vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Наскоро

Изградбата, односно реконструкцијата на спортската салата на СОУ “ Браќата Миладиновци” e при крај.

Спортистите 🤼‍♀️ на оваа школо конечно ќе вежбат во сосема нов и реновиран простор со современи услови.

🔜✅ При крај…

Рамис Мерко со друга инвестиција за подобрување на патната инфраструктура

Овој пат Општина Струга почна да работи на реконструкција и асфалтирање на оската на патот од кривината на село Калишта кон Хотел Изгрев, со должина од околу 1 км, така што сообраќајот во овој дел ќе се развива без пречки.

Воедно се поправуват и асфалтират дел од оштетените патиштата од с. Калишта до влезот на селото Радожда.
За градот што го сакаме продолжуваме и понатаму со ваквите инвестиции..

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (Село Калишта)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Гадоначалникот на општина Струга, на 15.03.2019 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска програма за Урбанистички План за Село Калишта, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за Урбанистички План за Село Калишта, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.

3. За изработка на Урбанистички План за Село Калишта, Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ БИТОЛА, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Урбанистички План за Село Калишта, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.

5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.

6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна

ФОРМУЛАР

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 18.03.2019 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

1. Зa Планска програма за изработка на Измена и Дополна на Детален Урбанистички План (ДУП) во УЕ 1 дел од Блок 7, Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на Измена и Дополна на Детален Урбанистички План (ДУП) во УЕ 1 дел од Блок 7, Општина Струга , нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

 

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Објава Б- Дозвола ДООЕЛ ,,МИ – ТРАНС” с.Велешта

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015, 39/2016 и 99/2018),ја издава следната

ОБЈАВА
на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. Бр. Бр.03-726/1 од 10.06.2009 и БР.03-982/1 од 27.03.2012 година.

Подносител на барањето:

ДООЕЛ ,,МИ – ТРАНС” с.Велешта

Локација Бетонска база ,,Горни лозја“ Кп.бр. 350 за К.О.Враништа, Локација за вршење на дејноста дробење, мелење, сеење, на минерална суровина се врши на КП бр.161/2 на мв.Нанчови Ораси с.Долна Белица, Локацијата за ископ на минерална суровина е на мв.Краста с.Боровец

Адреса: с.Велешта, Струга
КП бр.350 Ко Враништа и 161/2 с.Долна Белица и локалитет Краста во с.Боровец.

Координати на локацијата на концесиско поле:

Точка Кордината Y Кордината X
T-1 4.570.468 7. 467.526;
T-2 4.570.200 7.468.029;
T-3 4.570.240 7.468.050;
T-4 4.570.339 7.467.963;
T-5 4.570.430 7.467.933,
T-6 4.570.491 7.467.852;
Т-7 4.570.600 7.467/638

-Површина P=0.077945
Контакт лице:
Мисер Хани
Тел: 070/304437

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини; и 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите поголем од 50m3.
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 16:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335
Б – дозвола ДООЕЛ МИ ТРАНС
Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:

www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Општина Струга потпишува договор за соработка со Универзитетскиот Колеџ Бедр.

Денес во просториите на Општина Струга, претставници на општинската администрација и директорот на МЈП “Проаква” одржаа средба со Проф. Др. Фердинанд Ѓана – Ректор во Университетскиот Колеџ Бедр.

Состанокот имаше за цел склучување на договор за соработка помеѓу двете институциите во областа на образованието, размена на искуства на студентите, реализација на практична работа како и други меѓугранични соработки во рамките на ИПА-фондовите.

“Општина Струга има две јавни средни училишта и една приватна. Една од јавните училишта која е именувана “Др. Ибраим Темо” е основана од страна на сегашниот Градоначалник на Општина Струга”, истакна Шаќири.

Г. Ѓана ги претстави сите програми кои ги нуди Университескиот Колеџ Бедр, разни видови на стипендии и разните соработки со неколку општини од Албанија и Косово.

Општина Струга е отворена за секаква соработка и е подготвена за реализација на нови проекти во иднина.

Демант

Пред неколку дена се ширеше лажна информација дека Општина Струга дозволува диви градби. Општина Струга негира дека издала градежни дозволи за диво градежништво. Напротив, станува збор за дозвола за реконструкција на објект издадена од страна на поранешниот градоначалник на Струга, Зијадин Села, како што и можете да видите на сликата.

 

Градоначалникот на Општина Струга е против каква била злоупотреба на плажите на Струга

Општина Струга демантира дека има врска со “ узурпирањето” на градските плажи  или палењето на трските. Напротив,  ние како институција не ги подржуваме ваквите дела и ќе направиме сé што е во наша моќ за да ги спречиме истите.

Од  друга страна, уредувањето и чистењето на плажите се прави во интерес  на граѓаните, за почиста и погодна околина за нас и за туристите кои ја посетуваат Струга за време на туристичката сезона. Нашата цел како општина е да  помогнеме во развиењето на туризмот во Струга и воедно да создадеме можности за работа за нашите граѓани.

Исто така, сметаме дека главната причина за овој хаос и дезорганизација е решавањето на статусот на концесионерите, па затоа од Министерот за транспорт и врски бараме да не дејстува на селективен начин и го покануваме да дојде и да најдеме заедничко решение,  за доброто на градот и граѓаните на Струга.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

Решение за свикување 21 (дваесет и прва) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 21 (дваесет и прва) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 21 (двесет и првата) седница на Советот на Општина Струга, за 14.03.2019 год. (Четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

-Записник од 20 -тата седница на Советот на општина Струга

1. Годишна сметка на општина Струга за 2018 година
2. Извештај за работа на Општина Струга, IV квартал 2018
3. Извештај за работа на ЈП „Комунално„ – Струга, IV квартал 2018
4. Акти за организација и систематизација на ЈП „Еко -Струга„ Струга.
5. Извештај за реализација на Програмата за изградба, одржување и заштита на локални патишта на општина Струга за 2018 година,
6. Тарифник за утврдување на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт на подрачјето на општина Струга,
7. Годишен план за вработување на ЈП „Комунално„ – Струга за 2020 година,
8. Измена на Годишниот план за вработување во ЈП „Комунално“-Струга за 2019 година,
9. Советнички Прашања

Материали од 21-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба