vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Градоначалникот на општина Струга, г. Рамис Мерко им честита на Rakometen Klub Struga

Градоначалникот на општина Струга, г. Рамис Мерко им честита на Rakometen Klub Struga – R.K.Struga за квалификувањето во Суперлига.

Со победа од 32-24, РК Струга обезбеди место во елитното ракометно друштво за наредната натпреварувачка сезона, кој после долга пауза од 15 години се враќа во Суперлига.

Во оваа прилика, градоначалникот Мерко им честита за постигнатиот успех истакнувајќи дека општина Струга се чувствува почестена со успехот на овој клуб и додаде дека и во иднина ќе продолжи да го поддржува не само овој клуб, туку и други клубови за да успеат во различни спортски дисциплини.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Министерот Бектеши се сретна со градоначалникот г-дин Рамис Мерко

Во рамки на Македонскиот енергетски форум 2018 година во Струга, денес во општина Струга, градоначалникот на општината г. Рамис Мерко на официјален средба го очекува министерот за економија, г. Крешник Бектеши.

На состанокот се разговараше за моменталната состојба на општина Струга, како и за енергетските политики во земјата. Тој рече дека сме во насока создавање правна рамка која ќе обезбеди основа за безбедна национална и регионална енергетска иднина, со многу заеднички проекти со поддршка на меѓународната заедница.

Таквите состаноци ќе продолжат и во иднина.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Спортски активности

На 5 јуни 2018 година, на ракометното игреалиште на градот Струга се одржaa спортски активности каде учествуваа 85 ученици од трето одделение од различни етнички заедници од основните училишта “Ашим Агуши“, “Климент Охридски“, Јозип Броз Тито“ и Браќа Миладиновци“.

Активностите организирани во рамките на Проектот на УСАИД “Унапредување на социјалната кохезија”, која имаше за цел развивање на интеракција меѓу децата и младите како и да се подигне нивото на интеркултурно образование од децата во градинките и основните училишта.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Соопштение

Општина Струга ве известува дека поднесените барања за безправно изградена објекти поднесени до 2015 и 2016 година имаат рок за доставување на геодетски елаборати до 30 Јуни 2018 година.
Ве молиме во најкратен можен рок комплетиорајте предметите за легализација со соодветните геодетски елаборат овие денови, во спротивно согласност со Законот за бесправно изградени објекти, ќе се донесе Решение за одбивање на барањето.

За подетални информации:
Ерканда Баута – Одделение за правни работи (Канцеларија бр. 30)

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите граѓани на Општина Струга дека “Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост”, врз основа на добиена согласност со бр. 03-24 до датум 31.05.2018 од ОО Сојуз на борци – Струга, ќе се дислоцира на другата страна на патот, односно спротивно од сегашната локација. За дислокација на истата е потребно да се интервенира на темелната стопа на споменикот затоа што е со големи димензии и голема тежина. Истиот споменик, неоштетен и со истите историски вредности ќе се поставува на нова армирано бетонска темелна стопа, во рок од еден месец.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

Средба со Амбасадорката од Јапониа

Денес градоначалникот на општина Струга г.Рамис Мерко ја дочека Амбасадорката на Јапониjа Н.Е. Кеико Ханеда.  На средбата се дискутираше за моменталната состојба во општина Струга и можноста за понатамошна соработка во различни сфери.

Во рамки на посетата на првиот резидентен Амбасадор во Македонија, нејзината екселенција КеикоХанеда го посети и основното училиште  „Св.Климент Охридски“, каде што присуствуваше на церемонијата за успешно реализиран проект за реновирање на училиштето.

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ беше реновирано со помош на Грант програмата за мали проекти на Јапонија – GGP,со доделена materijalna помош во износ од 63.676 евра. Со помош на овие средства се заменија сите стари прозорци и врати во училиштето и се набави систем за противпожарна заштита.

БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ (10-2531/3)

Почитувани,
Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1,член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот  за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 И 39/16,,),ја издава следната

ОБЈАВА
 на нацрт Б-интегрирана еколошка Дозвола

            Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15,129/15,192/2015и 39/16), до  Градоначалникот на општина Струга доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. Бр. 03-1304/1 од 19.10.2009 и 10-1927/1 од 05.05.2016 година

Подносител на барањето:

ДООЕЛ ,,ЗАГРАЧАНИ КОМЕРЦ”

Локација,, БАБУШ,,
Адреса:
с.Заграчани
Струга
КП бр.83 и 93/2

Координати на локацијата на концесиско поле

ТочкаКордината X    Кордината Y

T-1             4.561.890         7. 468.850;

T-2             4.562.250         7.468.780; 

T-3             4.562.250         7.468.840;  

T-4             4.562.100         7.469.070;  

T-5             4.561.950         7.469.250,

T-6             4.561.900         7.469.250

-Површина          P=0.96850км2

Контакт лице:
Несим Рахмани
Тел: 070/212674

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2. Инсталација за ископ, дробење,мелење,сеење, загревање на минерални суровини; и 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите поголем од 50m3.
Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Струга Маршал Тито Б.Б 6330 СТРУГА .
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.
Контакт телефон:  046 781-335
Ве информираме дека Нацрт Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма,  на официјалната web страница на OпштинаСтруга:
www.struga.gov.mk
Со почит,
Општина Струга

Започнаа работите за кружен тек на т.н. место Мостот на Мороишта

Од денеска 25.05.2018 се почнува со Реконструкција на постојна четворокрака крстосница во кружна крстосница помеѓу регионален пат P1201 (Струга-Дебар) и регионален пат P2243 (спој со регионален пат P1201-с. Драслајца) или на т.н. место “МОСТОТ НА МОРОИШТА” во општина Струга.

Овој проект се финансира од страна на Општина Струга и изнесува околу 7.7 милион денари.  Oваа инвестиција ќе ја олесни сообраќајот кон поврзаноста на градот Струга со селата околу неа како и избегнување на сообраќајни метеж во ова крстосница.

Канцеларија за односи со јавност,

Општина Струга

Градоначалник на општина Струга г. Рамис Мерко им честита матурантите

Почитувани матуранти,

Завршувањето на средното образование е многу важен момент за Вас и за сите граѓани. Преминувањето  од адолесценција во фаза на мудрост е многу важен чин. На секое општество му е потребна добро образована и прогресивна младина.
Од срце му посакувам на секој од Вас  да ја избере вистинската насока  за себе, семејството и заедницата. Исто така, се надевам дека секој од Вас утре ќе го продолжи своето патување, бидејќи на овој начин се гарантира светла иднина за себе и за општеството.

Во името на општина Струга, од срце Ви посакувам успех.

Д-р Рамис Мерко