vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Средба во врска со подготовката на планот за управување со Охридското Езеро.

Во петок во просторите на Општина Охрид се одржа состанок меѓу претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, и стручни лица од Општините на Струга, Охрид и Дебрца во врска со подготовка на план за управување со Охридското Езеро.

На состанокот се дадоа сугестии за изработката на планот со посебен фокус на критичните точки. Планот има за цел обновување и прогласување на Охридското езеро за заштитено подрачје и номинирање во Рамсаровата листа.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

ЈП Проаква интервенира во водоводната мрежа

Денес Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко и директорот на ЈП Проаква Струга, г-дин Jетон Шаќири, после неколку години интервенираа во водоводната мрежа за градот Струга. Со активирањето на новата мрежа ќе имаат корист многу граѓани на Струга и тоа особено жителите на улиците Ристо Крле, Глобочица, ЈНА , Партизанска како и останатите делови од градот.

Вреди да се спомне дека преку оваа инсталација ќе бидат снабдувани со вода населбите Мислешево и Мороишта , но и дека од истата мрежа ќе има корист околу 30% од градот на Струга.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

ВНИМАНИЕ!

Почитувани граѓани,

Поради високите температури, апелираме до сите граѓаните да бидат по внимателни, особено кога станува збор за нашата безбедност. Внимавајте да не користите импровизирани и непрофесионално опремени кабели за електрични инсталации, внимавајте да не ги оставите вклучени електричните  апарати во кујна ,затоа што може да предизвикате пожари и да ја доведите во прашање безбедноста на вашиот имот, имотот на вашите соседи, особено вашата безбедност и на вашите блиски”
Како неопходна мерка за намалување на ризикот од пожар, Територијалната единица на пожарникари Струга апелира до сите граѓани:
– Да не се запалат пожари на отворени места ;
– Да не се  фрла стакло, стаклени шишиња и друг отпадок од стакло;
– Да не се запали отпад и други запаливи материјали;
– Да се внимава да не се фрлат остатоци од запалени цигари
Во спротивност ќе се соочите со санкции предвидени со закон.
Обврска на секој граѓанин во случај на пожар во отворени средини, е да го пријави до надлежните институции во најкраток можен рок.

Во случај на пожар, истиот треба да се пријави во противпожарната служба на 193

 

Работилница со тема: Унапредување на општинското владеење

Денес,во Хотел Мираж се одржа еднодневна работилница во рамките на проектот “Подобрување на локалното владеење”, за презентација на шемата за грантови за Центрите за развој на планските региони.

На работилницата присуствуваа и претставници од општина Струга, каде што разговараа за концептите на три предлог-проекти од Годишната листа на проекти, кои  и се приоритет за 2018 година.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Заврши 27-то издание на Кенге Јехо

Изминатиов викенд во Струга се одржа еден од најзначајните фестивали за градот Струга, фестивал кој со години ги пренесува албанските традиционални и културни вредности. Со појавата на културно уметнички друштва и ансамбли за време на трите ноќи на фестивалот “Кенге Јeхо-Струга 2018” заврши и 27-тото издание на овој традиционален настан.
На 6,7 и 8 јули, со почеток на 20:30 часот на главниот плоштад  на градот , настапија културно уметнички друштва од Елбасан, Корча, Качаник, Тетово и др.

На првата вечер на фестивалот присуствуваше и претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери, кој даде поздравен говор и истакна:

“Оваа година, горд сум и заради фактот што Собранието на Република Македонија е поддржувач на овој културен настан кој што е додадена вредност во летната културна понуда на овој град кој дише и живее со песните, фолклорот и ората кои се универзална цивилизациска категорија, односно се дел од светското културно наследство”.

На крај  на учесниците им се доделија и благодарници за нивниот придонес.

 

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

 

 

 

Средба во Амбасадата на Република Словенија

Претставници од општина Струга и претставници од НПН Проаква Струга  одржаа средба со Амбасадорот на Република Словенија Неговото височество Проф. Др. Милан Јазбец за користење на европските фондови, земајќи ги како пример словенечките искуства како до користење на европските фондови и разгледување на можностите за инвестирање од страна на словенечки компании во Струга.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Општина Струга ги негира неинформираните медиуми

Општина Струга во соработка со ЈП Проаква Струга одлучи да ги санира границите на реката Црн Дрим. Оваа иницијатива ја започна Општина Струга за подобрување и подготовка за туристичка сезона.
Општина Струга ќе стори сe за да ги подобри јавните простори и да се врати во подобра состојба, иако овие граници и многу делови од градот се заборавени веќе четири години.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

Решение за свикување 11 (единаесетата) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е
За свикување 11 (единаесетата) седница на Советот на општина Струга

 Ја свикувам 11 (единаесеттата) седница на Советот на Општина Струга, за 10.07.2018 год. (Вторник) со почеток во 9,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д (more…)

Известување до граѓаните на општина Струга и здружението на пчелари

Се известуваат граѓаните и пчеларите општина Струга дека на подрачјето на општина Струга на 05.07.2018 година (четврток) ќе ce спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Канцеларија за јавни односи
Општина Струга