vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Средба со потенцијален инвеститор

Денес градоначалникот на  Општина Струга се сретна со инвеститотри од Белгија и со директорот на ТИРЗ г. Александар Младеновски.

Градоначалникот ги пречека инвеститорите и  им ја претстави Струга  како  туристички град со голем потенцијал и капацитет за развој на бизнис . Исто така спомна дека во Струга се наоѓа  и индустриско технолошката развојна зона  која има многу добра локација така што ги опфаќа трите општини :  Oхрид , Дебрца и Струга.

Инвеститорот изрази интерес за инвестирање во Општина Струга и сакаше да дознае повеќе за средните училишта  и за бројот на ученици .

Градоначалникот Мерко нагласи дека од страна на Општина Струга тие имаат и секогаш ќе имаат поддршка за вакви иницијативи.

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со директорот на “Македонијапат “, г-дин Гаjур Кадриу и Дестан Бајрами одговорен за патиштата во Струга, одблиску ја надгледуваа работата на патот, на влезот на село Лабуништа.

Веќе некое време се работи  на асфалтирање и поправка на патиштата во Општина Струга, каде што и денес  Градоначалникот на Општина Струга заедно со г. Кадриу и г. Бајрами излегоа на терен за да одблиску ја надгледуваат  работата на асфалтирањето и рехабилитацијата на патот во Лабуништа, пат со должина од 1400 метри и со просечна ширина од 6 метри.  Овој пат веќе долго време беше проблематичен за жителите на оваа село. Општина Струга во соработка со “Македонијапат“ – допринесоа до оваа инвестиција.

Меѓу другото Кадриу рече дека ваквата соработка со Општина Струга ќе продолжи и за регионалните патишта во општина Струга.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Започнува првата фаза на поправки на реката Сатеска

Денес, градоначалникот на општина Струга, Рамис Мерко заедно со градоначалникот на Општина Охрид, г. Јован Стојкоски и градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески, во придружба на претставници на Европската унија г.Бертолин и г-ѓа. Винтон претставничката на УНДП, , се сретнаа во близина на реката Сатеска.
Целта на состанокот беше имплементирање на проектот за чистење на реката Сатеска во целина и во еден дел од селото Волино  каде што старото корито преминува во новото. Старото корито кое што поминува низ селото Мороишта и Драслајца  ќе се поправи така што една количина од водата ќе поминува низ старото корито и ќе се влева во реката Црн Дрим.
Овој проект е  спроведуван од страна на  УНДП Македонија , Oпштина Струга, Oпштина Охрид и Дебарца и е финансиран од Европската унија. Градоначалниците му се заблагодарија  на двајцата претставници и побараа проектот да се стави во сила веднаш штом е можно, за да се спречи вишокот тиња  , фосфат и сулфат  кои се влеват во Охрдиското Езеро  од водите на реката Сатеска и ја загадуваат водата .

Решение за свикување 13 (тринаесеттата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 13 (тринаесеттата) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 13 (тринаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 24.09.2018 год. (Понеделнк) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

    – Записник од 12 – тата седница на Советот на општина Струга.

  1. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Браќа Миладиновци„ – Струга за учебната 2018/2019
  2. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга за  учебната 2018/2019.
  3. Годишна програма на ООУ „Нури Мазари„ – с.Делогожда за учебната 2018/2019
  4. Годишна програма на ООУ „Ашим Агуши„ – с.Радолишта за учебната 2018/2019 .
  5. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Св.Климент Охридски„ – с.Драслајца за учебната 2018/2019.
  6. Годишна програма на ООУ „Единство„ – с.Октиси за учебната 2018/2019 .
  7. Годишна програма на ООУ „Зини Хани„ – с.Велешта за учебната 2018/2019.
  8. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Јабланица за учебната 2018/2019,
  9. Годишна програма на ООУ „Орхан Џемаили„ – с. Г.Татеши за учебната 2018/2019 .
  10. Годишна програма на ООУ „Мурат Лабуништи„ – с.Лабуништа за учебната 2018/2019.
  11. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Подгорци за учебната 2018/2019.
  12. Годишна програма на СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2018/2019 година,
  13. Годишна програма на СОУ “ Д-р. Ибрахим Темо„ – Струга за учебната 2018/2019 година,
  14. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „8-ми Март„ – Струга за 2017-2018 година
  15. Годишна Програма на ЈОУДГ „8-ми Март„ за 2018/2019 година,
  16. Исправка на грешка на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици и формирање комбинирани паралелки во ООУ  „Мурат Лабуништи„-с.Лабуништа за учебната 2018/2019 година
  17. Предлог – Иницијатива поднесено од НЈУ ВИЗИОН од Охрид, за изработка на ЛУПД на формирање на градежни парцели за изградба на објект со намена А1,  на дел од КП бр. 2848/1 КО Струга (нас.Теферич),
  18. Предлог – Иницијатива поднесено од Муамер Ризвани, Ризван Ризвани, Шеније Ислами, Васил Миса, Антон Миса, Кристина Миса од Струга, за изработка на ДУП за УЕ-5 дел од УБ 17 КО Струга – општина Струга,
  19. Предлог – Иницијатива поднесено од Раде Митревски од Струга за изработка на ДУП за УЕ-3 дел  од  УБ 10, опфат 1 КО Струга – општина Струга,
  20. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Мемишоски Ирфан, Абедин и Џелал од с.Лабуништа ,
  21. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Јетнор Зулали од с.Радолишта,
  22. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Сурија Лога и Неџат Лога од с.Ливада,
  23. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Лиман Лимани од Струга,
  24. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Невзија Беќироска од с.Подгорци,
  25. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Фуат Белули од Струга,
  26. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Ајдароска Шербета од с.Лабуништа,
  27. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Мевмед Амитоски од с.Боровец,
  28. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Абдула Фејзулоски од с.Лабуништа.
  29. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од ДДМ „ТРЕЈД„ од Струга.
  30. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Ирмит Истрефи од с. Велешта.

Материали од 13-та седница

Бр.08-3983/1
24.09. 2018 гoд.
СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (10-3267)

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на локална урбанистичка планска Документација со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга, за чија изработка е одговорен е ПЛАНЕРИС ДООЕЛ КУМАНОВО, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска програма за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

Бр.10-3267
19.07.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Мерко учествува на Регионалната конференција на деца излекувани од малигнитети

Денес на Регионалната конференција на деца излекувани од малигнитети се обрати Министер за Здраство Доц. Др. Венко Филипче, заменик Министер Др.Асим Муса и Градоначалник на Општина Струга г. Рамис Мерко.

Во Македонија се работи на изноаѓање лекови за различните современи болести но се прават и едукативни мотивациски работилници по надминиување на болест. Со очувања со вакви предизвици небира вера, националност или политичко определба и може да го најде на секој од нас. Ова бара ангажман и на локална и на национална ниво но и од поединци во излегување во пресред на секој кој му е потребно помож рече Мерко.

Овие инициативи и регионални собери за размерување на искуство се ито како од курциална важност и се запоздравување.

[Покана] Дискусија за евроатлантските интеграции и претстојниот референдум, 14.09.2018 (петок), 09.30 часот, Општина Струга

Почитувани,

Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на дискусија за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Република Македонија.

Дискусијата ќе се одржи на 14.09.2018 год. со почеток во 9.30 часот, во Општина Струга.

На дискусијата ќе се разговара за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, а во истата ќе учествува Градоначалникот на Општина Струга.

Предвидено е да има по еден претставник од организација.

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ме преку е-маил slavica.jovcheska@gmail.com  или на телефонскиот број 078/361-364.

Секое добро,

Почнаa работите за изградба на водоводна линија во долна зона во село Радолишта

Денес, Градоначачник на Општина Струга г. Рамис Мерко беше на терен заедно со директор на МЈП Проаква Струга г. Јетон Шаќири, внимателно ја следеа работите за изградба на водоводна линија во долна зона во село Радолишта. Овој проект е заедничка инвестиција на Општина Струга и Бирото за регионален развој на Р.Македонија .

Со оваа активност се планира дел од с.Радолишта да добие нова водоводна линија во должина од 1.000м. Планирано е градежните работи кој започнаа денес да завршат до крајот на месец септември.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Градоначалникот Мерко дирекно на терен ја следеше реализацијата на инфраструктурниот проект во село Делогожда

Денес, Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко заедно со своите соработници на терен ја набљудуваше работата на асфалтирањето на локалниот пат од каналот до мостот во центарот до афтомеханичарската работилница „Вили“. во село Делогожда. Патот е во должина од околу 1100 метри.

Ветено, сторено

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга