свикување 38 (триесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 38 (триесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 38 (триесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 27.02.2020 год. (четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

-Записник од 37 -тата седница на Советот на општина Струга

1. Предлог Одлука за давање гаранција за заем на ЈП „ Комунално„ – Струга,
2. Предлог – Одлука за обезбедување средстава за израдба на стационар за кучиња скитници,
3. Предлог – Одлука за отпис на застарени долгови за користење на вода на ЈП „Водовод и канализација„ – Струга.
4. Одлуказа усвојување на извештајот на пописната комисија на Општина Струга со состојба на ден 31.12.2019.
5. Одлука за расход и отуѓување на движни ствари (основни средства и инвентар) на извршен попис на листа од 2019 година.
6. Програма за изградба на спортска сала од 1500 м2 на КП 2934 КО Струга,
7. Извештај за работа на ЈПК „Хигиена„ – с.Лабуништа IV квартал 2019 година.
8. Извештај за работа на ЈП ,,Еко Струга” –Струга, IV квартал 2019.
9. Одлука за поднесување апликација за проект промоција за туризмот INTERREG IPA CBC Greece – Република Северна Македонија 2014 – 2020.
10. Одлука за усвојување на Стратегија за развој на туризмот на општина Струга 2019-2023,
11. Дополнување на Годишен план за вработување на општина Струга за 2020 година.
12. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на општина Струга,
13. Одлука за ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за објект во рамките на џамија во с.Лабуништа.
14. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Шефќет Алуши во КО Струга.
15. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Неим Ајро во КО Радолишта.
16. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Рахмани Фитни во КО Долно Татеши.
17. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Валмир Даути во КО Радолишта.
18. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Велиу Рами КО Струга
19. Одлука за утврдување потреба од донесување на на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Сурија Лога во КО Мороишта.
20. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Севди Села од Жепин.
21. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Разме Матлиоски од с. Мороишта.
22. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Ибраим Бајрамоски од с. Подгорци.
23. Одлука за утврдување потреба од донесување на ЛУПД за усогласување намена по барање на лицето Аријан Истрефи од с. Велешта.
24. Советнички прашања.

Материали од 38-ма седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

ОБЈАВА

Општина Струга во рамките на апликацијата “Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот “Струга-Твојата туристичка дестинација”со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Јавната расправа по  Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на општина Струга на 11.02.2020 година со почетокот во 12 часот, се покануваат сите заинтересирани страни да земат активно учество во реализација на овие активности.

 

Преземете ги материјалите за апликација

ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 74, став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07 – 1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга , објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на култура преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот за здруженија на граѓани и фондации.

  1. Повик за доделување на финансиски средства на организации од областа на спортот и организации од областа на култура.

Организациите од областа на спортот  и организациите од областа на култура аплицираат за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга со поднесување на нивната годишна програма.

Општи услови кои треба да ги исполнат организациите се :

  • Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација.
  • Да дејствуваат на територија на Општина Струга
  • Остварувањето на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на Република Македонија.

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на спортот/спортските клубови се :

  • Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт.
  • Да поднесуваат годишна програма на активности и истата да биде реализирана.
  • Да организираат и спроведуваат систем на натпревари.
  • Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри.
  • Да се грижат за унапредување на младите
  • Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување
  • Спортските клубови да имаат решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ за вршење на дејност спорт

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на културата се :

  • Да поседуваат програма за работа со позначајни активности и приоритети.
  • Да се вклучат и поддржат активности и манифестации организирани од страна на Општина Струга,
  • Со својата работа да придонесуваат кон промоцијата на културата и културните вредности на Општина Струга.

При поднесувањето на барање за доделување на средства од буџетот на Општина Струга, организациите од областа на спортот и организациите од областа на културата треба да поднесат  :

  • Годишна програма за работа за 2019 година
  • Барање за доделување на финансиски средства кое треба да биде потпишано и заверено со печат од страна на овластеното лице на организацијата. Барањето треба да ги содржи основните податоци на организацијата ( Полн назив на организацијата, седиште, даночен и матичен број , жиро сметка )
  • Копија од статутот на организацијата.

