vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Рамис Мерко ги смена старите азбестни цевки кои не беа променети последните 40 години со нови азбестни цевки.

Денес, Градоначалникот на Општина Струга, г.Рамис Мерко го инагурираше еден од најважните проекти за градот на Струга. Овој проект има за цел заменување на старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите кои не беа сменети воопшто последните 40 години.

 

Во првата фаза на проектот ќе се сменат цевките на улицата Партизанска почнувајќи од кружниот тек кај старата автобуска станица до кружниот тек кај женска плажа.

Иако целиот проект е многу важен, не е случајно тоа што оваа фаза беше поставена како прва фаза, бидејќи овој пат се протега кон брегот на Охридското Езеро каде што паралелно ќе се гради шеталиштето и овој дел е многу битен за развојот на туризмот со олгед на тоа дека летната сезона се приближува.

 

Вреди да се напомени дека во тек на реализија на горенаведените проекти, ќе има застој односно неколку улици и тротоари ќе се затворат за одреден период на време, затоа ве замолуваме да бидете трпеливи и да покажете разбирање.

Со почит,

Д-р. Рамис Мерко
Градоначалник на Општина Струга

Средба помеѓу претставици на општина Струга и онзорциум на холандски компании

Општина Струга заедно со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и со конзорциум на холандски компании ги истражува можностите за рехабилитација и надградба на влезната брана и истекот на рекатa Црн Дрим . Во моментов овие објекти се користат во тандем за управување со нивото на водата во Охридското езеро и им овозможуваат на ЕЛЕМ да го регулира протокот на вода на хидроцентрала во Глобочица..

За да се обезбеди  прифаќање на овие иновативни мерки на 30.01.2019 во салата на Совет на Општина Струга,  се одржа  јавната консултација со различните клучни чинители за да се увидат различните ставови и опции.

Во тесна соработка со општина Струга и ЕЛЕМ, холандскиот конзорциум последователно ќе ги искористи резултатите од оваа консултација како појдовна точка за развој на барање до холандската влада за финансирање на физибилити студија за понатамошно елаборирање на проектот.

На настанот присуствуваа преставници на амбасадата на Кралството Холандија во Р.Македонија, претставици на општините Струга, Охрид и Дебарца,  Агенцијата за енергетика, ЕЛЕМ, Водостопанство на РМ, хидробиолошкиот завод, музејот, локални НВО и  институции.

Канцеларија за односи со јавноста.
Општина Струга

Решение за свикување 19 (деветнаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е
За свикување 19 (деветнаесетта) седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 19 (деветнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за  06.02.2019 год. (Среда) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

-Записник од 17 -тата седница на Советот на општина Струга (недовршена)

-Записник од 18 -тата седница на Советот на општина Струга (недовршена)

  1. Предлог Одлука за измени и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струга за 2019 година,
  2. Предлог Одлука за доделување финансиска помош на лицето Зоран Перески од с.Ложани
  3. Предлог Одлука за доделување финансиска помош на лицето Амиет Арифи од с.Дологожда,
  4. Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани и ненаплатени обврски,
  5. Предлог – Програма за инсталација на фотоволтаични системи во јавни објекти  на општина Струга,
  6. Предлог – Програма за измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Струга за 2019 година,
  7. Одлука за давње под закуп на фискултурна сала СОУ „Д-р.Ибрахим Темо„ – Струга,
  8. Предлог – Одлука за надомест на штета,
  9. Извештај за работа на ЈП „Октиси„ – с.Октиси IV-ти квартал 2018 година,
  10. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Севди Османи од Ново Село.
  11. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Авди Агни.
  12. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Гани Шемо.
  13. Исправка на грешка на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Башким Кормакоски од с.Лабуништа
  14. Решение за формирање работна група за именување на локални улици во општина Струга
  15. Одлука за давање согласност за аплицирање на проекти во Биро за рамномерен развој на РМ за 2019 година со проектот „Изградба на водоводна мрежа во село Радолишта – фаза 2„.
  16. Одлука за давање согласност за аплицирање на проекти во Биро за рамномерен развој на РМ за 2019 година со проектот „Реконструкција на резервоар за вода во село Шум„.
  17. Одлука за давање согласност за аплицирање на проекти во Биро за рамномерен развој на РМ за 2019 година со проектот „Изработка на техничка документација за изградба на патека до школото во с.Драслајца.

