vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(Бр. 10-3088)

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска Програма за изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга Струга, за чија изработка е одговорен ЧИП ГРОУП ДООЕЛ, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6.Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Формулари

Бр. 10-3088
09.07.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

ОБЈАВА на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола(Бр. 10-2282/3 )

Почитувани,

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 и 39/16), ја издава следната

О Б Ј А В А
на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.10-2260/1 од 26.07.2011 година

Подносител на барањето:
ДООЕЛ  ,, РЕЏКОМ”
Локација,, Присој,,
Адреса:
с.Лабуништа
Струга
КП бр.1921 и 1920/2

Координати на локацијата концесиско поле
Точка       Кордината X    Кордината Y

T -1              4.570.046   7.466.800;
T-2               4.570.203   7.466.900;
T-3               4.570.242  7.466.847;
T-4               4.570.315  7.466.876;
T-5               4.570.310 7.466.760;
T-6               4.570.238  7.466.693;
Т-7               4.570.212   7.466.767;
T-8               4.570.192   7.466.767;
T-9               4.570.107  7.466.689

-Површина          P=0.032394 км2
Контакт лице:
Менсур Муртезоски
Тел: 070/394975

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Деловна средба

Вчера во просториите на општина Струга , градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко одржа средба со министерот за странски инвестиции г. Бардул Даути и претседателот на Стопанската Комора на Северо –Западна Македонија г. Неби Хоџа и членки- преставници од Струшкиот регион. На средбата се дискутираше за наоѓање на ефикасни решенија за развој и промоција на интересите на деловната заедница како и за условите кои ги нудат општините за развојот на бизнисите надвор од индустриските развојни зони и имплементација на априлскиот закон.

Работна средба со женското лоби во Македонија

Во рамки на проектот “Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики” кој го спроведува Македонското женско лоби, поддржано од CIVICA mobilitas се предвидени низа на активности во осум општини и тоа Карпош, Куманово, Теарце, Битола, Велес, Струмица, Струга и Чешиново- Облечево.

Денеска во просториите на Салата на Советот на Општина Струга се одржа средба каде присуствуваа претставници од општинската администрација, претставници од советот на општина Струга и говорник гостин беше Г-ѓа Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика. Г-ѓа Грозданова е еден од основачите на родовата машинерија во Р.Македонија и иницијатор за формирање на комисиите за еднакви можности во општините. На оваа средба се дискутираше за предизвиците на комисиите за еднакви можности и националните планови.

Повикување до граѓаните на Струга и нејзината околина

MЈП Проаква Струга: Без Ваша соработка, почитувани граѓани на Општина Струга и околината, нашите напори немаат вредност!

MJП Проаква Струга ги повикува граѓаните на Струга и нејзината околина да не ја злоупотребуваат вода и да ја користат колку што е можно порационално водата за пиење. MЈП Проаква ја следи состојбата и се прават напори веднаш по врнежи од дожд да реагира и да излезе во пресрет на граѓаните.

Моменталната ситуација покажува дека изминатата недела е зголемува побарувачката за вода за пиење, и имаат многу информации кои доаѓаат до нас од страна на граѓаните и од контролната тимови на MЈП Проаква Струга дека водата се злоупотребува во различни форми, и дека трошејќи околу 420 литри во секунда од акумулациите, ситуацијата покажува дека многу градови поголеми од Струга трошат помалку вода без злоупотреба на вода за пиење.

Ветивме дека ќе го подобриме времето на зголемување на капацитетот за дистрибуција на вода за пиење и секојдневно делуваме и ќе ја подобриме ситуацијата во споредба со изминатите години, но нашите напори се безвредни кога не успеваме да постигнеме разбирање и соработка од Ваша страна да се запре каква било злоупотреба.

Чест ни е да споделиме со сите граѓани на Струга неколку пораки:
1. Водата, извор на живот е течноста која е потребна за нашите животи.
2. Знаеме сè за наградата, ништо не вреди да се знае. (Фридрих Ниче).
3. Запрашајте се еднаш засекогаш колку луѓе немаат чиста вода за пиеее
4. Водата за пиење е од поголема вредност и важност за некој од миењето на автомобилот.
5. Водата за пиење е од поголема вредност ако се користи правилно, а не да го разубавува зеленилото на вашиот парк.
6. Колку пати сме ја заборавиле отворената чешма додека ги четкавме забите?
7. Обидете се да не го наводнувате цвеќето секој ден, колку повеќе ќе заштедиме, толку повеќе ќе ги почитуваме другите.
8. Кога сме сведоци и забележавуваме дека некој се меша во мрежата се поврзани со нелегална врска замаат пд Вашата вода за пиење.
9. Ние им советуваме на сите што гледаме дека ја користат водата за пиење за да го измијат тротоарот дека тоа е злоупотреба на впдата за пиење.
10. Обидете се да бидете оние кои редовно ќе плаќаат за сметките за вода за пиење.

Секогаш кога ја користите водата за пиење размислувајте како да заштедите за да има и за другите.
Би сакале да им се заблагодариме на граѓаните на Струга и во исто време да се обидеме да споделиме со нив видео од Регионалната компанија за вода Ш.А. Приштина, за да презентираме некои многу важни факти и за сите нас од голема вредност.

MJП Проаква
Струга

Акција на ЈП Комунално

„ЈП Комунално“-Струга во соработка со Општината Струга продолжуваат акција за чистење на дивите депонии на територијата на Општината.

Акцијата подигање на сметот од дивите депонии ќе продолжи и во наредниот период со иста динамика.

ЈП Комунално

    

Активности на ЈП„Комунално“

Во текот на изминатите неколку дена, екипите на ЈП„Комунално“ Струга од секторот за уредување на јавните зелени површини ги продолжија своите активности за редовното уредување на тревните површини, дрворедите и цветните леи во градот, како и на кејовите на реката Црн Дрим.
Активностите се реализираа на повеќе локации во градот.
Во рамките на тие активности екипите на ЈП„Комунално“ Струга извршија кастрење на гранки – уредување на крошните на дрвјата, косење на тревните површини и садење цвеќа – дополнување на цветните леи долж шеталиштата на кејовите.

ЈП „Комунално“- Струга

Известување од МЈП Проаква Струга

МЈП Проаква Струга ги известува граѓаните на Струга дека денес ќе има прекин на водоснабдувањето во еден дел на градот поради голем дефект кој настанал на улица Ристо Крле.
Нашите екипи се на терен и работат на санирање на дефектот со цел состојбата да се врати во нормала што е можно побрзо.
Со почит, МЈП Проаква Струга.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани,

Врз основа на член 47 став 1 од Законот угостителска дејност (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 71/2016), за давање на угостителски услуги – сместување на туристи, од  физички лица треба да се исполнат минимално техничките услови и условите за категоризација.
Категоризацијата на овие објекти се врши од страна на Комисијата за категоризација.
Поради ова, Ве известуваме дека треба да доставите БАРАЊЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА до општинската администрација на Општина Струга. После доставувањето на барањето од Ваша страна, комисијата за категоризација излегува на увид,  изготвува записник и врз основа на податоците  донесува решение за категоризација.
Важноста на решението за категоризација трае 3 (три) години, а по истекот на рокот на важење треба да се достави ново барање за категоризација.
Ве молиме во најкраток рок да се пријавите во шалтерот на општинската администрација за да пополните барање за категоризација, или да го преземете образецот по електронски пат, да го пополните и да го доставите на шалтер на општината.
За пополнувањето на барањата важи работното време на општинската администрација секој ден од 08:00 до 16:00 часот.
Надевајќи се на позитивна соработка, однапред Ви благодариме.

Преземете Образец за категоризација

Со почит.
Општина Струга

 

НАПОМЕНА: Прекршочните одредби (глобите) според  овој закон се високи. Почитувај го законот!