vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Решение за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  47 став 5 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување 2-ра седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам втората седница на Советот на Општина Струга, за 10.12.2025 год. (Среда) во 12.00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
 Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог-Решение за формирање на Комисија за урбанизам,
  2. Предлог-Решение за формирање на Комисија за општествени дејности,
  3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за јавни и комунални дејности и заштита на животната средина,
  4. Предлог-Решение за формирање на Комисија за туризам,
  5. Предлог-Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа,
  6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за соработка со НВО,
  7. Предлог-Решение за формирање на Комисија за унапредување на рамноправноста помеѓу половите,
  8. Предлог-Решение за формирање на Статутарно – правна комисија,
  9. Предлог-Решение за формирање на Комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија,
  10. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за II квартал 2025 година.
  11. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга за III квартал 2025 година.
  12. Решение за запирање на објавувањето на Одлука за укинување на Реверс за персоналните компјутери.

материали од втора седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член
Нафи Јонузи

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на физички лица, невладини организации и здруженија кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот

1. Предмет на поддршка:

Субвенционирање на физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои се занимаваат со водење туристички групи на планина, заради промоција на планинскиот туризам и авантуризмот.

2. Право на учество:

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, а се занимаваат со водење туристички групи на планински предели, со кое се промовира планинскиот туризам во сите негови форми (пешачење, планинарење, алпинизам, спортско качување, планински велосипедизам, скијање и сноубординг, јавање, еко-тури, авантуристички активности, спелеологија, културен и етно-туризам, како и фотографски туризам).

3. Намена на средствата:

Со цел промоција на Општина Струга како туристичка дестинација, со посебен акцент на развој и промоција на планинскиот и руралниот туризам во сите негови форми, а особено заради поддршка на сите физички лица, невладини организации, здруженија и други субјекти кои како дејност организираат и водат туристички групи на планина, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.

4. Износ на средства за субвенционирање:

Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица, НВО и здруженија изнесува 300.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.

5. Начин на аплицирање:

Физичките лица, НВО, здруженијата и другите субјекти, наведени погоре во текстот, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.

6. Потребни документи за аплицирање:

– Барање,
– Копија од лична карта за физички лица,
– Трансакциска сметка за физичките лица,
– Лиценца/цертификат за водење групи на планина,
– Акт за регистрација/основачки акт (за невладини организации и здруженија),
– Статут или друг документ со кој се докажува дејноста поврзана со планински/рурален туризам и авантуризам,
– Потврда или референции за претходни активности/реализирани проекти во областа на планински туризам,
– Друга документација.

7. Краен рок за аплицирање:

Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 10 декември 2025 година, од 08:00 до 16:00 часот.

НАПОМЕНА:

Нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни.

За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за Туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.

Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.

Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.

Урбанистички преокт за парцелирано градежно замјиште за разработка на градежна парцела 1.1(тех.бр 30/25)

Урбанистички преокт за парцелирано градежно замјиште за разработка на градежна парцела 1.1 од ЛУПД за хотелски комплека,ИЗГРЕВ со намена Б5-хотели и хотелски комплекс.м.в. еленско К.О.Калишта општина Струга, со тех.бр 30/25 од Октомври 2025 изработен од ТИМ ПРОЕКТ Скопје, Oдобрен Условно

Урбанистички проект  

Потврда за одобрување

Урбанистички проект за разработка на Г.П 1,0 по ЛУПД наменета за изградба на А4.1

Урбанистички проект за разработка на Г.П 1,0 по ЛУПД наменета за изградба на А4.1 Времен престој (згради со апартмани и студија)на К.П.2007 ВО Мислешево вон град општина Струга со тех.бр 03/2024 од април 2025..изработен од ТД НЈУ ВИЖЕН доо Охрид.

Урбанистички проект

Потврда за одобрување

Решение за свикување на прва вонредна седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија„ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на прва вонредна седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам вонреднатаседница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2025 година (Петок) со почеток во 15:15 часот, во салата за одржување на седници на Советот на Општина Струга.

Седницата ќе работи по следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Измена и дополнување на буџет на Општина Струга за 2025 година.
  2. Измена и дополнување на Развојни програми на Општина   Струга   за период од 2025-2027.

Развојни програми на Општина Струга за 2026-2028.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Најстар член на Совет,
Нафи Јонузи

Р ешение за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), донесувам:


Р Е Ш Е Н И Е
за свикување Прва (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга

Ја свикувам Првата (конститутивна) седница на Советот на Општина Струга, за 14.11.2025 год. (Петок) со почеток во 11:00 часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Избор на Комисија за верификација.
  2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Струга
  3. Избор на Кандидациона комисија
  4. Избор на Претседател на Советот на Општина Струга.
  5. Избор на Комисија за мандатни прашања избори и именувања.
  6. Предлог – Решение за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.

НАПОМЕНА: Избраните членови за Советот на општина Струга од локалните избори 2025 година за конститутивната седница со себе да поднесат:

  • Уверение за избран член на советот од општинската изборна комисија:
  • Лична карта или патна исправа, заради утврдување на идентитетот.

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседавач,
Арбереша Влаши

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22, 171/22 и 3/25), Гадоначалникот на општина Струга 01.10.2025 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

 1. Зa Проектна програма за изработка и одобрување на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на Урбанистички план со  Намена Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ за пренос на електрична енергија, меѓуградски високи и среднонапонски подземени и надземени електрични водови и средно и нисконапонски водови од дистрибутивни мрежи со пратечки далеководни стоблови, трансформаторски станици и помошни објекти  во КО Франгово вон град Општина Струга, кој  се  носи согласно Законот  за   просторно   планирање,   не  е  потребно да се спроведе стратегиска оцена  на  влијанието  врз  животната  средина  согласно  член  65 од  Законот за животната средина.

2. Одлуката    заедно   со    формуларите   за  определување на   потребата  од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  се  објавува на веб страната на општина Струга на  www.struga.gov.mk.

3. Согласно  критериумите  за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната  средина  од  член 65 став (4) од Законот за животна средина и  врз  основа  на  податоците од   Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот  на  одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска  оцена и  на  формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска  оцена  донесувањето на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на Урбанистички план со  Намена Е1.8 – ИНФРАСТРУКТУРИ за пренос на електрична енергија, меѓуградски високи и среднонапонски подземени и надземени електрични водови и средно и нисконапонски водови од дистрибутивни мрежи со пратечки далеководни стоблови, трансформаторски станици и помошни објекти  во КО Франгово вон град Општина Струга, нема   да   има  влијание  врз животната средина .

4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на  Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

ОПШТИНСТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

Нацрт – Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животна средина(К.П.2832/69)

Нацрт – Извештај  за Стратегиска оцена на  влијанието врз животна средина за    Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.1-Индустриски сервиси,сервиси за одржување на моторни возила,сервиси за ремонт на шински возила,сервиси за земјоделска и градежна механизација на К.П. 2832/49 и дел од К.П.2832/69 во К.О. Струга општина Струга.

Нацрт – Извештај

Мислење