vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa (10 – 2291)

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 14.05.2018 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

  1.  Зa планска програма за изработка на Детален Урбанистички План  (ДУП) за Блок 23, УЕ 8 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга,  кој  се  носи согласно Законот  за   просторно   планирање,   не  е  потребно да се спроведе стратегиска оцена  на  влијанието  врз  животната  средина  согласно  член  65 од  Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со    формуларите   за  определување на   потребата  од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  се  објавува на веб страната на општина Струга на  www.struga.gov.mk.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната  средина  од  член 65 став (4) од Законот за животна средина и  врз  основа  на  податоците од   Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот  на  одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска  оцена и  на  формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување   на  стратегиска  оцена  донесувањето на  ДУП за Блок 23, УЕ 8 согласно ГУП на град Струга 2007, Општина Струга, нема   да   има  влијание  врз животната средина  од  следните  причини: Планскиот  опфат  е  предвиден со Генералниот Урбанистички План  (ГУП) на општина Струга во населено место.
  4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

Формулар

Бр.10 – 2291
14.05.2018
СТРУГА 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани  граѓани,

Ве известуваме дека почнувајќи  од денес , (вторник ), ќе стапат во акција пајак возилата.

Несоодветното паркирање  е многу чест феномен во градот на Струга, но со мобилизирање на пајак возилата ова ќе се смени.

Мобилизирањето на пајак возилата е со единствена цел да се воспостави  ред во градскиот собраќај.

 

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

Состанок меѓу преставниците на општина Струга и директорите на основните училишта и средните училишта во регионот на Струга

Денес, во просториите на општина Струга, шефот на кабинетот г.Дашмир Насуфи одговорен за секторот за образование заедно со претседателот на општинскиот совет, Ресул Каба одржа информативен состанок со директорите на основните училишта и средните училишта, и со претставниците на образовниот инспекторат.

На средбата се дискутираше за состојбата на училиштата, како и за задачите што треба да сеостварат за да се постигне напредок на образовниот процес за учебната година 2017/2018.

На средбата исто така се дискутираше и за работните места кои се ослободија со пензионирањето на одредени наставници , истите да се надополнат со нов наставен кадар со цел да се спречи нивното заминување од земјата.

Истовремено, треба да се потенцира дека истите наставници пред пензионирање ќе имат средба со г. Дашмир Насуфи.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

Аријета Положани , се именува новата директорка на градинка “8 Maрт“

Почнувајќи од денес, Аријета Положани , професорка по албански јазик , ќе ја преземе улогата на директорка  на градинката „8 Март“ која претходно беше извршена од страна на Мерал Таук.

 

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

„ЈП Комунално“-Струга

„ЈП Комунално“-Струга во соработка со Општината Струга во изминатиот период почнувајќи од 25.06.2018г. спроведе акција за чистење на дивите депонии на територијата на Општината. Покрај комунален отпад од дивите депонии се подигнаа остатоци од стар мебел, градежен шут, суви гранки и пилевина. Со акцијата беа подигнати вкупно 20 метри кубни смет.
Акцијата подигање на сметот од дивите депонии ќе продолжи и во наредниот период со иста динамика.

 

ЈП Комунално

Струга е домаќин на 2. Меѓународен симпозиум за уметност “Струга 2018”

Претставници на општина Струга предводена од шефот на кабинетот д-р. Дашмир Насуфи и претседателот на Советот, г-дин Реџеп Каба присуствуваа на меѓународната ликовна изложба “Струга 2018”, каде што нивните дела беа претставени од уметници од многу земји од светот.

Во овој случај, Општината доби потврда за потврда за дадената поддршка.

Истовремено претставниците на Општина Струга гарантираат дека во иднина нема да престанат да ги поддржуваат уметноста и уметниците.

 

Канцеларија за односи со јавноста,

Општина Струга

Општина Струга ги отстранува педалите од струшкото крајбрежје

Денес градежниот инспектор ги отстрани педалинките од брегот на Струга кои во минатото одземаа невини жртви.  Струга се менува и станува посигурна.

Акцијата ќе продолжи се додека се расчистат сите области околу езерото.

 

Општина Струга ја продолжува акцијата за ослободување на окупираните простории

Денес, по интервенцијата на градежниот инспекторат на патот Маршал Тито, во близина на зелениот пазар е отстранет  објект кој бил граден илегално, и кој што го попречуваше слободното движење на граѓаните.

Исто така денес е отстранет  и  објектот  ЛАВАЖ  на улица ЈНА, кој е исто така изграден спротивно со законот.

Акцијата денес заврши со отстранување на дел од просториите Ванила Плажа во близина на градскиот стадион крај езерото.

Акцијата ќе продолжи и во иднина.

Нови реформи во МЈП “Проаква” – Струга

Нови реформи во МЈП “Проаква” – Струга. Поддржете ја иницијативата за исклучување од мрежата.
Новиот директор г. Јетон Шаќири донесува одлука да ги исклучи сите оние кои не ги платиле своите обврски кон претпријатието.

Денес, понеделник, 11 јуни, МЈП Проаква – Струга ја започна својата дејност која дава ефект и е поздравена од граѓаните. Денешната активност е фокусирана на правни лица, а истата ќе продолжи и утре за физичките лица. Овој активност ќе се одвива транспарентно, а граѓаните ќе добијат информации за сите остварени случување.

Им благодариме на сите оние кои соработуваа во овој процес.

Акцијата продолжува

 

Решение за свикување 10 десетата седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е
За свикување 10 десетата седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 10 (тата) седница на Советот на Општина Струга, за 18.06.2018 год. (Понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д (more…)