Барањето треба да се поднесе во архивата на Општина Cтруга во запечатен плик. На пликот треба да стои назнака „По јавен повик за доделување на финансиски средства организации од областа на спорт и култура“ и „Не отворај!“ непотполни барања  или барања напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10  дена по објавување на јавниот повик.

  1. Повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации.

Граѓанските организации поднесуваат проектни апликации во дадената пријава која е дел од овој јавен повик .

Приоритетни области за финансирање на проекти од овој јавен повик се :

  • Образование
  • Млади
  • Социјална Заштита
  • Туризам
  • Развивање на меѓуетнички односи и соработка
  • Заштита на животна средна и заштита на животни

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнат здруженијата  :

  • Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Општина Струга .
  • Да не им е изречена мерка Забрана за вршење на дејност
  • Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства)

Покрај образецот за пријавување, формуларот за буџет и временска рамка (дадени во прилог на јавниот повик) кои треба да бидат потпишани и заверени со печат од страна на овластеното лице на здружението или фондацијата, здруженијата треба  да ги достават и следните прилози :

  • Фотокопија од решението за регистрација
  • Фотокопија од Статутот на здружението

Евалуацијата и изборот од пристигнатите апликации ќе го врши комисија за евалуација според критериумите дадени во Табела 1.

 

 

Критериум Вредност на бодови
1.Стручност, искуство и компетентност на апликантот во спроведување на проектната активност 25
2.Придонес на проектот кон реализацијата на стратешките цели на општината 20
3. Усогласеност со надлежностите на општината 20
4. Реален буџет и оправданост на трошоците 20
5. Процент на учество на апликантот во проектниот буџет 10
6. Вклученост на други општински институции, граѓански организации или граѓани 5

Табела 1

 

Учеството може да биде изразено во финансиски средства, опрема работна сила или друг вид на придонес.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект

Активности на одбраните проекти треба да се реализираат до 31.12.2019 година

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10 дена по објавување на јавниот повик.

Пријавите треба да бидат поднесени во пропишаниот образец за пријавување во општинската архива. На пликот треба да стои „ По јавен повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации. “ и „Не отворај!“непотполни апликации, апликации кои не се поднесени во пропишаните обрасци за пријавување  или апликации напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Доставените прилози не се враќаат.

Организациите добитници на средства ќе бидат известени поединечно а листата на сите организации кои биле избрани за финансирање ќе биде објавена на веб страната на Општина Струга.

 

Критериуми за Реализација на проектот и користење на грантот :

  • Организацијата треба да го реализира проектот во временската рамка наведена проектната апликација , сите трошења кои се направени по завршување на рокот за реализација нема да бидат признаени.
  • Одобрените средства носителот мора да ги користи во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија и не смее да оствари профит при реализацијата на активностите.
  • Организацијата се обврзува доделените финансиски средства да ги користи во целост за намената за која се доделени, а во случај да престанала потребата или условите за искористување на средствата, организацијата е должна веднаш да ги врати на Општината.
  • Организацијата има обврска во сите свои печатени материјали и јавни настапи поврзани со проектот кој што е предмет финасирање, да наведе дека е поддржан од Општината. На печатените материјали или на веб страницата , на видливо место, треба да биде печатените материјали
  • Општината го задржува правото за вршење на контрола за начините на користење на доделените финансиски средства преку контрола на документите и начинот на реализацијата на активностите во седиштето на Носителот или во местото на реализацијата на активностите, како и преку барање на дополнителни информации и појаснувања кон извештаите.
  • Доколку при контрола се утврдат злоупотреби при трошењето на доделените финансиски , Општина Струга ќе поведе соодветна постапка пред надлежните институции и ќе побара враќање во целост на доделениот износ.
  • Во случај на злоупотреба на доделените финансиски средства или нивно користење спротивно на намената организацијата губи право во иднина да аплицира на огласите објавени од страна на Општина Струга.
  • Неискористениот износ носителот е должен да го врати на Општина Струга

 

 

Финасиско и наративно известување за реализација на проект.

