vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 7 (седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 7 (седма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 7 (седмата) седница на Советот на Општина Струга, за 24.02.2022 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

– Записник од четврта седница на Советот на општина Струга,

– Записник од петта седница на Советот на општина Струга,

  1. Квартален извештај за работа на Општина Струга за четврти квартал 2021,
  2. Иницијатива за измена и дополнување на Статутот на Општина Струга,
  3. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на спортска сала во с.Лабуништа,
  4. Извештај за извршениот попис на основни средства, инвентар, недвижен и подвижен  имот и побарувања и обврски на Општина Струга за 2021 година,
  5. Предлог – Одлука за отпис на основни средства и ситен инвентар сопственост на Oпштина Струга,
  6. Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година,
  7. Годишен извештај за напредокот на состојбата со еднаквите можности за жените и мажите,
  8. Предлог – Решение за разрешување на членови на управниот одбор во ЈП „Водовод и Каланизација“ – Струга,
  9. Предлог – Решение за разрешување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга,
  10. Предлог – Решение за разрешување на членови на управниот одбор во ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  11. Предлог – Решение за разрешување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  12. Предлог – Решение за именување на членови на Просторниот Штаб за заштита и спасување на Општина Струга и извршители за административно-технички оперативни работи,
  13. Предлог – Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи,
  14. Предлог –Решение за формирање комисија за односи меѓу заедниците
  15. Предлог – Решение за именување членови на училишен одбор во СОУ „Нико Нестор“ – Струга,
  16. Предлог – Решение за именување членови на училишен одбор во СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга,
  17. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈОУДГ „8 Март“ – Струга,
  18. Предлог – Решение за именување член на училишен одбор во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга,
  19. Предлог – Решение за именување член на училишен одбор во Општинско основно музичко училиште – Струга,
  20. Предлог – Решение за именување член на училишен одбор во ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа,
  21. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во Ученички дом „Браќа Миладиновци“ – Струга,
  22. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈП „Комунално“ – Струга,
  23. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Комунално“ – Струга,
  24. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга,
  25. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга,
  26. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  27. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Еко Струга“ – Струга,
  28. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда,
  29. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда,
  30. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈП „Октиси“ – с.Октиси,
  31. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈП „Октиси“ – Октиси,
  32. Предлог – Решение за именување членови на управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  33. Предлог – Решение за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа,
  34. Предлог – Решение за именување член на управен одбор во ЈЗУ Здравствен дом – Струга,
  35. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за период 01.10.2021-31.12.2021 година,
  36. Четврти квартален извештај за работењето на ЈП „Октиси“ – с.Октиси за 2021 година,
  37. Извештај за работата на ЈП „Еко Струга“ – Струга за четврти квартал 01.10-31.12.2021 година,
  38. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа и развој на ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2022 година,
  39. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈП „Еко Струга“-Струга, за 2022 година,
  40. Предлог – Одлука за согласност на Изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Еко Струга“ – Струга.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материли од 7-та седница

УПАТСТВО За работното време на вработените во општинската администрација на Општина Струга

Врз основа на член 50 став 1 точка 13 и 16 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ“) бр.5/02), а во врска со член 10 од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ.„бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18, како и  “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19 и бр.14/2020 и бр.151/2021),  како и член 88 став 3 од Статутот ( Службен гласник на Општина Струга бр.2/18 и 10/19), Градоначалникот на Општина Струга го донесе следното:

УПАТСТВО

За работното време на вработените во општинската администрација на Општина Струга

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

    Со ова упатство се утврдува распоредот на работното време и начинот на евидентирање на полното работно време, како и начинот на евидентирање на полното работно време, работата преку полното работно време, користењето на паузи и одмори и отсуство на вработените во општинската администрација на Општина Струга ( во натамошниот текст: администрација).

Член 2

 Одредбите и правилата од ова упатство се однесуваат на вработените на неопределено време, работниците со статус на привремено вработување и работници ангажирани по основ на договор за дело.

Член 3

  Распоредот на работното време и начинот на евидентирање на полното работно време и отсуството од работа се утврдува во согласност со Законот за административни службеници и Законот за работни односи.

II. Распоред на полното работно време

Член 4

 Работното време во траење од 40 часа неделно, распоредено е во пет работни дена од седмицата, односно од понеделник до петок во траење од 8 часа дневно, како полно работно време.

Работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.

Градоначалникот на општината може со посебна одлука да воведе летно работно време и зимско работно време.

За поголема ефикасност при електронската евиденција за доаѓање и одење од работа, за започнување на работното време се смета периодот на регистрирање на вработените од 08:00 до 08:15 часот, а за завршување на работното време се смета периодот на регистрирање на вработените од 16:00 до 16:15 часот.

Вработените во администрацијата се должни работните обврски да ги вршат ефикасно и навремено во текот на полното работно време.

Член 5

 Работното време на главен чувар-портир ( одговорно лице) започнува во 07:30 часот, а завршува во 15:30 часот.

Работното време на работниците-хигиеничари е во две смени.

Првата смена започнува во 07:00 часот, а завршува во 15:00 часот.

Втората смена се остварува во работно време од 13:00 до 21:00 часот.

Член 6

 За време на дневното работно време вработените паузата по правило ја користат во периодот од 11:30 до 12:00 часот.

Вработените од членот 5 став 2 на ова упатство во првата смена  паузата ја користат во периодот од 10:30 до 11:00 часот, а во втората смена од 17:00 до 17:30 часот.

Член 7

 За користење на пауза надвор од зградата на општината, вработените се должни при излегувањето и влегувањето во зградата да извршат електронско евидентирање.

Користење на паузата во периодот надвор од утврдениот термин одобрува непосредно претпоставен државен службеник.

Паузата може да се користи надвор од утврдениот термин поради извршување на неодложни работни задачи во периодот на траење на паузата.

III. Вршење работа преку полното работно време

Член 8

  Работа преку полното работно време ( во натамошниот текст: прекувремена работа), се извршува во случаи на исклучително зголемување на обемот на работа, траењето на седниците на Советот и работните тела, како и потребата од итно изготвување на акти и други материјали.

За вршење на прекувремена работа одлучува раководителот на секторот, односно раководителот на одделението.

Вработениот е должен да врши прекувремена работа врз основа на писмен налог од раководителот на секторот, односно на одделението, одобрен од секретарот на општината ( во натамошниот текст: секретарот).

За потребата од прекувремена работа на раководителите на сектори одлучува секретарот.

За извршената прекувремена работа вработените од ставовите 3 и 4 на овој член се должни да водат евиденција врз основа на писмениот налог и да ја чуваат истата три месеци по остварувањето на правата утврдени во член 92 од Законот за административни службеници, како и членовите 9 и 10 од ова упатство.

Член 9

 Вработениот кој бил ангажиран да работи прекувремено ( за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон и работа подолго од полното работно време) има право на онолку слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран за работата надвор од редовното работно време.

Слободните часови, односно денови од тековниот месец вработениот ги користи до крајот на наредниот месец, по месецот во кој бил ангажиран.

Слободните часови, односно денови вработениот од членот 8 став 3 на ова упатство ги користи по дадено одобрување на раководителот на секторот, односно на одделението и согласност на секретарот, а вработениот од членот 8 став 4 на ова упатство ги користи по одобрување/согласност на секретарот.

За користење на слободните часови, односно денови вработениот поднесува барање и во прилог кон барањето го доставува работниот налог.

Член 10

 Доколку на вработениот не му се обезбеди користење на слободни часови, односно денови во согласност со членот 9 на ова упатство му се исплатува додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.

За вработениот од членот 8 став 3 на ова упатство додатокот на плата се исплатува по одобрување на раководителот на секторот, односно на одделението и по дадена согласност од секретарот на општината.

За вработениот од членот 8 став 4 на ова упатство додатокот на плата се исплатува по одобрување/согласност на секретар.

IV. Начин на евидентирање на работното време

Член 11

 За евидентирање на полното работно време, дневната пауза и прекувремена работа се води електронска евиденција.

Електронската евиденција се врши лично и е задолжителна за сите вработени по кој било основ согласно со закон.

Електронската евиденција која се врши за друго вработено лице, односно еден административен службеник за друг е забранета.

Постапувањето на забранетиот начин опишан во ставот 3 подлежи на дисциплинска одговорност и изрекување дисциплински мерки согласно закон.

Раководителите на секторите вршат континуиран увид во електронската евиденција во текот на целиот работен ден.

Одделението за информатичка технологија им овозможува на раководителите на секторите, односно на раководителите на одделенијата континуиран увид во електронската евиденција за вработените во нивните сектори, односно одделенија.

