vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Среќен Рамазан

Почитувани верници од муслиманска вероисповед,

Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, хуманост, милост, прошка и поклонетост, дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Струга да им посакам на сите граѓани и верници на исламската вера убав дочек на овој свет месец.

Нека овој благословен месец ни послужи да одразиме мир, толеранција, почит, солидарност и хуманост.

Ви посакувам лесен пост и прифатени молитви!

Градоначалникот на Oпштина Струга,
Рамис Мерко

Мерко ја изразува својата загриженост за неодамнешните настани во ИВЗ

Загрижен за неодамнешните настани во Исламската верска заедница, мора да изразам дека сум против чинот на преземање на власта со насилство. Овој чин мора да биде осуден.
ИВЗ како верска институција на исламската вероисповест треба да е автономна и како независна , внатрешните проблемите треба да ги решат автономните органи на ИВЗ.
Чинот на преземање на власта употребувајќи насилство го нарушува уставниот поредок и демократските процеси на една земја.
Вчерашните настани се казниви, се надеваме дека настанот ќе биде решен што е можно поскоро и дека граѓани на исламската вероисповест ќе бидат соодветно информирани.

Градоначалник на Општина Струга
Д-р. Рамис Мерко

Општина Струга во соработка со УСАИД , со проект за мултиетничко општество

Денес, во просториите на општина Струга, шеф на кабинетот г. Дашмир Насуфи го пречека и одржа средба со координаторот на проектот “Зајакнување на социјалната кохезија”, г-дин. Пајтим Саити.
На средбата се разговараше за проектот “Зајакнување на социјалната кохезија”, проект финансиран од УСАИД, кој ќе се имплементира во десет општини во државата.
Целта на проектот е меѓуетничка интеракција помеѓу децата и младите преку спортски активности, вклучувајќи тука елементи на соработка, комуникација, инволвирање на сите, со цел да се надминат бариерите на етничката припадност.
Општина Струга продолжува и понатаму да ги поддржува ваквите активности и проекти. Во наредните денови, градоначалникот заедно со градоначалниците на останатите девет општини ќе потпишат Меморандум за соработка и реализација на активностите на овој проект.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга.

Претставници од Зелената партија на Република Австрија во посета на Општина Струга

Денес, во просториите на Општина Струга, градоначалникот на Општина Струга заедно со  шефот на кабинетот одржаа средба со претставници на австриската Зелена партија.
Средбата беше главно од информативен карактер, се дискутираше за еколошките проблеми како и за улогата на општината како институција, за заштита на животната средина и природните богатства на Струга.

Преставниците на Зелената партија рекоа дека Струга  им оставила добар впечаток и се надеват дека во иднина ќе имат можност да ја посетат повторно и да соработуваат со Општина Струга .

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

ОБЈАВА на Б-интегрирана еколошка Дозвола(МИ – ТРАНС)

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015, 39/2016 и 99/2018),ја издава следната

ОБЈАВА
на Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола Бр.03-726/1 од 10.06.2009 и БР.03-982/1 од 27.03.2012 година.

Подносител на барањето:

ДООЕЛ ,,МИ – ТРАНС” с.Велешта

Локација Бетонска база ,,Горни лозја“ Кп.бр. 350 за К.О.Враништа, Локација за вршење на дејноста дробење, мелење, сеење, на минерална суровина се врши на КП бр.161/2 на мв.Нанчови Ораси с.Долна Белица, Локацијата за ископ на минерална суровина е на мв.Краста с.Боровец

Адреса: с.Велешта, Струга
КП бр.350 Ко Враништа и 161/2 с.Долна Белица и локалитет Краста во с.Боровец.

Координати на локацијата на концесиско поле:

Точка Кордината Y Кордината X
T-1 4.570.468 7. 467.526;
T-2 4.570.200 7.468.029;
T-3 4.570.240 7.468.050;
T-4 4.570.339 7.467.963;
T-5 4.570.430 7.467.933,
T-6 4.570.491 7.467.852;
Т-7 4.570.600 7.467/638

-Површина P=0.077945
Контакт лице:
Мисер Хани
Тел: 070/304437

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини; и 3.3 Стационарни бетонс со вкупен капацитет на силосите поголем од 50m3.
Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 16:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:
www.struga.gov.mk

Со почит,
Општина Струга

Решение За свикување 23 (дваесет и трета) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 23 (дваесет и трета) седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 23 (дваесет и трета) седница на Советот на Општина Струга, за  16.04.2019 год. (вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

-Записник од 21 -тата седница на Советот на општина Струга,

–Записник од 22 –рата итна седница на Советот на општина Струга

 