 

Носителот по завршувањето на проектот се обврзува на општината да и достави целосен завршен извештај (наративен и финансиски) најдоцна 15 дена по датумот за завршување на проектните активности наведен во договорот за финасирање.

Организациите се обврзуваат наративниот и финансискиот извештај да ги достават во соодветната пропишана форма.

  • Кон наративниот извештај се приложуваат пропратни анекси како слики,медиумски записи, печатени материјали, листи на присутни и сл.
  • Кон финансискиот извештај треба да се приложат копии од сите фактури, сметки за трошоци, налози за плаќање и изводи од сметката наменета за овој проект.

Општината го задржува правото да побара доставување на почести или дополнителни финансиски извештаи како и да изврши ненајавена посета на организацијата и да изврши контрола во проектната документација за време на периодот на имплементација на проектот наведен во договорот за финансирање.

Преземете ги материјалите за апликација 

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

 

Решение за свикување 37 (триесет и седма ) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

 

За свикување 37 (триесет и седма ) седница на Советот на општина Струга

 

 

      Ја свикувам 37 (триесет и седмата ) седница на Советот на Општина Струга, за 28.01.2020 год.   (Вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

– Записник од 36 -тата седница на Советот на општина Струга

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струга за 2020 година,
  2. Предлог -Програма за Локален Економски Развој на општина Струга за 2020 година,
  3. Предлог -Програма за животна средина на општина Струга за 2020 година,
  4. Програма за работа на Одделение за соработка со Месни заедници за 2020 година
  5. Правила за работа на месните заедници во општина Струга,
  6. Предлог – Одлука за поставување урбана опрема на општина Струга за 2020 година,
  7. Предлог – Правилник за определување локации за поставување на урбана опрема на општина Струга за 2020 година,
  8. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2020 година,
  9. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  10.  Програма за работа на ЈП „Водовод и канализација „ – Струга за 2020 година,
  11.  Квартален Извештај на МJП „Проаква„- Струга, (ЈП ВОдовод и канализација „ – Струга) трет квартал /2019.
  12.  Предлог -Решение за именување членови на Управен одбор на ЈП „Водовод и Канализација „ – Струга.
  13. Предлог -Решение за именување членови на одбор за матерјални финансиско работење на ЈП „Водовод и Канализација „ – Струга
  14. Програма за работа на ЈП „Октиси„- Октиси за 2020 година
  15. Квартален Извештај на ЈП „Окиси„- Октиси за четврт квартал 2019 година,
  16. Програма за работа на ЈП „EKO – СТРУГА„- Струга за 2020 година
  17. Предлог Одлука за давање гаранција за заем на ЈП „ Комунално„ – Струга,
  18. Предлог Одлука за давање на користење на недвижна ствар ,
  19. Предлог -Одлука за давање согласност на Статутот на ООУ „ Единство„- с. Октиси,
  20. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Мурат Лабуништи„- с. Лабуништа,
  21. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Гоце Делчев„- с. Подгорци,
  22.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Свети Климент Охридски„- с. Драслајца,
  23.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Гоце Делчев„- с. Јабланица,
  24.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Зини Хани„- с. Велешта,
  25.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Јосип Броз Тито„- Струга,
  26.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Браќа Миладиновци„- Струга,
  27.  Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Орхан Џемаили„- с. Татеши,
  28. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Нури Делогожда„- с. Делогожда,
  29. Предлог -Одлука за согласност на Статутот на ООУ „ Ашим Агуши„- с. Радолишта,
  30. Извештај за реализација на Програмата за изградба, одржување и заштита на локални патишта на општина Струга за 2019 година,
  31. Извештај за потрошените средства за одржување на градската депонија,
  32. Барање финанциски помош за лицето Димитар Колоски,
  33. 33. Иницијатива за основање на музичко училиште,
  34. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот на Бирото за регионален развој за 2020 во подмерка специфични подрачја,
  35. Предлог – Одлука за определување на приоритет на повикот на Бирото за регионален развој за 2020 во подмерка развој на села.

Материали од 37-тата седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Објава на Б-интегрирана еколошка Дозвола (ЗД МИСКОМ ДООЕЛ)

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

ОБЈАВА
на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-1130/1 од 24.03.2014 година.

Подносител на барањето:
ЗД МИСКОМ ДООЕЛ

Локација: КП.940/3
Адреса: с.Мороишта

Контакт лице: Монализа Мучева Тел: 070/350 255

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за производство на брановиден картон и ребраста хартија; и 3.3
Индустриски постројки за производство на хартија и картон, со производствен капацитет од 5 до 20т/ден.
Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА . Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335
Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на страница на Oпштина Струга: официјалната web
www.struga.gov.mk

Со почит,
Општина Струга

Објава на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола (ЗД МИСКОМ ДООЕЛ)

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

ОБЈАВА
на Нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11,
123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-1130/1
година. од 24.03.2014

Подносител на барањето:
ЗД МИСКОМ ДООЕЛ

Локација: КП.940/3
Адреса: с.Мороишта

Контакт лице: Монализа Мучева Тел: 070/350 255

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за производство на брановиден картон и ребраста хартија; и 3.3
Индустриски постројки за производство на хартија и картон, со производствен капацитет од 5 до
20т/ден.
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА . Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на  официјалната web страница на Oпштина Струга:
www.struga.gov.mk

Со почит,
Општина Струга

Р Е  Ш Е Н И Е За свикување 32 (триесет и втора) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 32 (триесет и втора) седница на Советот на општина Струга

 

Ја свикувам 32 (триесет и втората) седница на Советот на Општина Струга, за 15.11.2019 год. (Петок) со почеток во 14,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

– Записик од   31 – вата  на Советот на општина Струга,

 

  1. Предлог-Развојни Програми на општина Струга за периодот 2020-2023 година.
  2. Програма за измена на Програмата за зимско одржување на локални патишта и улици на општина Струга за 2019/2020 година.
  3. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапка за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.
  4. Предлог- Прогрма за заштита на населението од заразни болести на општина Струга за 2020 година.
  5. Барање на МЗ-Радожда за времено користење на задружен дом во с. Радожда.
  6. Прелог -Одлука за основање општински Совет за социјална заштита,
  7. Предлог – Одлука за избор на командир на полициска станица – Струга,
  8. Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар – сопственост на општина Струга на ЈП „ЕКО – Струга“ –Струга.
  9. Измена и допонување на Годишниот план за вработување за ЈП „Комунално“ – Струга за 2019 година,
  10. Предлог – Одлука за определување на приоритет на проектот „Изработка на техничка документација за изградба и реконструкција на инфраструктурата во Комерцијална -Сервисна Зона Струга
  11. Предлог – Одлука за поставување на урбана опрема од западен колектор од „Евро Хотел“ – населба „Езерски Лозја“ ,
  12. Барање финансиска помош за лицето Михајло Наумоски од с.Мали Влај,
  13. Барање финансиска помош за лицето Андоноски Влатко.
  14. Барање финансиска помош за лицето Демка Мехмедоска.
  15. Годишен План за вработување на ООУ „Браќа Миладиновци„ – Струга за 2020 година.
  16. Годишен План за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга за  2020 година.
  17. Годишен План за вработување на ООУ „Нури Мазари„ – с.Делогожда за 2020 година.
  18. Годишен План за вработување на ООУ „Ашим Агуши„ – с.Радолишта за 2020 година.
  19. Годишен План за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски„ – с.Драслајца за 2020 година.
  20. Годишен План за вработување на ООУ „Зини Хани„ – с.Велешта за 2020 година.
  21. Годишен План за вработување на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Јабланица за 2020 година.
  22. Годишен План за вработување на ООУ „Орхан Џемаили„ – с. Г.Татеши за 2020 година.
  23. Годишен План за вработување на ООУ „Мурат Лабуништи„ – с.Лабуништа за 2020 година.
  24. Годишен План за вработување на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Подгорци за 2020 година.
  25. Годишен План за вработување на СОУ „Нико Нестор„ – Струга за 2020 година.
  26. Годишен План за вработување на СОУ „Др. Ибрахим Темо„ – Струга за 2020 година.
  27. Програма за пречек на новата 2020 година,
  28. Програма за измена и дополнување на Програмната за јавна чистота на Општина Струга за 2019 година

