vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Тимоние му честита на Рамис Мерко за работата што ја прави во Струга и демантираше за изјавата во медиуими

Денес во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко го пречека амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. На средбата беа присутни шефот на кабинетот Дашмир Насуфи, директорот на ЈП “Проаква” Јетон Шаќири , советникот Инает Дани и други преставници од општинската администрација.
Амбасадорот Тимоние зборуваше многу за убавиот впечаток што го имаше добиено од убавините на Струга и му честиташе на градоначалникот за неговато гостопримство и досегашното работење.
Меѓу другото на состанокот се дисктурише и за бројните шпекулации за горење на трската, узурпација на плажите и бесправните градби кои ги имаше во последно време по медиумите и порталите . Градоначалникот Мерко уште еднаш се изјасни дека во Струга не постојат бесправни градби на брегот на Охридското Езеро и дека никогаш нема да дозволи да постојат.
Амбасадорот Тимоние рече дека беше убеден во работата на градоначалникот Мерко и дека се надева дека во иднина ќе соработуваат во областа на туризмот и образованието, бидејќи двете страни изразија заеднички интереси.
Во однос на областа на образованието амбасадорот изјави дека веќе соработуваат со Општина Охрид и со Општина Битола и дека не смеат да бидат неправдени кон Струга кога станува збор за соработки .
“Вие сте најубедливиот градоначалник што некогаш сум го сретнал” рече Тимотие додека му честиташе на градоначалникот за неговите постигнувања и се изјасни дека неговата изјава беше погрешно толкувана и изманипулирана од страна на медиумите.
“Ние сме со Струга” продолжи амбасадорот Тимоние и рече дека многу наскоро ќе ја посети Струга и градоначалникот Мерко.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Почна изградбата на заштитниот ѕид кај новата спортска сала во с.Лабуништа

На барање на населението на с.Лабуништа покрај новата спортска сала градоначалникот на Општина Струга, почна со изградба на заштитен зид со ограда. Гадоначалникот Мерко уште еднаш оствари проект кој беше побаран од страна на жителите со цел да се зголеми безбедноста на минувачите, децата или самите жители.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Министерот Арбер Адеми во посета на Општина Струга

Денес, во просториите на Општина Струга градоначалникот Мерко заедно со шефот на кабинетот, а воедно и раководител на Одделението за образование, г. Дашмир Насуфи го пречекаа министерот за образование и наука, г. Арбер Адеми.
На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочува Општина Струга во областа на образованието и за некои проекти кои Општината планира да ги реализира во иднина.
После средбата, градоначалникот Мерко заедно со министерот Адеми ги следеа одблиску градежните работи во новата спортска сала кај СОУ ”Нико Нестор “ каде што беа пречекани и од страна на неколку професори на школото на кои им се даде можноста да му поставуваат прашања и да дискутираат за некои промблематики со министерот.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Решение за свикување 25(дваесет и петата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 25(дваесет и пета) седница на Советот на општина Струга

 

Ја свикувам 25 (дваесет и петата) седница на Советот на Општина Струга, за  27.06.2019 год. (четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

-Записник од 24 -тата седница на Советот на општина Струга,

  1. Предлог Правилник за доделување награди на талентирани ученици.
  2. Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година.
  3. Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот на платата во ЈОУДГ 8 ми март Струга.
  4. Предлог Статутарна Одлука за измена на Статутот на општина Струга.
  5. Предлог Одлука за давање под краткотраен  закуп на зграда во останато стопанство во сопственост на општина Струга во КО-Враништа.
  6. Предлог Решение за измена на Решението  за формирање на ОСБСП-Струга.
  7. Барање за  финансиска поддршка за Фетије Абдурахмани.
  8. Барање за  финансиска поддршка за Нејат Бајрамоски.
  9. Предлог Одлука за распределба на вишокот средства  ( добивката ) од работење на МЈП  „Проаква” – Струга за 2018 година.
  10. (Предлог Одлука ) Расправа за состојбите на сообраќајниот режим на улиците : ”15-ти Корпус” и “ Пролетарски Бригади” во град Струга.
  11. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Боголуб Попоски.
  12. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Мендуе Мехмеди,
  13. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Шефки Сулејмани,
  14. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Илија Цветаноски,
  15. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Грујоски Александар,
  16. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Плушкоски Бранислав,
  17. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Кајмакоски Павле,
  18. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од ИВЗ на РМ Муфтиство Струга,
  19. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Амит Ајро,
  20. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Абдурахман Ахмеди,
  21. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Циркоски Димитри,
  22. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Колоња Реџеп,
  23. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Аце Мартиноски,

