vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Соопштение

Општина Струга ве известува дека крајниот рок за поднесување на барање за незаконски изградени објекти со геодетски елаборат истекува на 31 декември 2018 година.

Ве молиме во најкратен можен рок да гo доставите барањето заедно со содветниот геодетски елаборат, во спротивно во согласност со Законот за бесправно изградени објекти, ќе се донесе Решение за одбивање на барањето.

За подетални информации:

Ерканда Баута – Одделение за правни работи (Канцеларија бр. 30)

 

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Решение за свикување 16 (шестнаесетта) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 16 (шестнаесетта) седница на Советот на општина Струга
Ја свикувам 16 (шестнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 12.12.2018 год. ( Среда) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Програма за работа на Советот на општина Струга за 2019 година,
  2. Програма за активностите на општина Струга од областа на социјалната заштита за 2019 година,
  3. Програма за активностите на општина Струга во областа на заштитата од заразни болести за 2019 година,
  4. Програма за јавна чистота на општина Струга за 2019 година,
  5. Програма за Информатичка технологија на општина Струга за 2019 година,
  6. Предлог – Одлука за поставување урбана опрема на општина Струга за 2019 година,
  7. Предлог – Правилник за определување локации за поставување на урбана опрема на општина Струга за 2019 година,
  8. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2019 година,
  9. Предлог –Програма заработа на областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Струга за 2019 година,
  10. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на општина Струга за 2019 година.
  11. Предлог – Програма за локални патишта за 2019 година,
  12. Прифатена Иницијатива за изработка на ЛУПД за Кп. 1516/1 и 1516/2 КО Мислешево со намена А1 ( домување во стамбени куќи) Општина Струга.
  13. Прифатена Иницијатива за изработка ( измени и дополнување) за ДУП УЕ 2, дел од УБ 8,  КО Струга.
  14. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Скендер Мазари од с. Делогожда – Струга.
  15. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Шеќерије Хани од с. Велешта – Струга.
  16. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Џеваир Арифи од с. Теферич – Струга.
  17. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Севди Османи од Ново Село.
  18. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Агни Гега од Теферич – Струга.
  19. Програма за ЛЕР на општина Струга за 2019 година,
  20. Програма за работа на ЈКП „Хигиена„ – с.Лабуништа за 2019 година,
  21. Предлог – Одлука за утврдување и наплата на комунална такса,
  22. Барање за финансиска помош поденесно од лицето Алија Османоски од с. Подгорци – Стурга.
  23. Барање за финансиска помош поденесно од лицето Асан Мехмедоски од с. Лабуништа – Стурга.
  24. Квартален извештај за работата на МЈП „Проаква„ – СтругаIII / квартал 2018,
  25. Квартален извештај за работата на ЈП „Комунално„ – СтругаIII/квартал 2018.
  26. Квартален извештај за работата на ЈП „Октиси„ – с.ОктисиIII/квартал 2018.
  27. Решение за необјавување на пропис донесен од Советот на општина Струга.

Материали од од 16 – тата седница (1)

Материали од од 16 – тата седница (2)

Бр. 08-5078/1
26.11.2018 гoд.
СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Објава на Б-интегрирана еколошка Дозвола (10-4031/7 )

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 и 39/16), ја издава следната

О Б Ј А В А
на Б-интегрирана еколошка Дозвола

            Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр.03–567 од 13.02.2014 година.

 

Подносител на барањето:
ДООЕЛ  ,, ТРАНС АГ”, с.Франгово
Локација „КРАСТА“
Адреса:с.Калишта,Струга

 КП бр.706, дел од КП бр.704, дел од КП.бр.705 и дел од КП.бр.699
Координати на локацијата концесиско поле
Точка       Кордината X    Кордината Y
T -1           4.555.826         7.470.624;
T-2            4.555.803         7.470.772;
T-3            4.555.640         7.470.710;
T-4            4.555.641         7.470.682;
T-5            4.555.677         7.470.636;
T-6            4.555.728         7.470.601        

    -Површина          P=0.020849 км2

Контакт лице:
Неат Мусаи
Тел: 070/212294

 Категорија на инсталацијата:

 Прилог 2, Точка 3.2  Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

 Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:
Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335

ПРИЛОГ

Бр. 10-4031/7
23.11.2018
СТРУГА

Ве информираме дека Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Посета од членовите на “Аква“

Денес во посета на Општина Струга беа членовите на младинскиот клуб на Младински образовен форум и здружението за развој и активизам „Аква“.

Членовите на учиме право клубот кои во својата програма учат за локална самоуправа имаа можност да дискутираат со Градоначалникот за начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа, но и за проблемите со кои се соочуваат младите.

