vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со архитектите на општина Струга одржаа состанок со академскиот/наставниот кадар на факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Денес, градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со архитектите на општина Струга одржаа состанок со академскиот/наставниот кадар на факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Целта на средбата беше запознавање на академскиот кадар со урбанистичките проблеми во градот  на Струга, бидејќи оваа година  ја избрале Струга како локација за  пројект за семестрална задача.

Градоначалникот Мерко ги информираше за актуелните проблеми со кои се соочува општина Струга во областа на  урбанизмот и административни пречки на централните институции, кои го попречуваат правилниот развој на градот.  Градоначалникот рече дека е отворен за нови идеи и предлози од квалификувани лица од областа на архитектурата и просторно планирање кои ќе придонесат за развојот на градот на Струга како туристички град, а исто така е подготвен да им помогне на учениците и младите аркитекти во  нивните креативни иницијативи за доброто на градот.

Претставници од  Универзитетот Американ Колеџ изразија дека се фасцинирани од географскиот опсег и потенцијал на градот за понатамошен развој, и дека се оптимисти дека ќе има квалитетни проекти од страна н на студентите. Околу 80 студенти на архитектонскиот факултет во текот на семестарот ќе работат во различни локации низ градот  за нивните семестрални задачи. Тие ќе работат идејни проекти за јавни објекти како што се градинките, основните училишта, спортски објекти , паркови и јавни простори, како и план предлог за развојот на урбанизмот во градот на Струга.

Ваквите состаноци ќе продолжат  и ќе се финализираат со изложба на проектите  на студентите , на кои студентите ќе работат во текот на учебната година под менторство на професионални лица од таа област така штона крај најкреативни идеи  ќе можат да се користат  за подобрување на инфраструктурата и урбанизмот во градот на Струга.

Канцеларија за јавни односи
Општина Струга

Арберешите на Италија, ја посетија Општина Струга

Денес, општина Струга беше посетена од страна на учениците на училиштето “Св. Митер Короне “  од Козенца, Италија. Учениците во прашање имаа можност да се информираат за функцијата на општинската администрација, одделениата и работата на вработените во општината. Покрај тоа, тие имаа можност да бидат информирани и за културните наследства и нивната заштита.

Канцеларија за јавни односи
Општина Струга

 

Почна изградбата на втор резервоар за вода за пиење во селото Лабуништа со капацитет од 700 метри кубни.

Вчера градоначалникот на општина Струга , г. Рамис Мерко заедно со шеф на Кабинет Дашмир Насуфи, претседателот на совет г. Ресул Каба , пратеникот Агим Шаќири и други функционери од централната и локалната власт.

Ова, како што појасни градоначалникот Мерко, е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите со чиста вода за пиење на жителите во ова село.

Ова е само почетокот. Општината ќе продолжи со реализација на нови проекти во Лабуништа, но и во другите населени места. Ќе се потрудиме да ги задоволиме потребите на населението за подобар и поудобен живот во општина Струга, истакна Мерко.
Градежните работи, најави, ќе ги изведува фирмата ЕРР-КОП од Лабуништа. Изведувачот досега работеше на проширување на патот за полесна и побезбедна проодност до местото каде ќе биде резорвоарот за вода.
Во рамки на посетата на Лабуништа градоначалникот изврши увид и на градежните работи на спортската сала во селото, каде е ставена подлогата, а од утре треба да почне поставувањето на железните столбови за градба.

 

Јавен повик

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014,44/2015,193/2015,31/2016,163/2016,64/2018) Градоначалникот на Општина Струга го донесува следното

Јавен повик
Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Струга дека се распишува
Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на Урбанистички планови.


Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014 44/2015 193/2015 31/2016 163/2016 64/2018) во вториот квартал за 2018 година.
Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или измена и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичкио-планска документација со конкретен предлог од поднесителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 01.10.2018 година до 01.11.2018 година-31 ден.
Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Струга www.struga.gov.mk,на огласна табла во општината во информацискиот систем  е-урбанизам , преку објава во службено гласило на општината и во еден дневен весник на македонски јазик и еден дневен весник на албански јазик .
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Струга или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
За сите прифатени иницијативи поднесителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на инијативите .
Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Струга за  2018 година
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од поднесителите на иницијативите-правни или физички лица.

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Jавна дебата

Денес на Меѓународниот Универзитет во Струга се одржа јавна дебата со професори, функционери и луѓе од јавниот живот во Струга.

На дебатат зеде збор и Секретар на Општина Струга Соња Стојкоска која зборуваше за важноста на изборот пред кој се наоѓаме и евроинтеграциите во Република Македонија.

“Со влезот во Европската унија младите најмногу ќе ги почувствуваат придобивките за нивното најгорливо прашање – вработувањето. Тие својата иднина ќе ја гледаат дома и ќе бидат ценети заради нивното образование и знаење. Јас сум горда што денес имам чест и сите ние заедно ќе учествуваме во испишување на историјата на нашата држава” – потенцираше Стојкоска

Ова е една од активностите кои се одржуваат пред престојниот Референдум за кој јавно се дискутира за придобивките кои ја чекаат Македонија во нејзината евроинтеграција и влез во Нато алијансата.