Материали од 25 -та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Известување до граѓаните на општина Струга и здружението на пчелари

Се известуваат граѓаните и пчеларите општина Струга дека на подрачјето на општина Струга на 26.06.2019 година (среда) ќе ce спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци, како и дератизација на шахти.
Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Канцеларија за јавни односи
Општина Струга

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa за УЕ 6 Блок 19

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 16.05.2019, година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

1. Зa Планска програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 6 Блок 19, Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 6 Блок 19, Општина Стругa, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.

4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

Формулар

Објава на Б-интегрирана еколошка Дозвола(ДООЕЛ ,,ТИМ ПЕТРОЛ 991”)

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

O Б Ј А В А
на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-1619/1 од 29.12.2009 година
Подносител на барањето:
ДООЕЛ ,,ТИМ ПЕТРОЛ 991”
Локација: „Долни Лозја“
Адреса:
с.Велешта
Струга
КП.257

-Површина P=4.445м2

Контакт лице:
Шпетим Хани
Тел: 071/336600Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3;Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:
www.struga.gov.mk

Со почит,
Општина Струга

Решение за свикување 24 (дваесет и четвртата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 24 (дваесет и четвртата) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 24 (дваесет и четвртата) седница на Советот на Општина Струга, за 30.05.2019 год. (четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

-Записник од 23 -тата седница на Советот на општина Струга,
–Записник од продолжението на 15-тата седница на Советот на општина Струга

1. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2018 година,
2. Извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина за 2018 година,
3. Предлог Програма за енергетска ефикасност на општина Струга за 2019 година,
4. Извештај за реализација на Програмата за култура за 2018 година,
5. Предлог Одлука за забрана за паркирање на пловни објекти на градските плажи,
6. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници на општина Струга.
7. Одлука за измена и дополнување на Одлкуата за времен режим на сообраќај на улици во град Струга.
8. Предлог Одлука за давање на користење Задружен дом на МЗ Безево.
9. Иницијатива од Градоначалникот на Општина Струга за измена на Статутот на Општина Струга,
10. Предлог – Правилникот за користење службени мобилни телефони на членови на советот.
11. Предлог Правилник за користење на средствата за репрезентација, во општина Струга.
12. Правилник за користење службените моторно возил на Општина Струга.
13. Извештај за работа на ЈП „Октиси„ – с.Октиси I квартал 2019 година,
14. Извештај за работа на ЈП „Kомунално„ – Струга I квартал 2019 година,
15. Извештај за работа на ЈП „Комунално„ – Струга за 2018 година,
16. Извештај за работа на МЈП „Проаква„ – Струга I квартал 2019 година,
17. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Мурат Лабуништи“ – с.Лабуништа,
18. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Единство“ – с.Октиси,
19. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга,
20. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Св.Климент Охридски“ – с.Драслајца,
21. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Нури Мазари“ – с.Делогожда,
22. Годишна сметка за 2017 година на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Подгорци,
23. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Гоце Делчев“ – с.Јабланица,
24. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Орхан Џемаили“ – с.Татеши,]
25. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Зини Хани“ – с.Велешта,
26. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Ашим Агуши“ – с.Радолишта,
27. Годишна сметка за 2018 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга,
28. Годишна сметка за 2018 година на СОУ „Др Ибрахим Темо“ – Струга,
29. Годишна сметка за 2018 година на СОУ „Нико Нестор“ – Струга,
30. Годишна сметка за 2018 година на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга,
31. Одлука за проширување на Буџетот на општина Струга за 2019 година,
32. Одлука за пренасочување на средствата на Буџетот на општина Струга за 2019 година,
33. Иницијатива за изработка на ЛУПД, поднесена од лицето Сулејман Домазет,
34. Иницијатива за изработка на ЛУПД, поднесена од лицето Сулејман Домазат и Ѓорѓи Дишлиески,
35. Иницијатива за изработка на ЛУПД, поднесена од лицето Климче Шаврески,
36. Иницијатива за изработка на ЛУПД, поднесена од лицето Ќемал Прапранику.
37. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Меноски Руфи од с.Биџево.
38. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Институт за сточарство при Универзитет Св. Кирил и Методиj во Скопје.

Материали од 24 -та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба