vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Извештај за стратегиска оцена – КО Мислешево

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за  Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1  КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга

 

ИЗВЕШТАЈ

Извештај за стратегиска оцена-Враништа

Извештај за стратегиска  оцена на животната средина за урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка  индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга

ИЗВЕШТАЈ

Решение за свикување 15 (петнаесеттата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

 

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 15 (петнаесета) седница на Советот на општина Струга

 

Ја свикувам 15 (петнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2018 год. (Среда) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

Седницата ќе работи, по следниот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

    – Записник од 14 – тата седница на Советот на општина Струга.

 

  1. Измена и дополнување (Ребаланс) на Буџетот на општина Струга за 2018 година,
  2. Квартален извештај за работата на ЈКП „Хигиена„ – с.Лабуништа  III / квартал 2018,
  3. Програма за Работа на Советот за превенција на детско престапништво за 2019 година,
  4. Предлог – Одлука за спроведување постапка  по пат на јавно електронско наддавање за краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија -плажа .
  5. Предлог – Одлука за донесување на Општ акт со кој се утврдуваат услови за начинот на градење во село Ложани – Општина Струга за кое нема урбанистички план.
  6. Предлог – Одлука за утврдување локација за станица за појување на електрични автомобили.
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување УПД за КП бр. 1 КО – Езеро Глобочица поднесена од Дрилон Мусаи од с.Добовјани

Материали од 15-та седница

Бр. 08- 4785/1
06.11. 2018 гoд.
СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

 

 

Објава на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола(10-4031/6)

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 и 39/16), ја издава следната

О Б Ј А В А
на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

                Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03–567 од 13.02.2014 година

Подносител на барањето:
ДООЕЛ  ,, ТРАНС АГ”
Локација „ КРАСТА“
Адреса:
с.Калишта
Струга

КП бр.706, дел од КП бр.704, дел од КП.бр.705 и дел од КП.бр.699
Координати на локацијата концесиско поле

Точка       Кордината X    Кордината Y
T -1           4.555.826         7.470.624;
T-2            4.555.803         7.470.772;
T-3            4.555.640         7.470.710;
T-4            4.555.641         7.470.682;
T-5            4.555.677         7.470.636;
T-6            4.555.728         7.470.601        

   -Површина          P=0.020849 км2

Контакт лице:
Неат Мусаи
Тел: 070/212294
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:    www.struga.gov.mk

ФОРМУЛАРОТ

Бр.10-4031/6
07.11.2018
 СТРУГА

 

Со почит,
Општина Струга

 

УСАИД Ве поканува на информативнa сесиjа

Почитувани,

Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Македонија  Ве поканува на информативнa сесиjа за третото Барање за партнерски грантови (RFA) # CEP-PG-03 во Струга на 09.11 (петок), во салата на советот на општина Струга од 12:00 часот . 

За повеќе информации поврзани со Барањето за партнерски грантови  (RFA) # CEP-PG-03 посетете го следниот линк. 

Со почит,

Проект на УСАИД за граѓанско учество во Македонија

Работите на  кружниот тек во индустриската технолошка развојна зона во Струга.

Денес, Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко заедно со своите соработници одблиску ja следеше  работата на  кружниот тек во индустриската технолошка развојна зона во Струга.

Оваа инвестиција е инвестиција во соработка со Општина Струга и Владата на Република Македонија  и изнесува околу 2 милиони евра. Средствата беа обезбедени од државниот буџет на барање на г-дин Мерко уште во времето кога беше министер за странски инвестиции и како резултат , една година подоцна оваа инвестиција почнува да се реализира.

Во суштина овој проект е битен за Општина Струга заради тоа што ќе биде овозможено влез во градот преку овој надвозник така што градскиот собраќај ќе се обвива преку туристичкиот пат наместо регионалниот.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Јавен увид и консултација со јавноста за КП 1899/2 КО Мислешево

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за локална урбанистичка планска документација со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 1899/2 КО Мислешево – вгр МВ Пашиниште во Општина Струга.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 31.10.2018 до 30.11.2018 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 23.11.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 14.30 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Бр.10-3267
31.10.2018
СТРУГА

Со почит,
Општина Струга

 

 

Јавен увид за КП 3454/4 КО Мислешево

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16 и 42/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ со површина од 0.83 ха, Општина Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4- ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ со површина од 0.83 ха, Општина Струга.
  1. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 31.10.2018 до 30.11.2018 година. 
  2. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 23.11.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 15.00 часот.
  3. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  4. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

    Бр. 10-3088
    31.10.2018
    СТРУГА 

Со почит,
Општина Струга