Одблиску се запознаа со работењето на различните сектори и се запознаа со општината како единица на локалната самоуправа кој се грижи за граѓантите и секогаш е тука да им излезе во пресрет посебно на младите.

Ваквите посети се одлична можност за младите да го разберат функционирањето на општината како институција, но и лично со Градоначалникот да ги продискутираат проблемите и предизвиците.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

 

Градоначаникот на Општина Струга г. Рамис Мерко го реши проблемот за учениците на ООУ Браќа Миладиновци (старо училиште)

Во текот на последните недели Општина Струга е фокусирана во реализација на неколку проекти кои беа дефинирани за изведба. Завршија работите за реконструкција на просторот помеѓу ООУ Браќа Миладиновци и Домот на колтурата, односно се изведе поплочување со бехатон плочки влезот на училиштето, простор со површина од 370м2 и решавање на атмосферските води.

Овој дел беше проблематичен години назад за учениците на ова училиште, претежно во врнежливите периоди ова зона беше непроодна за возрасни и толку помалку за деца. Општина Струга го реши овој проблем создавајќи подобри услови за безбедноста на децата.

Истовремено, ги повикуваме сите граѓани и родители на децата во ова училиште за да се почитуват сообраќајните правила, да не поминуват со возила и да не се паркират во делот што е поплочен со бекатон плочки.

Да ги почитуваме најмалите на општеството, правајќи ги да се чуствуват безбедни.

Извештај за стратегиска оцена на КП 1820, КО Корошишта-Џепин

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за локална урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија (фарма за кокошки) на КП 1820, КО Корошишта-Џепин, Општина Струга

ПРИЛОГ

Рамиc Мерко им честита на 28 ноември

Почитувани граѓани,

 

По повод на 28-ми ноември – Денот на Aлбанското Знаме, дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Струга, да  им честитам на сите Албанци каде и да го слават овој празник. Особено, им честитам на семејствата на оние кои со пенкало и пушка се бореа за слободата на албанскиот народ.

 

Слободата е една однајголемите богатства на еден народ , која ниту се купува ниту се подарува туку се добива после многу битки и напори.

 

Среќен празник!
Д-р. Рамис Мерко
Градоначалник на Општина Струга

 

Јавен увид за КО Враништа и дел од КП 2828 КО Струга.

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16, 42/16/, 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка  индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекси со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, Г3-Сервис и Г4-Стоваришта на дел од 1143/1, КП 1143/2, КП 1143/3, КП 1143/4, КП 1143/5, КП 1143/6, КП 1143/7, дел од 1559/2 КО Враништа – вгр и дел од КП 2828 КО Струга.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 26.11.2018 до 25.12.2018 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 21.12.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 12.30 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

Бр. 10-3256
23.11.2018
СТРУГА

 

Со почит,
Општина Струга

 

Јавен увид за КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15 129/15 192/15 ,39/16, 42/16, 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11),Градоначалникот на Општина Струга.

О Р Г А Н И З И Р А

            Јавен увид и консултација со јавноста по Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за   Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1  КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга.

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Локална урбанистичка планска документација со намена А1 – домување во станбени куќи на КП 2006/1, 2011, 2012/1 КО Мислешево – вгр мв Шурбов рид, Општина Струга
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Сектор за урбанизам , комунални дејности, собраќај и заштита на животна средина, во општина Струга секој работен ден од 8-16 часот  почнувајќи од 26.11.2018 до 25.12.2018 година. 
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 21.12.2018 (Петок), во општина Струга, со почеток во 13.00 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Струга во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: info@struga.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Струга, ул. Мајка Тереза бб, 6330 Струга.

 

Бр. 10-3871
23.11.2018
СТРУГА 

Со почит,
Општина Струга

Посета во Центарот за ран детски развој во село Лабуништа

Општина Струга, заедно со советникот Мурат Шабани од село Лабуништа, го посетија Центарот за ран детски развој во село Лабуништа, Струга. Овој проект во вид на градинка – предшколска се продолжи како барање на неколку села во Општина Струга, после завршувањето на пилот – проектот од страна на УНДП. Градонаачалникот на Општина Струга, оправдајќи ја потребата за предшколско образование во неколку села, со само-иницијатива и само финансирање од буџетот на општината ја продолжи работата која беше почната една година порано. Денеска, советникот Мурат Шабани заедно со претставници од Општина Струга доделија училишен материал за децата кои се дел од овој центар. Овој проект нема да заврши тука, ќе се продолжи и со поголеми димензии во иднина.