vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

О Б Ј А В А

Почитувани,

 

Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), ја издава следната

О Б Ј А В А

 на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

 

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 03-3796 од 22.09.2015 година.

 

Подносител на барањето:

ДООЕЛ  ,, БАУ БЕТОН”

Локација „ БРАНЕНИЦА“

 

Адреса:

с.Октиси

Струга

КП бр.1668, КП бр.1669 и КП.бр.1670

 

 -Површина          P=0.2193 хектари

 

Контакт лице:

Енис Мевмедоски

Тел: 078/377903

 

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2, Точка 3.3  Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3;

 

 

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито б.б 6330 СТРУГА .

Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Контакт телефон:  046 781-335

 

Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на Oпштина Струга:

 

www.struga.gov.mk

Со почит,

Општина Струга

Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

 

Рамис Мерко е одликуван од европскиот Комесар Д. Аврамопулос

Рамис Мерко е одликуван од европскиот Комесар Д. Аврамопулос

Денеска во просториите на Општина Струга, Градоначалникот Мерко придружен од страна на неговите соработници ги пречека и имаше состанок со поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило.

Целта на состанокот беше доделување на орденот на Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко од страна на Европскиот Комесар Д. Аврамопулос за неговиот придонес во консолидација на мирот, стабилноста и борбата против тероризмот во Балканскиот регион.

Поранешен Градоначалник на Општина Корча г. Деонис Котмило како овластено лице од Европската Унија во тек на разговорот ја изјази идејата на организирање на самитот ,, Еуро Балкански Регион,, составен од градовите Струга, Охрид, Битола, Корча и Поградец, со финасирање од ЕУ, каде овие пет градови ќе се развиваат и ќе се движат без бариери исто како во зоната на ЕУ, која ќе се иницира од страна на Градоначалникот на Општина Струга.

Градоначалникот Мерко истакна дека ова ценење ни дава мотивација за работиме уште повеќе во иднината на граѓаните на ова зона. Со работа не се губи, со работа само се победува.

Присутните ги поздрави и Преседателот на Советот г. Ресул Каба кој изрази дека треба многу труд за реализација на овој самит, но каде што има волја од сите страни, тоа ќе биде полесно и изводлива.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

За свикување 17 (седумнаесетта) седница на Советот на општина Струга

            Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 17 (седумнаесетта) седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 17 (седумнаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 27.12.2018 год. (Четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:

    Седницата ќе работи, по следниот

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

-Записник од 15 -тата седница на Советот на општина Струга (недовршена)

-Записник од 16-тата седница на Советот на општина Струга.

 

 

  1. Предлог Буџет на општина Струга за 2019 година
  2. Предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Струга за 2019 година
  3. Благајнички максимум на сметката на општината за 2019 година
  4. Предлог – Одлука за превземање на долг за извршени санитарни и систематски преглед на Основни општи училишта.
  5. Предлог – Одлука за превземање на долг за набавка на огревно дрво на Општински основни училишта за грејна сезона 2017 – 2018 година.
  6. Предлог – Одлука за превземање на долг за набавка на огревно дрво на Општински основни училишта грејна сезона 2018 – 2019 година.
  7. Предлог – Одлука за превземање на долг по основ на судско порамнување – РО – 171/18.
  8. Прифатена Иницијатива за изработка на ЛУПД – мали трговски единици – Б1 поднесена од Арбен Махмуди за дел од кп.бр. 991/5 и кп.бр. 993/1 и кп.бр. 991/1 КО Радоришта.
  9. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Башким Кормакоски од с. Лабуништа – Струга.
  10. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Салија Сефиданоски одс. Лабуништа – Струга.
  11. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Арун Мерко одСтруга
  12. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Бесир Синаноски одс.Лабуништа – Струга
  13. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Сефаде Ќазимоска одс.Лабуништа – Струга
  14. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Мерсин Кишта одс.Заграчани – Струга.
  15. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Севди Османи од Ново Село.
  16. Програма за активностите на општина Струга од областа на заштита на животната срединаи природата за 2019 година.
  17. Предлог – Програма за уредување на градежно неуредено земјиште за 2019 година.
  18. Програма за работа на ЈП „Октиси„ – с.Октиси за 2019 година,
  19. Програма за работа на МЈП „Проаква„ – Струга зa 2019 година,
  20. Предлог Програма за работа на Одделението за месните заедници за 2019 година
  21. Предлог Програма за активностите на општина Струга од областа на заштита и спасувањето и справувањето со кризи за 2019 година,
  22. Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2019 година.
  23. Расправа по доставените барање за превземање на долг од Основни и Средни Општиски училишта.