  1. Квартален извештај за работа на Општина Струга I квартал 2019 година,
  2. Буџетски календар за општина Струга за 2020 година,
  3. Извештај на Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година,
  4. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови за 2018 година,
  5. Извештај за реализација на Програмата за локален економски развој 2018 година,
  6. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2018 година,
  7. Извештај за реализација на Програмата за еднакви можности за 2018 година,
  8. Извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина,
  9. Извештај за реализација на Програмата за култура за 2018 година,
  10. Извештај за реализација на Програмата за туризам и туристичка пропаганда за 2018 година,
  11. Извештај за реализација на Програмата за заштита и спасување за 2018 година,
  • Извештај за реализација на Програмата на Одделението за Месни заедници за 2018 година,
  1. Годишен финансиски извештај за работата на МЈП „Проаква“ – Струига за 2018 година,
  2. Годишен план за вработување на МЈП „Проаква“ – Струга за 2019 година,
  3. Одлука за давање на користење патничко моторно возило „Лада нива“ сопственост на општина Струга, на ЈП „Октиси“ – Октиси.
  4. Одлука за давање под концесија на Спортска сала од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга,
  5. Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување на општина Струга за 2019 година,
  6. Годишен план за вработување на општина Струга за 2020 година,
  7. Иницијатива од Градоначалникот на општина Струга за измена на Статутот на општина Струга,
  8. Извештај за работата на ЈП „ЕКО-Струга“ – Струга за 2018 година,
  9. Програма за работата на ЈП „ЕКО-Струга“-Струга за 2019 година,
  10. Одлука за доградба на „Пешачка патека“,
  11. Исправка на грешка на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Скендер Мазари од с.Делогожда
  12. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Ибраим Ибраими.
  13. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Васфи Купа од с. Велешта.
  14. Програма – елаборат за поставување урбана опрема за затворено спортско игралиште.
  15. Oдлука за усвојување на извештајот на пописната комисија на Општина Струга со состојба на ден 31.12.2018 година.

Материали од 23-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Демант

Општина Струга демантира дека во основното училиште “Браќа Миладинов” немаше греење  три недели по ред. Општина Струга во разговор со директорката на училиштето, дозна дека во “Браќа Миладиновци” немаше греење само вчера, така што наставата  продолжи со скратени часови.  Станува збор за технички проблем  односно за задоцнето снабдување со дрва за греење но веќе се преземени мерки и од утре наставата ќе се одвива редовно и со регулирано греење.
Општина Струга освен што ги им одговорила и ги исполнила сите барања на училиштето за дрва и нафта за греење,  ги има отплатено и долговите од претходниот мандат, односно се исплатени околу 4 милиони денари само за електрична енергија додека се преземени  да се платат  693, 100 денари за дрво за 2018-2019 година.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Општина Струга и ХЕ ,,Црн Дрим,, соработуваат во интерес на граѓаните на Струга

Општина Струга ја известува јавноста дека нивото на реката Црн Дрим во изминатите два дена беше спуштено за одредено ниво поради неопходност од градежни зафати на локалитет покрај кејот, за кои зафати беше потребно дел од механизацијата да пристапи од страната на речното корито. Од тие причини инвеститорот се обрати до општината, по што заеднички беше побарано од подружница на ЕЛЕМ во Струга, ХЕС Црн Дрим, во чија надлежност е системот за регулација на реката, да се намали испустот на вода со цел да може да се извршат неопходните зафати во најкус рок и притоа да се овозможи безбедносен пристап.

Ги демантираме сите тврдења за еколошки последици и напоменуваме дека АД ЕЛЕМ и општина Струга соработуваат со години наназад во интерес на локалното население, како и дека општината ги поддржува сите активности на ЕЛЕМ што се во интерес на граѓаните,како што се чистење на ресите во Дримот еднаш до два пати во годината каде нивото на водата во Дримот се спушта до најниско ниво, порибување на Охридското езеро еднаш во годината, исто така пред очекување на големи дождови превентивно се спушта нивото на барање на многу граѓани заради побрзо цедење на водата од нивните подруми, како и планираното чистење на коритото од наноси на песок во Црн Дрим што ја го зголеми проточниста на вода низ коритото кое ЕЛЕМ подружница ХЕС Црн Дрим го планира за оваа година.

Овој капитален зафат кој не е направен од ниедна организација повеќе од 38 години, долгорочно ќе ја зголеми безбедноста на Струга од поплави, поефикасно дренирање на подземните води, и намалена можност за излевање на водата низводно од градот и поплавување на земјоделски и други површини и други населени места долж течението.

Кој ги изгради каменоделниците во село Лабуништа

Не им беше доволно што уништија се останато , па ја уништија и природата и планините со изградби на каменоделници, и затоа денес стигнавме до оваа алармантна состојба.

7 од 8 каменоделниците се изградени со дозвола  на поранешната власт во текот на нивниот 4 годишен мандат.

Одговорноста треба да се бара кај тие што дадода согласност и дозвола за да денес сме во оваа состојба.

Општина Струга ќе ги спроведе сите можни законски постапки и процедури почитувајќи ги правата на жителите на село Лабуништа за чиста околина,  и на одговорните ќе им се бара одговорност за нивните постапки.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

8 Април – Меѓународен ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на ромската заедница, ромските здруженија организираа низа активности во центарот на градот, кои ги одразуваат ромските традиции, култура и историја низ годините.

8 април служи за да нè потсети дека и ромската заедница е дел од нашето општество, па затоа мораме да ги поддржиме и да им дадеме можност да се вклучат како и сите други.

Почитувани граѓани од ромска националност, нека Ви е честит празникот!