vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одобрен урбанистички проект со план за парцелизација

Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела од ГП 30.10 според извод од ДУП за УЕ 12 (индустриска зона)дел од блок 30,со намена Г2-Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и помалку загадувачки постројки за производство на енергија,во општина Струга со тех.бр 16-06/24 од август 2024,изработена од ЧИП ГРОУП” дооел Скопје.

Урбанистички проект
Потврда за одобрување

Се одобрува планска програма за Измени и дополнување, УЕ 9 дел од урбан блок 24 УМ 1,2,3 и 4 општина Струга

Се одобрува планска програма за Измени и дополнување на Детален урбанистички план  УЕ 9 дел од урбан блок 24 УМ 1,2,3 и 4 општина Струга (плански период 2024-2029) со тех.бр 13-1/24 од 09 2024 изработена од “ТАЈФА АРХИТЕКТИ ” дооел увоз-извоз Куманово

Решение
Планска Програма

ПОКАНА за учество на форум на заедницата во општина Струга во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“

Општина Струга и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со задоволство Ве покануваат на втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ која ќе се одржи на 16 октомври (среда) со почеток во 10.30 часот во х. Дрим – Струга.

Целта на втората форумска сесија е подетално да се претстават дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, кои беа дискутирани на претходната форумска сесија, а за кои граѓаните ќе направат приоретизација. На сесијата ќе се дискутираат и критериумите кои треба да се земат предвид при селекција на мерките. За потсетување, фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари. Општината ќе кофинансира половина од средствата за оваа намена.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешна реализација на форумскиот процес.

Одобрена планска програма

Се одобрува Планска програма за изработка на Изменување и дополнување  на Генералниот урбанистички план на Струга за Блок 4 во УЕ 11 и Детален урбанистички план за Блок 4 во УЕ11,  КО Струга и КО Мислешево -вон град, Општина Струга (Обединета постапка)  со тех.бр 10-/24 од август 2024 изработена од ТД НЈУ ВИЖЕН” доо Охрид.

Решение
Планска Програма

ПОКАНА

ПОКАНА за учество на
форум на заедницата во општина Струга
во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“

Општина Струга и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) со задоволство Ве поканува на првата форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ која ќе се одржи на 19 септември (четврток) со почеток во 11.00 часот во х. Дрим,Струга

Целта на првата форумската сесија е да се претстават резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот и главните извори на загадување на воздухот во Струга, мерките и активности за справување со загадувањето на воздухот и да се одговори на прашањето како да се идентификуваат потребите на најранливите групи на граѓани за почист воздух. Учесниците на првиот форум, исто така, ќе имаат можност да дискутираат за одредени мерки и предлози за начинот на кој може да се унапреди квалитетот на воздухот во нивната општина.
Форумот на заедниците предвидено е да има две сесии. На втората сесија пред граѓаните ќе се претстават неколку конкретни мерки, со цел да се одберат најсоодветните кои општината заедно со УНДП ќе може да ги спроведе во текот на 2025 година. Тие мерки може да се фокусираат на зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, замена на нееколошките системи за греење во јавните општински објекти, поставување на системи за производство на струја од обновливи извори, изградба на велосипетски патеки, креирање на парк-шуми и сл. Фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340,000 американски долари. Општината се очекува да кофинансира половина од средствата за оваа намена.

Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење за успешна реализација на форумскиот процес.

Со почит,
Рамиз Мерко, градоначалник, Општина Струга

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 39 (триесет и деветта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е за свикување на 39 (триесет и деветта) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 39 (триесет и деветта) седница на Советот на Општина Струга, за 16.09.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Одлука за измена и дополнувања на Буџетот на Општина Струга за 2024 година.
  2. Квартален извештај за втор квартал од 2024 година на Општина Струга.
  3. Кварталeн извештај за финансиското работење на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга за втор квартал 01.01.2024-30.06.2024.
  4. Извештај за работењето на ЈП „Комунално“ – Струга, за период од 01.04 до 30.06.2024 година.
  5. Извештај за работa на втор квартал 01.04-30.06.2024 година на ЈП „Еко Струга“ – Струга.
  6. Извештај за работењето на ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа, за период од 01.04.2024 до 30.06.2024.
  7. Годишен план за вработување во ЈП „Водовод и канализација“ – Струга за 2025 година.
  8. Годишен план за вработување во ЈП „Еко Струга“ – Струга за 2025 година.
  9. Годишен план за вработување во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа за 2025 година.
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во ЈКП „Хигиена“-Лабуништа.
  11. Програма за зимско одржување на локални патишта и улици на Општина Струга за 2024/2025 година.
  12. Иницијатива за изработка на урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за разработка на Градежна парцела 1 формирана со ЛУПД наменета за изградба на викенд куќи – намена А4 (времено сместување) на КП 2007 во КО Мислешево вон град, Општина Струга.

Материјали од седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Проектна програма заизработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2(К.П.2837/33, К.О.Струга, општина Струга)

                              Се потврдува заверка на Проектна програма  заизработка на  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 –лесна и фармацевтска индустрија и производство на храна, млечни производи, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други на К.П.2837/33,   К.О.Струга, општина Струга со тех.бр 07-03/24од јули 2024 изработена од ЧИП ГРОУП” дооел Скопје

Проектна програма
Решение

Решение за свикување на 38 (триесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 38 (триесет и осма) седница на
Советот на општина Струга

Ја свикувам 38 (триесет и осма) седница на Советот на Општина Струга, за 30.08.2024 година (петок) со почеток во 09:30 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга

За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д

  • Записник од триесет и шестата седница на Советот на општина Струга.
  • Записник од триесет и седмата седница на Советот на општина Струга.
  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  2. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Струга.
  3. Предлог – Решение за разрешување член на Комисија за урбанизам.
  4. Предлог – Решение за разрешување член на Статутарно-правна комисија.
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Струга за 2025 година.
  6. Предлог – Одлука за давање на времено користење користење на недвижни ствари-канцеларии, сопственост на Општина Струга.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавното Претпријатие за паркови и зеленило„Еко-Струга“- Струга.
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука за утврдување на тарифа на цени по зони, за зонско паркирање на град Струга.
  9. Предлог – Одлука за донесување на Локален акциски план за управување со отпад за 2024-2025.
  10. Предлог – Одлука за донесување на Програма за родова еднаквост.
  11. Предлог – Одлука за одредување на земјиште за привремено кампирање.
  12. Предлог – Решение за разрешување член на Управен одбор во ЈКП „Хигиена“ – с.Лабуништа.
  13. Предлог – Решение за разрешување на член на Просторниот Штаб за заштита и спасување на Општина Струга и извршител за административно-технички и оперативни работи.
  14. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за работа на ООУ “Св. Климент Охридски“ – с.Драслајца за учебната 2023/2024 година.
  15. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ “Единство“ – с.Октиси за учебната 2023/2024 година.
  16. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ “Гоце Делчев“ – с.Подгорци за учебната 2023/2024 година.
  17. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ “Гоце Делчев“ – с.Јабланица за учебната 2023/2024 година.
  18. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на Основното музичко училиштe – Струга за учебната 2023/2024 година.
  19. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2025 година.
  20. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Ашим Агуши“ – Радолишта за 2025 година.
  21. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца за 2025 година.
  22. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Зини Хани“ – Велешта за 2025 година.
  23. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – Подгорци за 2025 година.
  24. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во ООУ „Гоце Делчев“ – Јабланица за 2025 година.
  25. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во СОУ „Др. Ибрахим Темо“ – Струга за 2025 година.
  26. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за 2025 година.
  27. Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга за учебната 2024/2025 година.
  28. Годишна програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга за учебната 2024/2025 година.
  29. Годишна програма за работа на ООУ „Ашим Агуши“ Радолишта за учебната 2024/2025 година.
  30. Годишна програма за работа на ООУ „Св. Климент Охридски“ Драслајца за учебната 2024/2025 година.
  31. Годишна програма за работа на ООУ „Орхан Џемаили“ Горно Татеши за учебната 2024/2025 година.
  32. Годишна програма за училишна работа на ООУ „Нури Мазари“ Делогожда за учебна 2024/2025 година.
  33. Годишна програма за воспитно образовна работа на ООУ „Зини Хани“ Велешта за учебната 2024/2025 година.
  34. Годишна програма на ООУ „Единство“ Октиси за учебната 2024/2025 година.
  35. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Подгорци за учебната 2024/2025 година.
  36. Годишна програма за работа на ООУ „Мурат Лабуништи“ Лабуништа за учебната 2024/2025 година.
  37. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Јабланица за учебната 2024/2025 година.
  38. Годишна програма за работа на Основно Општинско Музичко Училиште Струга за учебната 2024/2025 година.
  39. Програма за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците во учебната 2024/2025 година од ООУ „Св.Климент Охридски“-с.Драслајца.
  40. Барање од ООУ „Јосип Броз Тито“-Струга за согласност за ученици и паралелки со помал број на ученици од 20 за учебна 2024/2025 година.
  41. Барање од ООУ „Ашим Агуши“-с.Радолишта согласност за формирање на чисти паралелки со помалку од 20 ученици за учебната 2024/2025 година.
  42. Барање од ООУ „Св. Климент Охридски“-с.Драслајца согласност за ученици и паралелки со помал број на ученици од 20 за учебна 2024/2025 година.
  43. Барање од ООУ „Орхан Џемаили“-с.Горно Татеши согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученици за учебната 2024/2025 година.
  44. Барање од ООУ „Нури Мазари“-с.Делогожда согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици под 20 ученици за учебната 2024/2025 година.
  45. Барање од ООУ „Зини Хани“-с.Велешта согласност за формирање паралелки со помал број на ученици од 20 за учебната 2024/2025 година.
  46. Барање од ООУ „Единство“-с.Октиси согласност за формирање на паралелки помалку од 20 ученици за учебната 2024/2025 година.
  47. Барање од ООУ „Гоце Делчев“-с.Подгорци согласност за паралеки со помал број на ученици од 20 за учебната 2024/2025 година.
  48. Барање од ООУ „Мурат Лабуништи“-с.Лабуништа на согласности за паралелки со помал број на ученици од 20 за учебната 2024/2025 година.
  49. Предлог – Одлука за давање согласност за работа на групи со помал број на деца и согласност за поголем број деца од законски утврдениот број во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  50. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга.
  51. Предлог – Одлука за доделување на финансиска помош на Аздрена Леши од с.Заграчани-Струга.
  52. Предлог – Одлука за усвојување на Иницијатива.

Материјали од седница
Првиот дел
Вториот дел

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Арбереша Влаши

Се потврдува заверка на Предлог Проектна програма(К.П.850/6, К.П.850/7, К.П.851/6, К.П.852 и делови од КП 851/7 и КП 857, К.О.Подгорци, општина Струга)

Се потврдува заверка на Предлог Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 –лесна фармацевска индустрија и производство на храна, млечни производи, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, вода, преработка на градинарски производи и овошје, тутун и други на К.П.850/6, К.П.850/7, К.П.851/6, К.П.852 и делови од КП 851/7 и КП 857, К.О.Подгорци, општина Струга, со тех.бр 09-03/24 од јули 2024 изработена од ЧИП ГРОУП” дооел Скопје

Проектна програма
Потврда за заверка