Вработениот кој во одреден ден не поседува картичка за електронско евидентирање е должен своето доаѓање или одење од работа писмено да го евидентира кај раководителот на секторот.

Електронската евиденција за користење на дневната пауза ќе се врши согласно со дадените насоки, исто како за доаѓање и одење од работа.

Член 12

 Евидентирањето на отсуствата ( боледување, користење на годишен одмор, службено патување, стручно усовршување, платено и неплатено отсуство), раководителот на секторот, односно на одделението или лице овластено од раководителот на секторот се должни да ги ажурираат секој ден, преку софтверот за евиденција на работното време согласно со дадените насоки.

Член 13

 Раководителот на секторот, односно на одделението врз основа на листингот од електронската евиденција, изготвуваат месечни прегледи за отсуство на вработените во секторот.

Во прегледите се евидентираат отсуствата од работа во тековниот месец поради неспособност за работа поради заболување или повреда ( во натамошниот текст:боледување), користење на годишен одмор, службени патувања, стручно усовршување, платени и неплатени отсуства.

Ставовите 1 и 2 на овој член  се однесуваат и на раководителот на одделение кој раководи со одделение што важи како посебна организациона единица во администрацијата.

Член 14

 Прегледите за отсуства потпишани од страна на раководителот на секторот, односно на одделението преку архивата се доставуваат до секретарот на општината и до Одделението за управување со човечки ресурси најдоцна до 25 ( дваесет и петтиот ден) во тековниот месец.

Раководителот на секторот/ одделението одговара за веродостојноста на прегледот за отсуство.

Член 15

 Раководителот на секторот е должен за вработените во секторот покрај електронското евидентирање на прекувремена работа да води и писмена евиденција за прекувремената работа.

Раководителите на сектори, односно одделенија, покрај електронското евидентирање на прекувремената работа,  водат и писмена евиденција за прекувремената работа. Прекувремената работа од ставовите 1 и 2 на овој член се евидентира во Прегледот за користење слободни часови, односно денови на вработените кои се ангажирани после работното време и во Прегледот за исплата на прекувремена работа на вработените кои се ангажирани после работното време.

Член 16

 Раководителот на секторот, односно одделението врз основа на листингот од електронското евидентирање, изготвува преглед за ненавремено доаѓање и одење од работа, како и за користење на дневната пазуа подолго од утврденото време во тековниот месец за вработените.

Прегледот од ставот 1 на овој член кон кој се приложува листингот од електронското евидентирање, раководителот на секторот, односно одделението го потпишува и одобрено од секретарот на општината се доставува до Секторот за финансиски прашања, најдоцна до 10 (десеттиот ден) во тековниот месец за претходниот месец.

Член 17

  Ненавремено доаѓање на работа во определеното време или одење од работа пред истекот на работното време, како и користење на дневната пауза подолго од утврденото време преставува дисциплинска неуредност.

За истото непосредно претпоставениот државен службеник го известува раководителот на секторот, односно секретарот на општината.

Член 18

 Поведението од членот 17 на ова упатство што претставува дисциплинска неуредност подлежи на дисциплинска одговорнот согласно закон врз основа на чие докажување во дисциплинска постапка на вработениот, сторител на дисциплинската неуредност му се одбива соодветен износ од платата во согласност со закон.

Член 19

 Заради службени потреби, непосредно претпоставениот државен службеник на вработениот му издава писмено одобрение за излегување од зградата на општината.

Вработениот во одредено време во текот на работниот ден, заради итни и неодложни потреби надвор од работните обврски може да отсуствува од работа со писмено одобрение од раководителот на секторот, односно одделението кое го потпишува и вработениот кој ќе отсуствува од работа.

За раководителите на сектори важи пропусницата потпишана од секретарот.

За отсуство од работа од ставот 2 на овој член на вработениот му се одбива соодветен износ од платата согласно со евиденцијата од прегледот.

Прегледот за отсустност заради итни и неодложни потреби надвор од работните обврски, заедно со пропусниците за излегување од зградата на општината во текот на работното време се доставува до Секторот за финансиски прашања од раководителот на секторот, одобрен од секретарот, најдоцна до 10 ( десетти)  во тековниот месец за претходниот месец.

V. Годишен одмор

Член 20

 Годишниот одмор вработените го користат во согласност со планот за користење на годишен одмор.

Годишниот одмор вработените можат да го користат и во друг период согласно со Законот за работни односи, а во согласност со потребите на општината.

Годишниот одмор може да се користи во два дела и повеќе делови во договор со секретарот и раководителот на секторот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели, односно десет работни дена.

На вработениот да му се обезбедува искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Вработениот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови кои што самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести секретарот на општината и раководителот на секторот, односно одделението најдоцна три работни дена пред користењето.

Повозрасен работник има право на уште три работни дена годишен одмор.

Член 21

 Барање за користење на годишен одмор во случаите од членот 21 на ова упатство се поднесува во два примерока до секретарот преку архивата, пет дена пред денот кога почнува користењето на годишниот одмор.

Барањето се поднесува по претходно добиено одобрение од непосредно претпоставениот административен службеник.

Барањето за користење на денови од прекинат годишен одмор се поднесува во два примерока до секретарот, преку архивата, пет дена пред денот кога почнува користењето на деновите од прекинатиот годишен одмор. Барањето се поднесува по претходно добиено одобрение од непосредно претпоставениот административен службеник.

VI. Платен одмор

Член 22

 Вработениот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи:

1.За склучување на брак 3 дена;

2.За склучување брак на дете 2 дена;

3.За раѓање или посвојување на дете 2 дена;

4.За смрт на сопсружник или дете 5 дена;

5.За смрт на родител, брат, сестра 2 дена;

6.За смрт на родители од сопружник 2 дена;

7.За смрт на дедо или баба 1 ден;

8.За селидба на семејство од едно во друго место 2 дена;

9.За селидба на семејство во исто место 1 ден;

10.За прв училишен ден на прваче 1 ден;

11. За полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот или за сопствени потреби 3 дена;

12. За елементарни непогоди 3 дена

Деновите на платениот одмор од ставот 1 на овој член по сите наведени основи во овој член не може да изнесуваат повеќе од седум работни дена.

Барање за користење на деновите од ставот 1 на овој член се поднесува во два примерока до секретарот, преку архивата. За случаите од точките 1,2,3,8,9,10 и 11 на овој член барањето се поднесува три дена пред денот кога почнува користењето на деновите.

Вработениот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа два последователни работни дена за секое давање крв.

Барањето за користење на денови по основ на крводарителство се доставува преку архивата до секретарот на општината во два примерока.

Член 23

 Вработениот кој отсуствува од работа поради боледување и во други случаи во согласност со прописите од здравственото осигурување го известува непосредно претпоставениот административен службеник за отсуството во рок од 24 часа од моментот на спреченоста.

Доколку од објективни причини вработениот не може да ги извести непосредно претпоставениот државен службеник е должен тоа да го стори по престанувањето на причината.

Член 24

 Вработениот е должен извештајот за боледување да го достави на увид до раководителот на секторот, односно на одделението, а во рок од три дена од денот на продолжување со работа да го предаде во Одделението за управување со човечки ресурси.

Одделението за човечки ресурси прегледот на извештаи за времена неспособност за работа го доставува до Секторот за финансиски прашања, најдоцна до 25 ( дваесет и петтиот датум) во тековниот месец.

VII. Неплатено отсуство

Член 25

 Вработениот може да отсуствува од работа без надоместок на плата согласно со закон.

Барањето се поднесува во два примерока до секретарот на општината преку архивата, а по претходно одобрување на непосредно претпоставениот административен службеник.

Член 26

 Ова упатство влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 15 февруари 2022 година.

Упатството ќе биде објавено на огласната табла, како и на веб страната на Општина Струга.

КОНКУРС

Во согласност со Одлуката на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања при Советот на Општина Струга бр.0811-545/2 од 09.02.2022 година, за што поголема транспарентност и отчетност на јавните претпријатија, а во согласност со член 17 и член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19), Општина Струга, во својство на основач, објавува

КОНКУРС

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Комунално“ – Струга (7 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Комунално“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга (7 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Водовод и Канализација“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Еко Струга“ – Струга (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Еко Струга“ – Струга (5 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Хигиена“ – с.Лабуништа (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Хигиена“ – с.Лабуништа (3 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Октиси“ – с.Октиси (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Октиси“ – с.Октиси (3 лица);

-за членови на Управниот одбор на Јавно претпријатие „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда (5 лица);

-за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие „Водовод Делогожда “ – с.Делогожда (3 лица).

Кандидатот за член на Управен одбор, односно Надзорен одбор, мора да ги исполнува следните услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија

-да е жител на Општина Струга

-да има стекнато најмалку 24о кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и

-да има минимум три години работно искуство.

Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот, односно Надзорниот одбор, не може да биде подолг од четири години.

Се поттикнуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, покрај наведените законски потребни документи, да достават соодветно мотивациско писмо (во слободна форма) и кратко CV (кратка биографија) во затворен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ и „ЗА КОНКУРС ЗА УПРАВЕН ОДБОР“, односно „ЗА КОНКУРС ЗА НАДЗОРЕН ОДБОР“ со назнака за кое претпријатие, во Архивата на Општина Струга, во рок од 8 дена од објавувањето на овој оглас.

Советот на Општина Струга, во име на општината како основач, ќе изврши соодветен избор од пријавените кандидати и најадекватните ќе ги именува за членови на Управен, односно Надзорен одбор во јавните претпријатија.

Р Е Ш Е Н И Е За свикување6 (шестта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување6 (шестта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 6 (шесттата) седница на Советот на Општина Струга, за 31.01.2022 год. ( Понеделник ) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Струга за 2021 година,
  2. Предлог – Одлука за дополнување на Правилникот за користење службените моторно возило на Општина Струга,
  3. Квартален извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за трет квартал 01.01.2021-30.09.2021,
  4. Програма за работа на ЈП „Водовод и канализација“ Струга за 2022 година,
  5. Програма за Сектор за јавни дејности во Општина Струга за 2022 година,
  6. Предлог – Одлука за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струга,
  7. Предлог – Исправка на техничка грешка за Урбанистички проект со план за парцелизација, за ГП19.14 со намена А4-времено сместување, според извод од УПВНМ за блок 19, Езерски Лозја – Општина Струга,
  8. Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на Општина Струга за 2022 година,
  9. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбаниситчки план за УЕ-11, блок 2, опфат 3, 4 и 5, Општина Струга,
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.26 и КП бр.27, КО Струга,
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.26 и КП бр.27, КО Струга,
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.453/1 и дел од КП бр.463/2, КО Струга,
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.2470/1, КО Струга,
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.661, КО Корошишта Џепин,
  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.1439/1, КО Лабуништа,
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.1439/1, КО Лабуништа,
  17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.2151, КО Лабуништа-вон.гр.р.,
  18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.1439/1, КО Лабуништа,
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно иградениот објект на КП бр.1407/1, КО Лабуништа,
  20. Барање за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште,
  21. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Мирјета Муса од с.Добовјани,
  22. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Демка Мехмедоски од с.Лабуништа,
  23. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Едип Кица од с.Велешта,
  24. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Ракип Речи од с.Велешта,
  25. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Линдим Арифи од с.Делогожда,
  26. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Сабије Речи од с.Велешта,
  27. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Васко Спироски од с.Драслајца,
  28. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош Пеце Танкоски од с.Биџево,

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА

Претседател,

Арбереша Влаши

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 50  став 1 точка  од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува:    
ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации  

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.   Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да ги најдете на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk      
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Материали за јавен повик

Р Е Ш Е Н И Е За свикување 5 (петта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 5 (петта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 5 (петта) седница на Советот на Општина Струга, за 30.12.2021 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Извештај за работата на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда, за временскиот период од 01.07 до 30.09.2021 година, и споредување со постигнатите финансиски резултати со временскиот период 01.04.2020 до 30.06.2021 година.
  2. Програма за 2022 година на ЈП „Водовод Делогожда“ – с.Делогожда,
  3. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  4. Предлог – Програма за активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во општина Струга за 2022 година,
  5. Предлог – Програма за изградба на нови траси и реконструкција на јавното осветлување на подрачјето на општина Струга за 2022 година,
  6. Предлог – Програма за работа на ТППЕ Струга за 2022 година,
  7. Предлог –Решение за утврдување престанок на мандат на член на училишен одбор,
  8. Статут на Општински ученички дом „Браќа Миладиновци“ – Струга,
  9. Предлог – Буџет на општина Струга за 2022 година,
  10. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2022 година,
  11. Предлог – Одлука за висината на благајничкиот максимум за 2022 година на сметката на општина Струга,
  12. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средното образование за 2022 година,
  13. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование за 2022 година,
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Материали за седница