Извештај за стратегиска оцена на животна средина за локална урбанистичка планска документација за КП 3454, КО Мислешево, со намена А4- Времено сместување, со површина од 0,83 ха, Општина Струга
vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş
Извештај за стратегиска оцена на животна средина за локална урбанистичка планска документација за КП 3454, КО Мислешево, со намена А4- Времено сместување, со површина од 0,83 ха, Општина Струга
Вчера, Шефот на кабинетот, г-дин Дашмир Насуфи, заедно со Претседателот на Совет на Општина Струга, г. Ресул Каба ја пречекаа италијанската делегација во просториите на Општина Струга.
Во Струга престојува делегација составена од 6 експерти од различни области (градежништво, здраство опрема за болница, истражување и сл.) и одржуваат состаноци со цел консултации, преговори, размена на искуства за започнување на студија и за нова Општа болница во Струга.
Претседателот на Совет на Општина Струга и Шефот на кабинетот ги пречекаа и ги заблагодарија на претставниците на Меридионал Груп за овој ангажман. Тие ги презентираа капацитетите на градот Струга, како туристичка дестинација, а потоа ја објаснија потребата за нова општа болница која ќе има и регионален карактер.
Од општина, присутните внимателно ја посетија актуалната градска болница.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга
Денес, во просториите на Хотел Дрим, Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко се сретна со претставници на Меридионал Груп од Италија.
На состанокот присуствуваше заменик министерот за здравство, г. Асим Муса, директорот на Општата болница во Струга г. Реџеп Даути, Лулзим Насуфи аркитект, како и други преставници од Општина Струга. Средбата беше од информативен карактер, се споделуваа идеи и мислења како и искуства од предтходните план проекти што Меридионал Груп ги има реализирано во Италија.
На средбата Градоначалникот изјави дека на градот на Струга и недостасува болница која ќе ги исполнува сите потребни услови , и дека ваквата соработка, односно изградба на нова болница би била повеќе од добродојдена за градот Струга.
“Владата и Министерството за здравство работат на тоа да обезбедат грантови од Светска банка и европски фондови, од кои добиените средства ќе бидат наменети за изградбата на болницата во Струга. Министерството формираше група составена од неколку членови кои наскоро ќе го реализираат првиот состанок и ќе соберат општи податоци за тековните единици и потребата од нивно дополнување “, рече заменик-министерот за здравство, г. Асим Муса.
Средбата заврши со тоа што групата експерти изразија подготвеност да соработуваат и ги поканија сите присутни да ги посетат во Италија каде ќе имат можност да се запознаат одблиску со нивната работа и да се уверат во нивната професионалост.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 14 (четиринаесеттата) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 14 (четиринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 31.10.2018 год. (Среда) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Записник од 13 – тата седница на Советот на општина Струга.
Бр. 08- 4519/1
17.10. 2018 гoд.
СТРУГА
СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба
Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.
О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален Урбанистички План (ДУП) за дел од Блок 30, КО Мороиштa, Општина Струга.
Бр.10-3133
17.10.2018
СТРУГА
Со почит,
Општина Струга
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 07.09.2018 година, донесе:
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1. За Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, за чија изработка е одговорен ЧИП ГРОУП ДООЕЛ, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.
Бр. 10-3871
07.09.2018
СТРУГА
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко
Се известуваат граѓаните и пчеларите на oпштина Струга дека на подрачјето на општина Струга на 19.10.2018 година (петок) ќе ce спроведе теретистична (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 18:00 до раните утрински часови.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Канцеларија за јавни односи
Општина Струга
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 13.09.2018 година, донесе:
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1. За Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ПЛАНЕРИС ДООЕЛ КУМАНОВО, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИА (ФАРМА ЗА КОКОШКИ) на КП 1820 КО Корошишта Џепин, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.
Бр.10-3960
13.09.2018
СТРУГА
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко