vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Честитки за одбраната на титулата Светски Шампион

Честитки за нашиот непобеден шампион во рингот на кој му посакуваме уште многу слични победи и успеси во иднина! Кикбоксерот Бени Османоски од Октиси во мечот во сабота ја одбрани титулата Светски Шампион. Бени го победи русинот Димитри Меканик со нокаут во првата рунда.

Општина Струга почна со поставувањето на клупите во новиот кеј со цел да им овозможиме на граѓаните услови за релаксација и одмор.

Апелираме до граѓаните да внимаваат и да ја чуват урбаната опрема која служи за сите граѓани.
Добрите дела се прават тогаш кога сите работиме заедно! Затоа ве молиме да ги пријавите лицата кои ќе ја оштетат или уништат урбаната опрема , на официјалната веб страница на Општина Струга, на социјалната мрежа Фејсбук или по електронска пошта на info@struga.gov.mk .

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Mерко оддржа средба со колективот на СОУ

Денес, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко заедно со шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи оддржа средба со колективот на “Ибрахим Темо”.

Средбата беше од информативен карактер во врска со збратимувањето на СОУ “ Ибрахим Темо” со школото Yıldız Tınas İzmiroğlu Anadolu Lisesi во Измир, Турција. Колективот на СОУ “ Ибрахим Темо” беа на тридневна посета на ова училиште каде разменија искуства, мислења и идеи за соработка во иднина.

Градоначалникот на Општина Струга рече дека ја поддржува оваа иницијатива и го покани училиштето во прашање за посета.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

XXIV Симпозиум на Македонското археолошка друштво

Вчера започна 24-тиот симпозиум на Македонското археолошко друштво кој ќе се оддржи до 10 Мај 2019. На отворањето на симпозиумот присустуваше и градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко, Директорката на Управата за заштита на културно наследство Елеонора Петрова –Митевска, директорот на Археолошки музеј на Северна Македонија Горан Санев како и археолози од целата земја.
За време на тридневниот симпозиум ќе се дискутираат теми поврзани со историјата на археолошките истражувања во во струшкиот регион и охридскиот регион, заштитените подрачја во овој регион, подводната археологија и др.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Хоризонтална сигнализација

Синоќа, компанијата задолжена од страна на Општина Струга работеше интензивно на освежување на хоризонталната сигнализација односно на обележување на 🚧 пешачките премини и линии.
Овој проект беше релизиран со цел 🚙 возачите и 🚶🏻‍♂️ пешачите да се движат слободно и без пречки.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Честитки ФК Струга Трим & Лум

Честитки за квалификациите и историското достигнување ФК Струга Трим & Лум

Честитки за извонредниот успех , за квалификацијата во Првата лига на Македонија, која е историска за еден клуб како што е ФК Струга. Општина Струга секогаш ги поддржува ваквите достигнувања.

Во тек на наредните денови градоначалникот на Општина Струга г. Мерко ќе оствари средба со стафот и фудбалерите за да им честита лично.

🏆🥇 CHAMPIONS 🥇🏆

 

Среќен Рамазан

Почитувани верници од муслиманска вероисповед,

Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, хуманост, милост, прошка и поклонетост, дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Струга да им посакам на сите граѓани и верници на исламската вера убав дочек на овој свет месец.

Нека овој благословен месец ни послужи да одразиме мир, толеранција, почит, солидарност и хуманост.

Ви посакувам лесен пост и прифатени молитви!

Градоначалникот на Oпштина Струга,
Рамис Мерко

Мерко ја изразува својата загриженост за неодамнешните настани во ИВЗ

Загрижен за неодамнешните настани во Исламската верска заедница, мора да изразам дека сум против чинот на преземање на власта со насилство. Овој чин мора да биде осуден.
ИВЗ како верска институција на исламската вероисповест треба да е автономна и како независна , внатрешните проблемите треба да ги решат автономните органи на ИВЗ.
Чинот на преземање на власта употребувајќи насилство го нарушува уставниот поредок и демократските процеси на една земја.
Вчерашните настани се казниви, се надеваме дека настанот ќе биде решен што е можно поскоро и дека граѓани на исламската вероисповест ќе бидат соодветно информирани.

Градоначалник на Општина Струга
Д-р. Рамис Мерко