vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Известување

Општина Струга започна со дистрибуција на Решение за Данок на имот и комунална такса  – фирмарина за 2018 година.

Одделение за даноци и комунални такси во општина Струга известува дека Решение за Данок на имот за 2018 година, се подготвени и веќе се дистрибуираат до градот и во некои локални населби.

Општина ги повика даночните обврзници да почнат да ги исполнуваат своите обврски.

Канцеларија за односи со јавност,

Општина Струга

Потпишан иницијатива за заштита на планината Јабланица

Bчера во просториите на општина Струга беше потпишана иницијативата за заштита на планината Јабланица преку прогласување на Јабланица за заштитеното подрачје од категоријата Национален парк од страна на градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко и градоначалник на општина Вевчани г. Сашо Јанкоски.
На овој состанок присуствуваа претставници на Националниот парк “Шебеник”, како и претставници на невладини организации.
Градоначалникот на општина Струга ги пофали учесниците и им честиташе на преземената иницијатива. ” Иницијативата за заштита на планината Јабланица и создавањето национален парк заедно со планината Шибеница ќе создаде одлична можност да се заштити не само разновидноста што постои таму, било во вегетацијата или други работи, туку за заштита на целата екологија дека утре генерациите што доаѓаат ќе живеат. Заедно со претседателот на Вевчани ја поддржуваме оваа иницијатива бидејќи сите градоначалници го поддржаа планинскиот масив “, рече Мерко.
Оваа иницијатива ќе се овозможи трајна одржлива заштита на раритетните, гео-морфолошки карактеристики, спречување на понатамошно деградација и трајно уништување на нејзините природни и културните богатства преку нивна неконтролирана експлоатација.

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(10-3601)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 05.03.2018 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска Програма за изработка на ЛУПД за градежна парцела со намена А4 (времено сместување ) на КП 1017 во КО Заграчани / Шум, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно  е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на ЛУПД за градежна парцела со намена А4 (времено сместување ) на КП 1017 во КО Заграчани / Шум, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:

Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на ЛУПД за градежна парцела со намена А4 (времено сместување ) на КП 1017 во КО Заграчани / Шум, Општина Струга, за чија изработка е одговорен НЈУ ВИЖЕН ДОО, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на ЛУПД за градежна парцела со намена А4 (времено сместување ) на КП 1017 во КО Заграчани / Шум, Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

ФОРМУЛАР

Бр. 10-3601
13.04.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Среќен Рамазан

Почитувани муслимански верници,

Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, милосрдие, богослужба и милост, ми претставува чест да им посакам на сите граѓани и сонародници на исламската вера во име на општина Струга и во мое лично име, убав дочек на овој свет месец.

Овој благословен месец може да ни послужи да одразуваме мир, толеранција и меѓусебно почитување, солидарност и добротворство.

Ви посакувам лесен пост и прифатени молитви!

Градоначалникот на општина Струга
Рамис Мерко

Средба помеѓу претставници од Search for Common Ground и претставници на општина Струга

Денес, во просториите на општина Струга, се одржа средба помеѓу претставници на Општина Струга и претставници на “Search for Common Ground“. Целта на средбата беше да се дискутира за проектот на УСАИД – “Унапредување на социјалната кохезија” – проект кој вклучува спортски активности со над 80 ученици од различни етнички групи. На средбата присуствуваа и директорите на училиштата, за да придонесат на организацијата.

Спортските активности ќе се одржат на 5 јуни.

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 12.04.2018 година, донесе:

Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена (more…)

Известување

Почитувани,
Општина Струга во рамките на програмата за одржливи вработувања на УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе аплицира за спроведување на програма за воспитни и лични асистенти за децата со лесна попреченост во развојот од основно образование.
Со цел за успешно реализирање на предлог проектот, ги молиме сите заинтересирани родители да се јават во просториите на Општина Струга, секој работен ден, а најкасно до 18.05.2018 година (Петок).
Со почит,
Општина Струга

Посета на ученици во Општина Струга

Општина Струга и денес беше посетена од група ученици од основно училиште од село Биџово кои што изрзија желба да се стретнат со градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко за да му честитат за досегашната работа и за да се информираат и запознат со работата на општинската администрација и нејзината функсија.

Средба со раководители на оделение

Како секоја недела, така и денес, шефот на кабинетот на општина Струга, г. Дашмир Насуфи одржи координативен состанок со шефот на оделениата и секторите на општинската администрација.
Состанокот имаше информативен карактер, каде што релевантните раководители известија за работата остваренa оваа недела и преземаа нови задачи за тековната работа.

Известување

Вчера во просториите на општина Струга се одржа средба во која учествуваа шефот на кабинетот на општина Струга г. Дашмир Насуфи , командирот на полициската станица г. Валон Хани, г.Шпендим Илјази од Државниот пазарен инспектиорат како и општинските инспектори.
Целта на состанокот беше меѓусебната соработка на многу институции кои се тангирани со истите проблеми и подготовка за туристичката сезона.Координацијата, комуникацијата и соработката со други институции сеприоритет за решавање на проблемите како што се патниот сообраќај, физички лица кои даваат простории/соби без дозвола, питачи , гласната музика, злоупотреба на јавните паркинзи, мобилните продавачи на овошје и зеленчук и други.
Хани истакна неколку пати дека полицијата не може да ги презема сите овие мерки без никаква помош, но со соработката на Општина Струга и пазарен инспекторат, за побезбедна и подобра Струга. Тој исто така изрази незадоволство поради тоа што најголем дел од институциите воопшто не известуваат во полициската станица за настаните и активностите во градот, па тој побара да бидат известени најмалку два дена пред настанот или активноста.
Дашмир Насуфи им се заблагодари за нивната соработка и предложи дека ваквите средби да се почести за да ваквата соработката да придонесе позитивни резултати. Г.Насуфи го заврши состанокот нагласувајќи дека жалби и проблеми секогаш ќе има, но ние ќе работиме за подобра Струга и задоволни граѓани.