 

Materialet e mbledhjes

ОБЈАВА на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Почитувани,

 

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

 

ОБЈАВА

 на Б-интегрирана еколошка Дозвола

 

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-2325/1 од 22.09.2010 година

Подносител на барањето:

ДООЕЛ ,,КОНДРИ ИНЖИНЕРИНГ”

Локација: „Долна Краста“ с.Долна Белица

Адреса:

с.Велешта

Струга,  КП.1826, 1641, 1/1, 1/2, 1/3, 2, 3

 

Координати на локацијата концесиско поле

Точка       Кордината X    Кордината Y   

T -1               4. 564.388          7. 469.595;

T-2                4. 564.485          7. 469.675;

T-3                4. 564.564          7. 469.665;

T-4                4. 564.614          7. 469.552;

T-5                4. 564.609          7. 469.465;

T-6                4. 564.487          7. 469.395;

Т-7                4. 564.417          7. 469.463;

 

 

-Површина          P=0.075 км2

 

Контакт лице:

Урим Кондри

Тел: 070/232793

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за ископ, дробење,мелење,сеење, загревање на минерални суровини; и 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите поголем од 50m3.

 

Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

 

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335

 

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:

 

www.struga.gov.mk

Со почит,

Општина Струга

 

Materiali

Најава

Општина Струга, ги известува и апелира до граѓаните, за после прием на решенијата за уплата на
данок на имот и комунална такса-фирмарина, да се обратат во просториите на Општина односно
во Одделението за даноци и комунална такса во врска со ажурноста на податоците. Одделението
за данок на имот и комунална такса при Општина Струга Ве повикува за соработка со
транспарентност и подготвеност за отстранување на сите нејаснотии во согласност со закон.

Во услуга на граѓаните,
Општина Струга

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 31 (триесет и прва) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 31 (триесет и прва) седница на Советот на општина Струга

 

Ја свикувам 31 (триесет и прва) седница на Советот на Општина Струга, за  31.10.2019 год. (Четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

-Записик од   29 – тата седница на Советот на општина Струга,

– Записик од   30 – тата (Вондредна) на Советот на општина Струга,

 

 

  1. Извештај за работа на ЈП „ЕКО – СТРУГА„ – Струга, 01.01.2019 – 30.06.2019 година, I и II квартал 2019 година,
  • Извештај за работа на ЈП „ЕКО – СТРУГА„ III-квартал 2019 година.
  1. Предлог – Одлука за пренесување на правото на сопственост на движна ствар,
  2. Предлог – Одлука за  преземање на долг.
  3. Барање финанциска помош поднесено од лицата Нефи  Исмаилоски, Невзат Исмаили, Неџип Исмаили и Едмонд Исмали  од с. Шум,
  4. Барање поднесено од лицето Хасан Истрефи од с. Горно Татеши, за измена на Програмата за уредување на градежно земијиште за уредување на одводен канал
  5. Барање финанциска помош поднесено од лицето Тасим Узеири од с. Теферич,
  6. Барање финанциска помош поднесено од лицето Асан Беќироски од с. Подгорци,
  7. Барање финанциска помош поднесено од лицето Незат Купа од с. Велешта,
  8. Предлог – Одлука за пренесување на право на совственсот на фотоволтаични системи сопственсот на Општина Струга,
  9. Предлог – Решение за разрешување и менување член во Надзорен одбор на ЈП „Комунално„ – Струга,
  10. Предлог – Решение за разрешување и именување член во Управен одбор во Училишен дом „Браќа Миладиновци„ – Струга,
  11. Предлог – Решени за разрешување членови на Училишен одбор и именвуање член на ООУ Јосип Броз Тито – Струга,
  12. Предлог – Решени за разрешување и именување членови на Училишен одбор на СОУ „Нико Нестор„ – Струга,
  13. Предлог- Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Музафер Асани за кп. бр. ____ за с. Горна Белица.

 

Материали од 31-та седница