Материали од 19-тата седница

Бр.08-381 /1
24.01.2019 гoд.
СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

ОБЈАВА На Б-интегрирана еколошка Дозвола (10-5343/7 )

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18),ја издава следната
ОБЈАВА
На Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015и 99/18), до Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03-3796 од 22.09.2015година.

Подносител на барањето:
ДООЕЛ ,,БАУ БЕТОН”
Локација „ БРАНЕНИЦА“

Адреса:
с.Октиси
Струга
КП бр.1668, КП бр.1669 и КП.бр.1670

-Површина P=0.2193хектари

Контакт лице:
Енис Мевмедоски
Тел: 078/377903

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3;

Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Титоб.б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон: 046 781-335

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Струга:

ФОРМУЛАР

www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Препораки

Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови

  1. Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
  2. Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
  3. Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
  4. Да внимаваат на покривите –  во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
  5. Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
  6. Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
  7. До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.

Препораки за сите граѓани кои оваа зима ќе одат на планина

Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:

  1. континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
  2. да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
  3. да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
  4. да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
  5. да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
  6. луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
  7. планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Jавен надзор

               Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга.

 

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за (ЛУПД) за изградба на стопански комплекс со намена Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (Фарма за Кокошки), на КП 1820/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга.

 

  1. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 08.01.2019  до 07.02.2019 година. 
  2. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 01.02.2019 (Петок), во општина Струга, со почеток во 14.30 часот.
  3. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  4. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Со почит,

Општина Струга

преземете го документот

Решение за свикување 18 (осумнаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 18 (осумнаесетта) седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 18 (осумнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 15.01.2019 год. (вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

-Записник од 17 -тата седница на Советот на општина Струга (недовршена)

 

  1. Предлог -Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2019 година.
  2. Предлог – Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2019 година.
  3. Предлог- Одлука за измена на Одлуката за режимот за сообраќај на град Струга.
  4. Предлог – Одлука за донесување ДУП во УЕ-11 блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП за град Струга 2007,општина Струга, плански период 2018-2023,
  5. Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и личности од нашето културно минато за 2019 година.
  6. Предлог – Програма за работа на ЈП „Водовод Дологожда„ – с.Дологожда.

    Материали од од 18 – тата седница

    Бр. 08-17/1
    03.01.2019 гoд.
    СТРУГА

    СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
    Претседател,
    Ресул Каба

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa (УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 20.12.2018 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

1. Зa Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

 

Градоначалникот на Општина Струга г.Рамис Мерко ги награди првите новороденчиња родени во 2019-та

Утрово, градоначалникот на Општина Струга заедно со заменик министерот за здраство г. Асим Муса  го посети Детското одделение во Општата болница во Струга, каде што ги посети и ги награди мајките на првите три новороденчиња родени после полноќ. Трите новороденчиња се машки и се во одлична здраствена состојба. Градоначалникот Мерко им честита на мајките на трите новореднчиња и им посака многу здравје и долг живот на децата.

Среќена 2019!

Почитувани сограѓани,

Новогодишните празници се тука за да не зближат и обединат во славење на новите почетоци, затоа драги пријатели да се потсетиме на сите убави нешта кои се случија оваа година и да ги оставиме зад нас сите неубави нешта. Нека биде оваа година, година кога толеранцијата, добрината, разбирањето, хуманоста се дел од нас и нашите животи и да ја започнеме оваа година во просперитет и мир.

Оставаме зад нас една година полна со предизвици, но и успеси кои успеавме да ги постигнеме благодарение на Вашата поддршка и доверба.  Реализиравме  инфраструктурни проекти, реконструиравме и асфалтиравме патишта, поставивме нови водоводи, нова канализација, помогнавме во  подобрувањето на условите во детските градинки, училиштата, изградивме јавни простори за сите граѓани како и многу други проекти.

Но, нема тука да запреме. Во 2019 година ќе реализираме и многу планирани проекти во соработка со меѓународните фондови и централната власт со цел да изградиме подобра Струга, прекрасна Струга, Европска Струга.

Конечно, дозволете ми со свое лично име и во име на Општина Струга да ја поминете Новата Година во кругот на Вашите семејства, со повеќе здравје, мир, љубов и фолем благослов и успех во секоја сфера од вашиот живот.

Среќена  2019!

Со почит,

Градоначалник на Oпштина Струга

Д-р. Рамис Мерко