 

Материали од 17 – тата седница  

Бр. 08-5451/1
18.12.2018 гoд.
СТРУГА

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

ЈАВЕН ПОВИК

До доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието, детската и социјалната заштита  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања.
Се повикуваат доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието,  детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.
Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.
За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Струга, корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието, детската и социјалната заштита и доверителот
  • фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.
Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Едношалтерски систем на Општината или да ја преземат од веб-страницата на Општина Струга –  www.struga.gov.mk
I.Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Струга.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во Едношалтерската канцеларија  на Општината Струга (од 8:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул. Плоштад„ Мајка Тереза“ бб, 6330 Струга.
Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Струга и на веб-страницата на Општина Струга.
Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Струга ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Струга ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).
Подетални информации, заинтересираните   субјекти можат да добијат на телефонски број 075/ 416-326 –Сектор за финансии прашања.

П Р И Ј А В А  На побарување согласно Јавен Повик до доверителите на пштина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието,  детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања.

ОПШТИНА СТРУГА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Д-р РАМИС МЕРКО

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на член 50 став 1 точка од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.
Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.

Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да ги најдете на веб страната на Општина Струга www.sruga.gov.mk

ПРИЛОГ

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Нови простории на градинката “Пеперутка”

Денес градоначалникот на Струга, г-дин Рамиc Мерко, присуствуваше на инаугурацијата на новите простории на градинката “Флутура” во која присуствуваа претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион и директорот на Бирото за регионален развој.

Градоначалникот Мерко истакна дека денес  се реализираше заедничката инвестиција со Бирото за регионално развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Струга,  која овозможи поправка на електричната мрежа како и нови прозорци.

Ова инвестиција е инвестиција за иднината на нашите деца.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Продолжуваме со реализирање на дадените ветувања, едно по едно.

Минатата недела, Општина Струга предводена од градоначалникот Рамис Мерко реализираше неколку градежни проекти.

Со иницијатива на градоначалникот , почнаа да се реалират интезивно реконструкции и асфалтирање на неколку локални патишта во Мислешево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Презентацијата организирана од УНДП за решавање на проблемот со реката Сатеска, по барање на организаторите, ќе се одржи на ден 19.12.2018 година во 12:00 часот во салата на Совет на Општина Струга.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Состанок со RYCO

Вчера, Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко заедно со шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи во просториите на Општина Струга одржаа состанок со претставникот на независната фондација RYCO г-дин. Алберт Хани.

Целта на состанокот беше во врска со вториот повик за проекти, на кој ќе  присуствуваат претставници од средните училишта на Струга, Охрид, Дебар, Ресен и Кичево.

Станува збор за проект  кој има за цел зголемување на младинската мобилност, како и соработка и активирање на регионално ниво преку неколку информативни сесии.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

 

ПОКАНА

Во рaмките на проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” , УНДП   организира презентација на реализираните и активностите кои се планирани да се спроведат во наредниот период за решавање на проблемот со река Сатеска.

Се покануваат сите заинтересирани страни да учествуваат на настанот кој ќе се одржи во салата на Совет на Општина Струга, во понеделник 17.12.2018, во 12:00 часот.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга